За да ги критикуваш оние кои гласале за Заев (факт е дека луѓето гласаа против вмро, а не за сдсм), прво треба да видиш каква политичка опција поддржуваш.
Општо, во темава има неколку папагали кои цело време истово го повторуваат. Вие сте повеќе за грев бе дечко, демек прекрасна беше претходната власт и не заслужи смена? Зарем пак требаше да гласаат(ме) за најголемите лопови некогаш? Народот имаше некаква надеж дека нешто ќе се смени со нова власт, но како и порано, не добивме ништо подобро. После ова и оние кои малку имаа надеж дека ќе се оправиме кренаа раце од државата и верувам дека на наредни избори ќе има најмала излезеност, а самиот одговор на младите дека само 8% би останале во државава, ни кажува каков пустош ќе остане овде во иднина. Веќе никаков национализам не пали кај младите, ниту кај нас, ниту кај албанците.
Не знам каде живееш, ама да го пратиш скопското подземје, добро ќе знаеше какви односи имаат со човекот кој беше бог и батина во претходната власт. Факт е дека и сдс и вмро се врзани со албанските мафиози и си имаат делби на бизниси. Вика Заев се сликал со сите нив, ти дечко да знаеш какви бизниси вртеа претходниците со нив, ќе ти биде срам да се логираш на форумов. Тие направени пари не се од поштено работење.
Ќе ти дадам типичен пример, вмро заедно со дуи си го поделија земјиштето во еден куп населби. Ние имавме парцела во населба која сега е етнички албанска. Твоите миленици со другарчињата од дуи, сите парцели ги префрлиле на име на некој шкон од некое село, што којзнае дали постои. Наводно нашите дедовци му го продале имотот во 70-тите, а да биде иронијата поголема, за дел од имотот Југославија ни дала станови, бидејќи со урбанистичкиот план испланирале згради во тој дел. Во катастар никој не сака ни да ти погледне документација, за на крај да ни потврдат дека али и сашко си поделиле парцели и целата документација исчезнала при селењето.
Ова е банална работа во споредба со сите работи кои ги направи партијата која беше најалбанска од сите македонски партии, патриотите од вмро.
Сдс им даде јазил, јака муда, овие го убија духот на сите македонски млади движења, почнувајќи од навивачките групи.
Смилковско езеро и Диво Насеље се дела на твојот миленик од претходната гарнитура, заедно со другарчето али. Судството нема да им суди, затоа што дуи владеат со нашиве мисири, ама господ ќе им врати на најмилите, се да им ебам.
Имаш секакво право да коментираш непромислени потези на оваа власт, очајно владеат досега, крадат колку и претходниците, единствено што народот се охрабри и има муда да критикува и притоа да помине неказнето. Во минатата власт, ќе не спакуваа како куфер (освен во последните години кога се знаеше дека паѓаат). Ама, да се исмеваш зошто луѓето гласале за Заев и да викаш дека порано било поарно, треба да се преиспиташ.