Кривичен Законик
Член 35
1. Затворот не може да биде пократок од 30 дена, ниту подолг од 15 години. За кривичните дела за кои е пропишана и казна доживотен затвор, може да се изрече казна затвор од 20 години.
Толкување - За кривични дела за кои е пропишан доживотен затвор (ДОЖИВОТЕН затвор) НАМЕСТО доживотниот затвор, зависно од околностите, МОЖЕ да се изрече казна од МИНИМУМ 20 години.
Значи, ако наидете на некој член од законот (види кај дела против животот - убиство на пример) кај што пишува дека е предвидена казна доживотен затвор, ако на пример се работи за некој ептен млад, без криминално досие и слично, може НАМЕСТО доживотен затвор судијата да се смилува и да му одреди казна од 20 години (ама не и помалце!).
Заклучок - казна доживотен затвор (да скапеш во затвор до крај на живот, не 20 години) ПОСТОИ и до сега Е ИЗРЕЧЕНА неколку пати. Меѓу другото, оние психопатите што силуваа старци добија доживотен затвор.
Дури и да не ми верувате едно е сигурно - Законикот го праел сигурно некој многу попаметен од мене и од вас, и секој член е пишуван со големо внимание и секој збор има значење. Сигурно нема да напраат таква банално ступидна грешка за доживотниот затвор да го изедначат со казна затвор од 20 години.
Ако и после ова не ми верувате, и сметате дека сум глупа и не знам ништо, најсериозно ве молам пред да пробате да ме негирате следниот пат да прашате некој компетентен од областа на кривичното право, ќе видите дека сум во право. Во спротивно ве молам не пишувајте за доживотниот затвор во Македонија.