Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Ако се десеше пред 15 години друга песна ќе пееше.Замисли само Љубчо да го потпишеше договоров какви омаловажувања и просеравања ќе имаше ќе имаше,пошто нели бугарофил.Арно ама имало поголеми бугарофили и од него,тоа е факт. И сега наеднаш преку ноќ не ви пречи се е ок!?:cautious:Лицемерие,страшно лицемерие.
Иако мислам дека на партиjа со скратенката ВМРО во името некако повеќе личеше да го заврши историскиот потег за договор со Бугарите накраj СДСМ jа искористи приликата, нормално, во склоп на поволни околности кои порано едноставно ги немаше во голема мера заради политиката на Никола Груевски. Така да на тоа може да се гледа како на дел од поширок план за санирање на штети намерно предизвикани од предходниот режим. Инаку бидеjќи сум партиски неопределен за мене и не е толку битно коj всушност фактички jа тера правилната агенда. Љубчо навистина лесно го замислувам како удира потпис на договорот среде Софиjа сложуваjќи се дека неговите предлози во однос на некои клучни прашања за земjата се покажаа визионерски.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Горните две реченици се најголемата причина зошто Македонија е таму каде што е денес.
Се сложувам, Македонија е таму каде што е затоа што секогаш гласаме против, а не за.
Тоа е така затоа што каде што има сила, таму нема правдина, а таков е случајот со Македонија. Тука не останаа ни млади луѓе, ниту луѓето кои се овде имаат моќ нешто да променат, затоа што властите со еден потег ќе го решат целиот бунт.
Останува на милост и немилост на партиите и се надеваме дека странски фактор ќе ги притисне за да ја оправат малку економијата.
Луѓето кои гласаа за смена на вмро, вклучувајќи ме и мене, потајно се надевавме дека притисокот над сдс од страна ќе биде голем, бидејќи држава во форма како денешнава нема шанси да влезе во ЕУ. Партиите не се плашат од народот, се плашат од странските политичари на кои им се марионети.
Сепак, во првиве години од власта направија каша попара, се пазареа со тие кои беа претходно на власт, се насочија кон влез во нато не гледајќи што се жртвуваат, а економијата ја ја ставија на последно место. И што да правиме кога сме свесни дека ниту една партија нема да ги задоволи нашите очекувања? Што да се прави кога нема трета опција?

Во секој случај, разликата е што неутралците кои ги решаваат изборите размислуваат критички во секој момент. Ги критикуваме и едните и другите кога заслужиле.
Врз која основа изградиле став тие кои слепо гласаат за една партија? За мене таквите се за жалење.

На крај, најсмешна ми е споредбата за тоа како функционирале партиите пред 20 години. Демек ти не памтиш што ни направи сдс авремето. Сегашното сдс нема допирна точка со тоа што било во 90тите. Исто како што вмро на Љупчо, нема допирна точка до минатата власт.

За крај, пола претходно вмро ви беа функционери кои доаѓаа од комунистичка идеологија, зошто сте ги гласале?[DOUBLEPOST=1552823409][/DOUBLEPOST]
Која населба? Чаир?
Нерези.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
За да ги критикуваш оние кои гласале за Заев (факт е дека луѓето гласаа против вмро, а не за сдсм), прво треба да видиш каква политичка опција поддржуваш.
Општо, во темава има неколку папагали кои цело време истово го повторуваат. Вие сте повеќе за грев бе дечко, демек прекрасна беше претходната власт и не заслужи смена? Зарем пак требаше да гласаат(ме) за најголемите лопови некогаш? Народот имаше некаква надеж дека нешто ќе се смени со нова власт, но како и порано, не добивме ништо подобро. После ова и оние кои малку имаа надеж дека ќе се оправиме кренаа раце од државата и верувам дека на наредни избори ќе има најмала излезеност, а самиот одговор на младите дека само 8% би останале во државава, ни кажува каков пустош ќе остане овде во иднина. Веќе никаков национализам не пали кај младите, ниту кај нас, ниту кај албанците.
Не знам каде живееш, ама да го пратиш скопското подземје, добро ќе знаеше какви односи имаат со човекот кој беше бог и батина во претходната власт. Факт е дека и сдс и вмро се врзани со албанските мафиози и си имаат делби на бизниси. Вика Заев се сликал со сите нив, ти дечко да знаеш какви бизниси вртеа претходниците со нив, ќе ти биде срам да се логираш на форумов. Тие направени пари не се од поштено работење.
Ќе ти дадам типичен пример, вмро заедно со дуи си го поделија земјиштето во еден куп населби. Ние имавме парцела во населба која сега е етнички албанска. Твоите миленици со другарчињата од дуи, сите парцели ги префрлиле на име на некој шкон од некое село, што којзнае дали постои. Наводно нашите дедовци му го продале имотот во 70-тите, а да биде иронијата поголема, за дел од имотот Југославија ни дала станови, бидејќи со урбанистичкиот план испланирале згради во тој дел. Во катастар никој не сака ни да ти погледне документација, за на крај да ни потврдат дека али и сашко си поделиле парцели и целата документација исчезнала при селењето.
Ова е банална работа во споредба со сите работи кои ги направи партијата која беше најалбанска од сите македонски партии, патриотите од вмро.
Сдс им даде јазил, јака муда, овие го убија духот на сите македонски млади движења, почнувајќи од навивачките групи.

Смилковско езеро и Диво Насеље се дела на твојот миленик од претходната гарнитура, заедно со другарчето али. Судството нема да им суди, затоа што дуи владеат со нашиве мисири, ама господ ќе им врати на најмилите, се да им ебам.

Имаш секакво право да коментираш непромислени потези на оваа власт, очајно владеат досега, крадат колку и претходниците, единствено што народот се охрабри и има муда да критикува и притоа да помине неказнето. Во минатата власт, ќе не спакуваа како куфер (освен во последните години кога се знаеше дека паѓаат). Ама, да се исмеваш зошто луѓето гласале за Заев и да викаш дека порано било поарно, треба да се преиспиташ.
Интересно е што, ако се вратиш наназад 3 години во темава, едно 70% од дискусијата е копи-пејст на сегашната, само што оди во обратна насока и други членови учествуваа.
Сендвичите сега се северџани, неизбањатата, нецивилизирана багра што штити криминалци, се сега одродени предавници на нацијата, кои штитат криминалци. Сите политички партии се лоши, ама едната од нив е некако многу полоша и на неа ќе се фокусираме. :)

Нормално, никој не е член или симпатизер на партија.
Полна е темава со политички агитатори, кои наводно немаат никаква агенда.
Не дека е нешто чудно, имајќи во предвид во што се претворија Фејсбук и Твитер кај нас, кои се буквално отров.
Со оглед на тоа колку се доминантни партиите во македонското општество, човек би очекувал дека барем креирањето на јавното мислење ќе им биде малку попрофесионално. Ама џабе, и во виртуелниот свет само со селски трикови знаат да оперираат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.159
Поени од реакции
25.650
Во секој случај, разликата е што неутралците кои ги решаваат изборите размислуваат критички во секој момент. Ги критикуваме и едните и другите кога заслужиле.
Ако вие ги решавате изборите, ваша е и одговорноста за последиците. Не може ти да решаваш, а некој друг да е одговорен за тоа што си го одлучил. Значи Македонија денес е таму каде што е заради вас.

Тоа што сте се надевале дека некој странец ќе ги стави вашите интереси пред интересите на неговата држава не е проблем на тие што не го очекувале тоа.
Врз која основа изградиле став тие кои слепо гласаат за една партија? За мене таквите се за жалење.

На крај, најсмешна ми е споредбата за тоа како функционирале партиите пред 20 години. Демек ти не памтиш што ни направи сдс авремето. Сегашното сдс нема допирна точка со тоа што било во 90тите. Исто како што вмро на Љупчо, нема допирна точка до минатата власт..
Врз основа на непростување на долг. И не, не се сменети партите. Денешното СДС се децата на СДС од 90тите. ВМРО на Груевски бевме наредната генерација од тоа ВМРО на Љубчо.
За крај, пола претходно вмро ви беа функционери кои доаѓаа од комунистичка идеологија, зошто сте ги гласале?
Ќе треба да ги наброиш со име и презиме, па ќе можам да ти кажам зошто сум ги гласал или не. На пример, Иванов не го гласав, од тие причини. Силјановска нема да ја гласам од истите, Мицковски и Александар нема да ги гласам се додека се одлепуваат од предходното владеење на ВМРО, наместо да го бранат. Без разлика колку не го сакам Заев.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
И што да правиме кога сме свесни дека ниту една партија нема да ги задоволи нашите очекувања? Што да се прави кога нема трета опција?
Па и во таква околност, имам ( и ти имаш....) избор:
- не излегувам на гласање и/или,
- се пакувам и не се враќам во оваа вукојебина.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Откако ја завршија работата со Македонија,се преселија случувањата малку погоре па сеа во дневна имаше пуштено некој од српскиве канали и слушаш коментари:Како ги тепале граѓаните,имало режим,барале демократија,слобода на говор,аналитичари целата слика од тука се сели кај нив.
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.793
Поени од реакции
29.280
Се сложувам, Македонија е таму каде што е затоа што секогаш гласаме против, а не за.
Тоа е така затоа што каде што има сила, таму нема правдина, а таков е случајот со Македонија. Тука не останаа ни млади луѓе, ниту луѓето кои се овде имаат моќ нешто да променат, затоа што властите со еден потег ќе го решат целиот бунт.
Останува на милост и немилост на партиите и се надеваме дека странски фактор ќе ги притисне за да ја оправат малку економијата.
Луѓето кои гласаа за смена на вмро, вклучувајќи ме и мене, потајно се надевавме дека притисокот над сдс од страна ќе биде голем, бидејќи држава во форма како денешнава нема шанси да влезе во ЕУ. Партиите не се плашат од народот, се плашат од странските политичари на кои им се марионети.
Сепак, во првиве години од власта направија каша попара, се пазареа со тие кои беа претходно на власт, се насочија кон влез во нато не гледајќи што се жртвуваат, а економијата ја ја ставија на последно место. И што да правиме кога сме свесни дека ниту една партија нема да ги задоволи нашите очекувања? Што да се прави кога нема трета опција?

Во секој случај, разликата е што неутралците кои ги решаваат изборите размислуваат критички во секој момент. Ги критикуваме и едните и другите кога заслужиле.
Врз која основа изградиле став тие кои слепо гласаат за една партија? За мене таквите се за жалење.

На крај, најсмешна ми е споредбата за тоа како функционирале партиите пред 20 години. Демек ти не памтиш што ни направи сдс авремето. Сегашното сдс нема допирна точка со тоа што било во 90тите. Исто како што вмро на Љупчо, нема допирна точка до минатата власт.

За крај, пола претходно вмро ви беа функционери кои доаѓаа од комунистичка идеологија, зошто сте ги гласале?[DOUBLEPOST=1552823409][/DOUBLEPOST]
Нерези.
,,,imash grizha na sovest shto si glasal toa shto si glasal,,,
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Колт не се ставај во множина(ние гласавме , неутралците) ..не .Вие сте тие шо гледате помалку од слепите , зар не гледавте од перверзните митинзи (пред да почнат со фарбања) на црпнатиот каде имаше повече лгбт знамиња и џихадисти и од нив очекувавте промени.
На шо дроги сте биле?

Ако си гласал , ти си крив ,..и тоа ќе те гони додека си жив.Џабе тешење со тоа .".ама ние неутралните сакавме промени" , НЕ , "неутралните не гласаа за менталниов па крај на свет да е" (ако се ставам у исти самоодбрана и теѓење као тебе)


Исти кур сте као мороноти у паметот - кои го трнаа гадафи и другите у северна африка за да донесат 100 црпнати оџи со исис идеологија.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.646
Откако ја завршија работата со Македонија,се преселија случувањата малку погоре па сеа во дневна имаше пуштено некој од српскиве канали и слушаш коментари:Како ги тепале граѓаните,имало режим,барале демократија,слобода на говор,аналитичари целата слика од тука се сели кај нив.
Copy - Paste ситуација... мислам дека и Србија ќе сакаат да ја пикнат со сила во НАТО исто како со нас што направија.

Инаку во контекст на ова погоре што е пишувано, само будала со 2 грама памет можеше да помисли дека Заев ќе донесе некакви промени во државата. Човекот уште во времето на Груки му извадија црно на бело видео материјали за тоа каков сељак е, што со јадењето живи луѓе, што со еврата за Вицето, што со неговото апсење таму негде 2008/09 година. За разлика од многумина, не ме прелажа ниту "борбата за правда" на Шарената Револуција, ниту "независноста" на СЈО (настрана Ленче :backa:), и од денешен аспект со право сум ги чкртнал ливчињата на последните 2 изборни процеса (не се важи овде Референдумот).

Јас ги сфаќам некои да биле понесени од падот на режимот, и можеби се излажале да гласаат за Муртињо, па потоа се покајале... али оние што свесно гласале за Муртињо, и после 2 години од неговото катастрофално владеење да излезат и да му гласаат на Референдум за промена на име и идентитет... е тие не ги можам, греота ќе испадне Сендвичарите на Груки да ги споредиш со Северxhаните . Посебна сорта се Северxhаните... ми пишуваат дека во име на демократското право и иднината на земјата излегле да гласаат на Референдумот за промена на име и идентитет.... Едноставно гомна се Северxhаните, напикани во газот на Муртињо кои незнаат да видат подалеку од нивниот нос, а се прават европски граѓани.

Настрана настаниве во Србија, и што се дешава таму со Вучиќ и опозицијата... мене ми е многу интересно како реагираат Северxhаните/Шарените на овие протести кај нашиов сосед. Пред некоја ден ликуваа зошто го затворија Чавков ради тоа што полицијата под негова капа не реагирала на време на 27 април, а од друга страна ја осудуваат прекумерната сила што ја покажаа полицајците синоќа во Србија кога ги здробија од ќотек протестирачите на опозицијата. Неможеш да им најдеш НЗС на Северxhаниве наши
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Додуша, да бидеме искрени, и подржувачите на силеџиите од 27 април сега паѓаат во занес од тоа како Вучиќ ја одбранил власта,добро, разликата е што Вучиќ е легално избрана власт, а во нашава ситација имавме техничка влада и избран спикер на Собрание под „несекојдевни“ околности.
 
Член од
25 декември 2018
Мислења
541
Поени од реакции
559
Настрана настаниве во Србија, и што се дешава таму со Вучиќ и опозицијата... мене ми е многу интересно како реагираат Северxhаните/Шарените на овие протести кај нашиов сосед
Изгледа не сте разбрале зашто протистираа овие пред РТС, Воопшто не му даваа да настап на дебата да кажат што сакаат стварно нема компарација со нас во мк кај нас имаа СИТЕ Шарени/Антички/За Македонија гостуваа по телевизии ... кај Комшиве таа демократија на ТВ нее ко кај нас настапи/дебати сее по контрола на Вучиќ епа сеа кои муе крив што не дозвовуваат 3-4месеци да протестираат овие се прават на будали по ТВ 2-3к биле бла бла

п.с разликата е голема со нас барем кај нас сите будали идат на ТВ тресат глупости
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.649
Поени од реакции
27.984
Додуша, да бидеме искрени, и подржувачите на силеџиите од 27 април сега паѓаат во занес од тоа како Вучиќ ја одбранил власта,добро, разликата е што Вучиќ е легално избрана власт, а во нашава ситација имавме техничка влада и избран спикер на Собрание под „несекојдевни“ околности.
Ако се тие силеџии(не велам не) и треба да лежат,како би требало да ја наречеме сегашнава гарнитура и колку би требало да лежат?[DOUBLEPOST=1552829302][/DOUBLEPOST]
Како може поише омраза да имаш према нив наспроти Заев и хунтата?Колку само внимание посветувате на небитни тепачи.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дали некој уште се сомнева дека после Севердонија, на ред за „средувања на работите„ сега е Србија?...
 
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Дали некој уште се сомнева дека после Севердонија, на ред за „средувања на работите„ сега е Србија?...
Имаше Васко Ефтов емисија за тоа прошла недела.

Личи дека ја погодил
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom