Кој вели дека не сум го направил тоа? Пред 4-5 години Апасиев ме купи кога беше на дебатна емисија на Телма, емисијата која беше како одскочна даска за Апасиев и после тоа го запозна пошироката јавност. После тоа членови на Левица, сега веќе бивши, РАСТУРАА по дебатни емисии. Млади, образовани, со речник и муабети со факти. Со голем дел од нив се знам и лично сме разговарале на кафемуабет.
Факт е дека потесното членство се млади начитани деца. За разлика од Ѓорчев, Костадинов и ред други помлади членови од двете најголеми партии кои блага веза немаат. Ни свој став ни образ ни ништо. Само препукување, тепање по глава со свој камен и укриување на противникот.
И не за џабе ги земам за пример Костадинов и Ѓорчев. Ми текна на емисијава па погледнетеа ако имате време. Тројцата се викнати да дебатираат за некој суштински проблем, а дебатата ја користат за друго, односно за партиско препукување. Колку дрско и невкусно. За жал ова е пракса и кај постарите и кај останатите помлади членови на двете партии. (Пример за тоа: Гледајтеги седниците во парламент) Наместо да сработат и да предложат како нивната партија ќе се соочи со некој проблем, тие минутите ги користат за обвинување на противникот и за свое возвишување.
Македонијо разбудисе...