Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Теоретски не треба да е така.
Словенија нема ништо од приватен капитал во овие претпријатија.
И здравствово да не е нешто помала грутка?

летовите се ефтини само затоа што државата им истура огромни пари годишно, со изговор дека ако формира национален авиопревозник, истиот би бил нерентабилен. Дали ќе го укинат не знам. Реагираат за субвенциите други европски превозници заради нелојална конкуренција и некоректна пазарска игра. Ако не се лажам во ЕУ, ова субвенционирање е законски забрането. Паторот го уведе за да види Венеција непрошетанава младина и да поделат некое миљонче со газдата на Виз.
Zatoa sega ke seta samo setanata mladina I toa so policiski vozila, kaj smeat tie drugite smrtnici da setaat, koj gi ebe niv.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Точно, ама и ние прошетавме
Се прошетавме, ги посетивме роднините по странство да видиме како они живеат тамо. И пак се вративме, затоа што таму кај нив за никаде е. Тука бар се живее некако.
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Се прошетавме, ги посетивме роднините по странство да видиме како они живеат тамо. И пак се вративме, затоа што таму кај нив за никаде е. Тука бар се живее некако.
Dobro be, za sekakvi glupavi postovi vi plakaat, samo kolku da pisete nesto, da vi se broj.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Ма на долг рок гарант е подобро да се продаде и државата да нема никаква можност за ухлебување на партиски паразити. Макар и од продажбата да ќари тој што е на власт у тој момент би прежалил некако. Незнам колку е тешко да оддолееш на предизвикот да пуштиш список со паразити (шатораши, квазиновинари, активисти, ќосиња) во кадрово за да ги стават на платен список. Елем турс еј ТУРС!

Иначе чисто сумњам ДУИ да дозволи Визер да прекине да лета.
Види, дека си во право дека ЕЛЕМ е претворено во партиско дувло, во право си, конкретно тоа шо се случува во најголемиот произовдител на електрична енергија РЕК Битола е ужасно. Буквално ужасно. Бомбите само гребат на површината, а скопјанишчана и остатокот од МКД имаат бледа слика за гомненците во Битола.

Замисли ситуација кога лик со фалц диплома од сТредно на сменски инижинер кој цел работен век го поминал во комбинатот, отворено му вели не ми продавај пуфки, знаеш дека сум од партија тука и не сум дојден за работа, бегај сега да не јадиш и ќотек. И тоа пред публика, на возрасен семеен човек кој му е претпоставен, мизерија едноставно како и секаде.
Проблем е шо оваа постројка произведува 2/3 од потребите на електрична енергија за МКД.

Од друга страна пак, продажбата на електродистрибуција ти е одличен пример дека тоа не е апсолутно никакво решение во нашиот случај, ЕВН е претворено во една рекетарско робовладетелска организаиција, загубите во електрична енергија сега ги плаќаат сите останати за разлика од претходно, и од овој бизнис бомбонче само за тие шо го шитнаа, qr за цела МКД.
Со ваков државен апарат само полошо е за сите продажбата на ЕЛЕМ, а доколку се потсредат работите од практична гледна точка ќе се намали потребата за продажбата како можно решение итн.

Интересно е шо @Almeida ја спомна Словенија шо е дијаметрално спротивна ситуација од МКД, кај нас се оди на продажба за да не ректираат и како демек решение за хаосот шо владее во ЕЛЕМ, а во Словенија тоа го сакаат поради тоа шо одлично функционира, покрај нивното електростопаснтво им вршат притисок да докапитализриаат и банките и телекомот, пошто уште тешко им оди да ги дупат како сакаат. Кај затоа шо сме шупливи кај нив обратно.

Е сеа ЕЛЕМ Турс ти е интересна приказна, замсли пример хотел Молика на Пелистер до кое дереџе е доведен, а имаш(е) премиум објект на елитна локација и му ебаа матер буквално, ако го земе приватен оператор инстант успех ќе има со козметички промени и минимални инвестиции, тоа ти е показател за менаџментот во ЕЛЕМ. Убаво ги праша Јадранка Костова Анѓушев и Заев, дали на овие исти ликови би им дале извршни раководни функции во приватните фирми, и мукла беа двајцата.
Згора на се никој не најде денар да вложи во националниот парк Пелистер покрај толку пари промочани во купишта глупости, пристоен пат нема а нешто повеќе.

Само пак народот бира пратеници, 2/3 од електричната енергија се прозиведува во РЕК Битола, енормна стапка на на канцергоени заболувања во Пелагонија, дирекцијата на ЕЛЕМ е Скопје. Една статистика да се нарпави колкумина од првата генерација на вработени во комбинатот се живи или колкав процент дочекале пензија би била убава слика.

Покрај ова, најголемата житница е Битола, најголемиот сточен фонд(беше, сеа е у qrац) Министерство за земјоделие и шумарство и курци палци и тоа е Скопје. Освен РЕК Битола и Крoмберт и Шуберт друго речиси и да нема, градот е полужив моментално и тоа оптимистички гледано.

Од различен аспект ги гледаме работите, ептен различен.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Крајно време е да го анулираме руското влијание и да се вратиме на грантчиња и проектчиња од западот.
https://novatv.mk/vienski-institut-rusija-e-najgolem-investitor-vo-zapaden-balkan/
Среќа за тебе шо Бугарија е на исток, а ти натаму тргна.

Колку ми е криво шо нема една форумска карикатура наречена Ристо Превара ака @concrete ....шо убаво ќе си љубевте газ сега, а очи си вадевте на времето.

https://forum.kajgana.com/search/58402943/

Ти од Благоевград ќе го бојкотираш референдумов?
 
Член од
20 декември 2010
Мислења
114
Поени од реакции
85

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
ВИЗ ЕР секаде каде што оди во секоја држава е субвенциониран. Од каде ние незаконско сме го субвенционирале?? Бугарија има две компании нискобуџетни што ги субвенционира, Германија 2-3. Господ здравје да им даде на ВИЗ ЕР што го избркаа СКЕНДЕРОВСКИ од авио бизнисот бидејќи тој незнаеше што прави. Земаше скапо за карти и секој лет продаваше по 20-30 карти вишок па луѓето мораа да чекаат до следниот лет за да има место за нив!!
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Сигурно не им успеала зделката со Wizz Air, овие сегашните најверојатно барале поголем процент од претходните. Повеќе да лапнат кога ќе си ги делат парите. Не успеале да се договорат и сега ќе ги укинуваат.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Сигурно не им успеала зделката со Wizz Air, овие сегашните најверојатно барале поголем процент од претходните. Повеќе да лапнат кога ќе си ги делат парите. Не успеале да се договорат и сега ќе ги укинуваат.
Не, ќе мора да донесе некоја од неговите сојузници бидејќи Орбан му е противник. Така да очекувај некоја Германска, Белгиска или Француска(да не сакаат повеќе за во ЕУ) компанија во иднина.
 
S

silmarillion

Гостин
Сигурно не им успеала зделката со Wizz Air, овие сегашните најверојатно барале поголем процент од претходните. Повеќе да лапнат кога ќе си ги делат парите. Не успеале да се договорат и сега ќе ги укинуваат.
Ако ги укинат Wizz рачунај паѓа влада. Основното превозно средство на гласачите на ДУИ ако им го укинат толку е од таа коалиција. Е
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Големи, ти поента немаш, не се инати. Не е битно како и зашто е формирана владата, ете Бејли и Макрон и Меркел се јавиле по телефон ги фатиле за уши и рекле ќе формирате влада Станко со Љутви а не Петко со Љутви, битно е дека е законски и правно издржано а како што се гледа одлично му е на ДУИ во новата влада нешто не се жалат (впрочем нив у секоја влада им е убаво).

Прицип победник со победник беше глупост, е глупост и ќе остане ГЛУПОСТ, а ти до утре пишувај дека си имал друга поента, ирелевантно е.
Е па следи ја дискусијата и пишувај согласно неа. Мојот одговор беше на друга реплика, каде пишува (отприлика) дека старата власт е заменета заради нивни грешки и сл. Јас одговорив дека не е така и наведов што се случи. Ако СДСМ имаше најголем број на гласови/пратеници, т.е. ако победеше на изборите, тогаш тоа ќе „држеше вода“. Јас реплицирав со аргументи зошто не е така.
Кога се разговара, треба да се држи конзистентноста на разговорот. Научи го тоа, без да лепиш етикети пред време. Се надевам дека ти е јасно што ми е „муабетот“.
А дали „победник со победни“ било глупавост, тоа е друга приказна. Најдобро распрашај се во ДУИ што мислат за тоа. Во 2006 г. го блокираа автопатот барајќи „победник со победник“. Истите луѓе беа и денес, и тогаш. Прашај дали „еволуирале“ или некој им нареди да „еволуираат“. Страшно ме „занимат“.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.267
Е па следи ја дискусијата и пишувај согласно неа. Мојот одговор беше на друга реплика, каде пишува (отприлика) дека старата власт е заменета заради нивни грешки и сл. Јас одговорив дека не е така и наведов што се случи. Ако СДСМ имаше најголем број на гласови/пратеници, т.е. ако победеше на изборите, тогаш тоа ќе „држеше вода“. Јас реплицирав со аргументи зошто не е така.
Кога се разговара, треба да се држи конзистентноста на разговорот. Научи го тоа, без да лепиш етикети пред време. Се надевам дека ти е јасно што ми е „муабетот“.
А дали „победник со победни“ било глупавост, тоа е друга приказна. Најдобро распрашај се во ДУИ што мислат за тоа. Во 2006 г. го блокираа автопатот барајќи „победник со победник“. Истите луѓе беа и денес, и тогаш. Прашај дали „еволуирале“ или некој им нареди да „еволуираат“. Страшно ме „занимат“.
Старата власт е заменета поради нивните катастрофални грешки, не збориме само за парламентарни, туку и за локални избори каде вмро освои севкупно 5 градоначалнички позиции. Инаку победуваш на избори кога ќе можеш самостојно да формираш влада, а во случајов вмро не беше во можност да формира влада самостојно. Другото е се договор помеѓу 2 или повеќе страни, кои вмро не можеше да ги договори и отиде во опозиција. Инаку да никој не спори дека вмро освоиле процентуално највеќе пратенички места, но недоволно за да формира влада.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom