Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 јули 2007
Мислења
232
Поени од реакции
164
Не трескај глупости. Државјанство се зема по потекло(како што си земал ти). Т.е. си признал дека ти и твоите претци се етнички бугари и си зел НА ТОЈ ОСНОВ пасош.
Но тоа не е единствениот начин за земање на пасош. Исто така се зема врз основа на место на раѓање и доколку живееш некој период во државата и исполниш низа ислови.
Така што не мешај баби и жаби и не трескај глупости не сме ние тука од вчера. Ти и останатите земате пасош исклучиво поради етникумот на вашите претци.
Друга работа јас ве поддржувам вас 100% во вашата одлука. Едноставно треба да си глуп за да останеш тука да рмбаш цел живот заради некоја си нација и држава чиј што поим за патриот стана поим за патлиот. Но, кога веќе си го одбрал тој пат не е малку глупо да изиграваш антички и да се лигавиш по форуми кога веќе црно на бело си се откажал од македонизмот?
Немам бг пасош, но имаат мои блиски кои се чуствуваат како македонци. И тие не се откажале од македонизмот затоа што имаат македонско државјанство. А за ова што зборите дека пишале дека нивните предци биле бугари, не знаете одредени детали и зборете без врска. Ама нема да дискутирам на оваа тема за тоа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Знаеш дека пола од нив што имаат земено се со онаа кооперација фората, ми е гајле, кога ќе влеземе ние во ЕУ ќе го скинам бг пасошот? Или па онаа, уште посмешнана фора, а вие другите што имате германско, холандско не знам какво, што сте поразлични од нас :pos: Не дека таму не е документирано кој што потпишал и како потпишал и дека не е реверзибилна одлуката. Џабе црташ што е “проблемот“ во земањето БГ државјанство.
Абе напишав уреду е све, живејте си го животот, имаат поддршка од мене, ама не пиеме ние нафта, знаеме сите како оди процедурата. Може и сомалиец да земе блграско државјанство, но треба да живее таму некој период(околу 10 години) или пак да земе бугарка за жена, па да докаже дека го познава бугарскиот јазик, да биде вработен подолг период и уште низа процедури. Секако дека никој од нашите не спаѓа во оваа група. Сите земаат пасош по основ на потекло.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Абе напишав уреду е све, живејте си го животот, имаат поддршка од мене, ама не пиеме ние нафта, знаеме сите како оди процедурата
тоа е тоа (y)
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
232
Поени од реакции
164
Знаеш дека пола од нив што имаат земено се со онаа кооперација фората, ми е гајле, кога ќе влеземе ние во ЕУ ќе го скинам бг пасошот? Или па онаа, уште посмешнана фора, а вие другите што имате германско, холандско не знам какво, што сте поразлични од нас :pos: Не дека таму не е документирано кој што потпишал и како потпишал и дека не е реверзибилна одлуката. Џабе црташ што е “проблемот“ во земањето БГ државјанство.
Не, него вие што им велите на македонците што зеле бугарски пасош дека се бугари, а имаат двојно државјанство, што нормално не ги прави бугари сте најизгорени за ЕУ пасош, само не можете да го земете
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не, него вие што им велите на македонците што зеле бугарски пасош дека се бугари, а имаат двојно државјанство, што нормално не ги прави бугари сте најизгорени за ЕУ пасош, само не можете да го земете
Како прво, не знам од каде се знаеме лично па ме знаеш дали имам или немам ЕУ пасош? :)

Како второ, и јас ги поддржувам тие што зеле БГ пасоши, ги имам и во фамилија, не е тоа срамота, никој не е будала да седи невработен овде или да работи за 150 евра во некој погон на Мијалков или на Анѓушев, само филмовите што се фураат се смешни, како другите од Марс да се паднати па не ја знаат процедурата.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Човек може да биде патриот онолку колку што ќе му дозволи државата, институциите кој што ја водат, во крајна инстанца онолку колку што ќе му дозволи општеството, ништо повеќе од тоа.
Денес, во овие услови постојат разни струи кои што патриотизмот сакаат да го претстават како демоде. Јас сум патриот кога игра нашата репрезентација, кога ќе слушнам дека некој македонец успеал таму некаде со свој труд, за луѓе кои што преку знаење и талент ја претставуваат оваа држава пред светот. Толку е моето патриотско поимање, за други работи се водам од рационалност, сопствени убедувања и сум прагматичен.

Да се биде македонец денес не е доволно само да се рече дека некој е патриот. Да се биде македонец значи да се страда. Јас сум поголем македонец од многумина што се иселиле надвор и се чукаат во гради дека се патриоти. Зошто?

Затоа што го трпам комшијата кој што го фрла ѓубрето кај мене пред порта во најлонски кеси, не дава 500 денари за канта за ѓубре. И после маалските џукели копаат по него и го сеат по цела населба.

Затоа што одам на интервју за работа и дотичната ме прашува: - кој те испрати? Очекува дека ме пратил некој од партија или пријател.
Затоа што рмбам за 200€ плата кај полуписмени партиски ботови кои што се "снашле" со тоа што главите му се закопани како на ноеви во песок во аналните регии на нивните партиски претпоставени, локални функционери.

Затоа што последното работно место значеше дека треба да пржам компири на фритеза. И не ме примија оти дојде некој со "пријател". Во оваа држава ти требаат врски за да го допреш дното.
Затоа што сум вложил 18 години од мојот живот во образование и еден куп пари за на крај да треба да бирам меѓу: фритеза, партија или бугарски.

Затоа што како студент си чистел WC-иња во Мекдоналдс за да собереш некој денар за факултет и одмор на крај од сезона.

Затоа што пола од пријателите ти се надвор а другата половина кај да е и таа ќе замине.

Затоа што на јавни собири се уште главна тема се Грујо, Заев и името, партијата а не кој каде бил, дека го унапредиле, дека добил повисока плата, купил нов стан...

И после нека дојде некој нека ми збори за тоа возвишено чувство како е да се биде патриот. Јас и сите ние овде најдобро знаеме што значи да си македонец.
Поголем патриотизам од тоа да си дел од македонското секојдневие дали постои?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.307
Поени од реакции
45.994
Бугарин е барем националност, Северџан не е, иако ве лаже Заев дека некој со прифатена националност “Македонец/граѓанин на северна Македонија’’ ќе ве нарекува Македонци.
Може да мислите дека нешто е зајакнато и потврдено и храбро и исторски ама пак Северџани ќе бидеме после се.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.396
Поени од реакции
5.866
Нема ништо трагично во земањето бугарски пасош поради реалноста на животот на младите кој е таков каков што е тука и не смее да им се замерува тоа или да се осудува.

Но кога истите тие имаат став околу државна политика за промена на идентитет, име или било каков симбол а самите го смениле својот, тогаш тоа е лицемерие кое се граничи со умоболност, не можам да сфатам колкава дисонанца треба во глава за да се натера себеси да не го приметува некој тоа и да продолжи да си муабети на тема идентитет, исто како сериски убиец да замара колку лоша работа е убиството, еден таков судир во душата е пат кон сериозни ментални проблеми, какви што мислам (се надевам дека грешам) има овој Ланс што коментира тука, порано пишуваше добри постови, сега само тресе нешто.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.795
Поени од реакции
21.214
Na temata veke ne se znae ni koj pija ni koj plakja. Nikoj neznaj kaj tera poke. A sto ubavo se znaese do lani na primer, komotno so noz mozese da presecis. Vmrovcite bea nebanjati, neprosetani, kulturno zaostanati, glupi, bugarofili i taka nesto vo toj stil. Od druga strana sdsmovcite bea kulturno izdignati, krem, elita, prosetani, nacitani, zakolnati antibugari, sareni revolucioneri i sto e najbitno pravi patrioti, a ne kako ovie nebanjatite. Duri i slika si imam vo potpis onaka kolku da ne reci nekoj vaka taka. Ama pak ke recam toa bese do lani. Sega si citas mislenja po temata i si velis lud jebe zbunjenog. Nikoj neznaj kaj tera.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.671
Поени од реакции
34.895
Јас мислам дека многу луѓе ги сфаќаат паушално статистикиве со број на иселени лекари, но верувај ми ситуацијата е алармантна. Индиректно и директно добивам податоци, страшно е колку многу луѓе си одат. Некаде прочитав дека до 2020 ќе имаме 13 матични педијатри на ниво на република. Па на тие лекари и 50к ЕУ плата да им дадеш, физички не можат да опслужат толку народ. Ова за педијатри, а кај се другите струки. Страшно. Страшно и поразително.
...па како било порано, па сме преживеале назат не знам колку генерации? и јас ќе прашам штом добиваш податоци вака за ситуацијава што е аларманта со иселување на лекарите, кога и каде завршиле медицински факултет? :facepalm:
и „ваквите лекари“ верувај ама ич не ни се потребни поарно нека се иселат, со лопата се доделуваат лекарски дипломи прашање колку и што познавање имаат воопшто од медицината :toe:
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
...па како било порано, па сме преживеале назат не знам колку генерации? и јас ќе прашам штом добиваш податоци вака за ситуацијава што е аларманта со иселување на лекарите, кога и каде завршиле медицински факултет? :facepalm:
и „ваквите лекари“ верувај ама ич не ни се потребни поарно нека се иселат, со лопата се доделуваат лекарски дипломи прашање колку и што познавање имаат воопшто од медицината :toe:
Ок.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
...па како било порано, па сме преживеале назат не знам колку генерации? и јас ќе прашам штом добиваш податоци вака за ситуацијава што е аларманта со иселување на лекарите, кога и каде завршиле медицински факултет? :facepalm: и „ваквите лекари“ верувај ама ич не ни се потребни поарно нека се иселат, со лопата се доделуваат лекарски дипломи прашање колку и што познавање имаат воопшто од медицината :toe:
Така е, подобро нека вадат бугарски и нека се чистат од тука. Што ќе ни се нас такви полуобразовани лекари. Нека одат во Германија, германецот знае како со нив ние ако не знаеме. Му праќаме таму полуобработени камења и германецот во рок од неколку години ги бруса и од нив прави дијаманти, вистински лекари.
Ние овде ќе се лечиме со методите на Баба Рада и утринските емисии на Канал 5. Се на природна база, кој видел аир од модерна медицина, нели е така?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.680
...па како било порано, па сме преживеале назат не знам колку генерации? и јас ќе прашам штом добиваш податоци вака за ситуацијава што е аларманта со иселување на лекарите, кога и каде завршиле медицински факултет? :facepalm:
и „ваквите лекари“ верувај ама ич не ни се потребни поарно нека се иселат, со лопата се доделуваат лекарски дипломи прашање колку и што познавање имаат воопшто од медицината :toe:
Кога и каде завршиле факултет тие доктори што не ни требаат?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom