Сметате ли дека државата треба да ги забрани окултистичките организации со закон?

Статус
Затворена за нови мислења.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
Фанатзијата си е фантазија, небитно на што или кого се однесува.

Туку, не ми пиша за она шо те прашав: како разликуваш фантазија од реалност?
Ти ме праша „на кој начин можеш да ја потврдиш Телемската фантазија како реализација?
Како разликуваш фантазирање од реалност?“

Јас ти одговорив дека на човек што припаѓа на стариот еон немам потреба да му одговорам... дури и за овој муабет нема потреба. :)

Има одговор, нема потреба ти да го знаеш... езотерија, што да правиш ;)

П.С. Темата е дали државата треба и може да ти го чува христијанството бидејќи луѓето очајно бараат други верувања, други учења, други патишта за подобрување на себе си, како да се сопре новиот еон...
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Црквата не е човечка творба, не е од овој Свет и не е за овој Свет. Црквата не е фирма која произведува, тргува или врши услуги или дели совети од економска или друга природа па не ни може да биде „фирма„.
З‘ш да не ми се зборува, кога редоновно купувам календарчиња? И јас плаќам за службите од моите парохиски свештеници па не се жалам.
Мики велиш купуваш календарчиња, а црквата не била фирма кој тргува. Логика?

Иначе, колку луѓе знаеш лично? Пар десетици, така? И од нив извлекуваш приватна статистика за 98% атеисти?

А бе оди бегај...
.
Да, само пар десетици знам пошто сум четврто одделение и само другарчињата од класот ги познавам. Тоа што црквите ви се полни за Велигден и остали големи празници е само оптичка варка, единствено бабите одат искрено в црква, другите сите одат од страв од натприродното и пуста традиција. Не знам дали имате направено истражување помеѓу младите за нивното мислење за вас, ама сигурно ќе добиете поразителни резултати.

П.С. Не зборувам за атеисти, туку за луѓе кои немаат верба во црквата и свештенството.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
Јас реков дека ти не заслужуваш одговор како следбеник на Богот од стариот еон и неговите црни ритуали, а не дека прашањето не заслужува одговор.
И секој друг што упорно проповеда дека човекот е грешен и далеку од божественото не заслужува одговор...
Едноставно е... не ме разбираш нели?

Додека политиката на Р.М. содржи фрази како „библиска земја“, ќе ви се е** мамето уште долго време гледајќи ја државата измешана со религија, старо-еонска религија.
И што да правиме ние сега?

Тоа уште повеќе дава одговор дека државата не смее да забранува едно учење заради една религија која се чувствува загрозена од тие учења.
Посебно религија која се околу нејзе гледа сатанизам (собран од нивното учење) ако не е според нивното.

П.С. И ти да не испраќаш петиција до Уставен суд да се забрани се и сешто во Р.М. заедно со побратимот @Aleksandar Nevski и неговите налудничави старо-еонски идеи?
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
Дали ти го подржуваш @aleksadar Nevski за поднесување барање до промена на Уставот во Р.М. бидејќи постојат учења во светот кои не одат рака под рака со неговата старо-еонска религија?

Дали ти мислиш дека државата треба да забранува било какви учења и верувања кои не се православни?

Сето друго од твоја страна е тролање.

Реков: одговор не добиваш. Премногу си грешен. За Телема имаш книги, да си ги набавиш и да потрошиш време да научиш нешто поеќе, не вака - заради омраза да глаголаш како ќе ти текне во умот, не сме на собир на православни кои мразат сешто.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
Темата замина јабана со офтопик препукувања на едни та исти ликови... ни држава ниту закон, ниту забрани ниту ништо... :)
Ајде од почеток... :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
..........................
Не сум ни пророк ни прост, само одлично ги познавам законите на Македонија, и знам дека нема апсолутно никаква законска, правна ниту уставна можност да забраниш некому да се здружува и организира на идеолошка основа, доколку не ги загрозува законите и уставот на земјата. А ниедна од окултните заедници во земјава не ги загрозува законите. Што значи немаш основа да бараш забрана.
 
Последно уредено од модератор:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
@Ipsissimus ти ништо не знаеш... :)
Да беше масон... друго ќе беше вака @Aleksandar Nevski сите организации кои ги изучуваат и истражуваат езотериските науки ќе ги забрани во државата. За 5 минути и тоа... да го слушне МПЦ ќе го ничкоса.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Значи не ги познаваш одлично работите. Закони се прават за 5 мин ако имаш врски (а очигледно ја ги имам).
Типичен бедник. Отвотено признаваш дека си спремен да манипулираш и лажеш за да ги оствариш своите мизерни замисли.

Устав на РМ:

Член 20

На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.

P.S. Незнам дали воопшто си свесен каква глупост истресе. За да го смениш уставниот поредок на државата, и господ лично да ти ургира, нема да ти помогне.
Стварно понекогаш мислам дека не е можно да си до оваа мерка глуп и дека тролаш....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.194
Поени од реакции
12.173
@Ipsissimus многу се заморуваш со глупости :)
Му веруваш на @Aleksandar Nevski? Па тој до вчера беше масон и ги напушти масоните за да сега ги разобличи и да ги забрани во Р.М., шо ти е :)

А нели еднаш масон, засекогаш масон... многу се опасни ако ги напуштиш! Така вели овој...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Устав на РМ:
Член 20

На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.
Кон подвлеченото; како успеа да ја препознаеш токму Телемата во подвлечениот текст?

По таа логика, било кое здружение, по било кој основ, може да рече дека има „...уставно право...„ на здружување. На пример,. органзираниот криминал (мафијата) може лесно да се препознае, по твојов пример, и сосема легално (!!!) да се регистира како здружение кое има „...право...„ да чини што му е волја, во случајов, огранизиран криминал, со сите негови последици.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Кон подвлеченото; како успеа да ја препознаеш токму Телемата во подвлечениот текст?

По таа логика, било кое здружение, по било кој основ, може да рече дека има „...уставно право...„ на здружување. На пример,. органзираниот криминал (мафијата) може лесно да се препознае, по твојов пример, и сосема легално (!!!) да се регистира како здружение кое има „...право...„ да чини што му е волја, во случајов, огранизиран криминал, со сите негови последици.
Во продолжение на член 20 јасно е нагласено - доколку тоа уверување не ги повредува законите на државата, а јас исто така јасно нагласив дека:
ниедна од окултните заедници во земјава не ги загрозува законите. Што значи немаш основа да бараш забрана.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Кон подвлеченото; како успеа да ја препознаеш токму Телемата во подвлечениот текст?

По таа логика, било кое здружение, по било кој основ, може да рече дека има „...уставно право...„ на здружување. На пример,. органзираниот криминал (мафијата) може лесно да се препознае, по твојов пример, и сосема легално (!!!) да се регистира како здружение кое има „...право...„ да чини што му е волја, во случајов, огранизиран криминал, со сите негови последици.
Абе момче кога е можно да се создаде здружение на граѓани пример како една навивачка група да се регистрира во општината истата пак која создава нереди на фудбалските терени и низ сред центар зошто да не може и други права и уверувања. [DOUBLEPOST=1467406101][/DOUBLEPOST]Абе момче младо, доколку било кое окултистичко здружение не беше во согласност со законот на Р.М дали воопшто ќе се дозволеше печатење на книги, дали досега ќе постоеја тие редови како такви?! Абе не логичен глуп човек, ме нервира оваа твоја отапавеност... што ќе правиме со тебе човек? :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе момче кога е можно да се создаде здружение на граѓани пример како една навивачка група да се регистрира во општината истата пак која создава нереди на фудбалските терени и низ сред центар зошто да не може и други права и уверувања.
Не е момче, може татко да ти биде. Буквално.
Инаку за постов негов. Очигледно е дека упорно го игнорира тоа што му е безброј пати нагласено - Дека прави што ти е волја незначи прави што ќе ти текне, и дека тоа во никој случај неможе да се примени во организаран или било каков друг криминал. Исто така, Телемата не е организација, ОТО е. А во еден од условите за членство, достапни на официјалната и јавна веб страна стои дека кандидатот не смее да има конфликт со законите на државата. Секој што бил осудуван, нема да биде инициран. Но Мики тоа упорно го премолчува и упорно и подмолно се обидува да ја изврти сликата за Редот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Уште еден член од Уставот што докажува дека забрани од ваков вид се невозможни во Македонија:

Член 54

Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom