Слушни музика, види слика, добиј книга

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Утрински весник напиша:
А сега уметност...!“ е насловот на мултимедијалниот спектакл кој во себе ги соединува музиката, сликарството и литературата и кој ќе се случи вечерта на 12 јуни на градскиот плоштад „Македонија“. Станува збор за заеднички проект на Културно-информативниот центар, Македонската филхармонија и книгоиздателството „Табернакул“
Поентата е, речиси годинешните заложби на овие три институции, да се спојат уметностите за што поголема популаризација на “убавите нешта“ во општеството.

Интересно е што филхармонија ангажира диџеи (Кристијан Смир, Џон Селвеј), Мирослав Масин ќе слика, а Табернакул ќе раздаде 20 илјади примероци од Canone Inverso на Мауренсиг.

Кул, јас дури и не сум ангажиран, па морам да одам да видам како тоа Филхармонија ќе се спои со електро диџеи... :vozbud:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Феноменална манифестација, и прва од овој тип.
Време е малце и филхармонијта и сликарството и литературата да излезат од затворените свои кругови и да се доближат, на ваков начин, до сите.

Уште и ако Масин дрмне некоја чашка поише пред да почне со сликањето, биче спектакл, indeed:vozbud:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.401
Бев... У погрешно време... Дојдов малце подоцна кога почнаа со техното (после Баба Зумбула). Лошо неакако ми беше озвучувањето - басот ептен маваше у психа. Иначе добро е... Мислам треба почесто да се прават ваквите манифестации. И не само филмска музика туку и од познатите концертни дела...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Неверојатно но вистинито... слики на мрежата од настанот... НЕМА. Тое а :toe:

Инаку, изненадувачки за мене, плоштад беше полн, само што јас очекував нешто далеку по спектакуларно за моите уши. Иако филхармонија на плоштад само по себе е чудно и интересно, диџеите џабе беа таму. Масин мислам дека уживаше комплетно, бидејќи јас ретко сум видел човек кој слика да има повеќе публика од фудбалски натпревар. :) Книгите отидоа како алвам уште да ги прочитаат сите оние кои ги земаа... супер.
 
rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Под мотото „Види музика, слушни слика, добиј книга“, на 18 јуни во четврток Македонската филхармонија ќе го одржи традиционалниот мултимедијален концерт „А сега -уметност“ на плоштадот „Македонија“. Овој проект на Македонската филхармонија и Културно-информативниот центар од Скопје првпат е одржан минатата година. Лани со оркестарот настапија двајца ди-џеи - Кристијан Смит и Џон Селвеј. Додека траеше концертот, сликарот Мирослав Масин сликаше на големо платно, а на публиката и беше подарена книгата „Канон Инверсо“ во издание на „Табернакул“.

Оваа година ликовен перформанс ќе изведат Симонида Филипова-Китановска и Нехат Бекири, на публиката ќе и биде подарена книгата „Новела за сонот“ од Артур Шницлер, а Македонската филхармонија ќе изведе неаполитански арии, „Приказна од западната страна“ на Бернштајн, композиции од Дјук Елингтон и Росини. Со оркестарот ќе диригира Доријан Вилсон од САД, а како солисти ќе настапат Благој Нацоски и Ана Дурловски.

Ликовниот перформанс ќе има и интерактивна димензија.
- Публиката ќе може директно да учествува во работата на Бекири. Сите оние кои имаа желба да сликаат, Бекири ќе ги покани да се качат на сцената и заедно со него да го отпочнат сликањето на големото платно. Тој вели дека токму енергијата на публиката ќе го води кон создавањето на делото - вели Златко Стевковски, директор на КИЦ.

Вакви мултимедијални проекти се традиција во сите светски метрополи.
Симбиозата на уметностите, испреплетени во еден заеднички проект е основно кредо на овој мултимедијален настан.

- Поврзувањето на звукот, сликата и пишаниот збор, обединувањето на различните видови уметност, кои функционираат посебно, но во исто време имаат нераскинлива, каузална, меѓусебна поврзаност - тоа се параметрите од кои се водевме кога го конципиравме овој проект. Втор важен аспект кој нé поттикна е приближувањето на уметноста до граѓаните. Не случајно го одбравме слоганот: „Види музика – слушни слика - добиј книга“. Сакавме класичната музика да се доживее непосредно, да се види и активно да се учествува во творечкиот процес при настанувањето на ликовното дело. Сакаме да се вратиме наназад во историјата кон зачетоците на античкиот театар и меѓусебната интеракција и синкретизмот во уметноста. Кон средновековната „комедија дел арте“ кога уметност и уметниците биле онаму каде што се и луѓето - на панаѓурите, пазарите, плоштадите - вели Стевковски.

- Животот денес е толку динамичен што луѓето постојано имаат потреба да им се сервира нешто ново, нешто спектакуларно. Секојдневното бомбардирање со информации од ТВ, интернет е навистина премногу изразено, па така и човечката перцепција налага и бара разновидност. Од друга страна пак, глобализацијата на светот ги руши сите бариери, тоа се чувствува и во уметностите. Ако порано постоеја строги правила како се пишува музика, сега единствено правило е дека нема правила - вели Чаначевиќ.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Неверојатно но вистинито... слики на мрежата од настанот... НЕМА. Тое а :toe:

Инаку, изненадувачки за мене, плоштад беше полн, само што јас очекував нешто далеку по спектакуларно за моите уши. Иако филхармонија на плоштад само по себе е чудно и интересно, диџеите џабе беа таму. Масин мислам дека уживаше комплетно, бидејќи јас ретко сум видел човек кој слика да има повеќе публика од фудбалски натпревар. :) Книгите отидоа како алвам уште да ги прочитаат сите оние кои ги земаа... супер.
Иако ова е впечаток стар безмалку една година, сепак ќе прокоментирам...

Мојата импресија беше малце другачија...Прво, за настан од тој тип, имаше очајно малку луѓе. Можеби на почетокот имаше љубопитна публика, која брзо-брзо се разретчи и на крај бевме двајца без тројца (зборам у однос на конкретниот простор).
Што, да си признаеме, не е многу ласкав момент за опис на нашите, т.е македонските, културни/естетски потреби и познавања.

Шо се тиче филхармонијата...Типот на нумерите кои ги исполнуваше филхармонијата, односно филмски/популарни теми, е спектакуларно и сензационално само по себе.(јас буквално се ежев и ми идеа солзи на очи од убавина) Кога на тоа ќе го додадеш и фактот дека имаш процес на создавање ликовно дело претставен пред публика и гратис книга како врв на све тоа...онда добиваш настан кој е спектакуларен, indeed.

Се на се, сериозен труд, па и материјални средства се уложени у настанов, а притоа е стварно нешто уникатно и естетски/визуелно вредно, па ланската посетеност беше пораз за све тоа.

Инаку, ќе одам и оваа година и искрено се надевам дека интересот ќе биде поголем. А, и да не е, знам дека неизмерно ќе уживам.
Плус, има да се качам на сцена со Бекири и да сликам со него, па шо сака нека е :pipi:

П.С
Колку што приметив, при крајот на хепенингот имаше уше приличен број на неподелени книги. Така беше, или сум грешка?
 
1. Културен настан е... нашиот народ баш и не е културен. Затоа јас воопшто не сум изненаден. Добро беше минатата година што профилот на луѓе кој го видов таму ми се допадна. Нормално, голем број и падобранци кои прв пат гледаат оркестар во живот... сепак, поважно ми беше што многу убави луѓе имаше, вистински убави.

2. Грешка си, книгите ги разграбаа гагаџии само што ги поставија... Најсмешна беше една ситуација која ја видов, четири члено семејство, зема четири книги. :toe: Демек, толку многу ги интересира што не можат да се договорат кој прв да чита, па земаат четири. Као сирење да се делеше...
Али од друга страна, It`s all good, барем 10 страни да прочитале, ќар сме сите. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

Да, ама можеби сакале барем две од тие четири книги да поклонат на некој кој не присуствувал на настанот. Од кај знаеш? :)))

И да се гагаџии, важно пројавиле интерес кон книгата. Можеби некогаш и ќе ја прочитаат.
 
Сите сме у ќар да... тоа се сложувам. Беше некој вчера, ја заспав у осум. :kesa:
 
Х

Ханзо

Гостин
А што книга беше? Или сите беа рандом...
Новела за сонот од Артур Шницлер. На корицата пишале „Бесплатен примерок“, социјалка. :pos:
Цел настан беше супер, само чудно ми падна што се собра толку народ. Може е до оној магнет keyword од рекламите - бесплатно [што и да е, во случајов книга]. Сигурно не беа сите за музиката дојдени. :)
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Многу ти е јак резонот Арти (за тоа зосто дошле толку посетители на концертот)... многу!

Има ли некој фотографии од концертот? На нашиве портали очајно малку!
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
За жал не отидов годинава, али од тоа шо го дознав било преполно.
И не е битно дали дошле само заради моментот "бесплатно"...и тоа да е мотивот, ипак у секој од посетителите ќе остане нешто вредно од тој настан, ќе се всади некоја мала искра за почитување на естетското.

Ептен, ептен ми е мило за посетеноста. Такво нешо глеаме обично само за политички митинзи и концерти на Цеца.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom