Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не се работи за величање и споредби, во случајов тоа што и на мене многу ми пречи што народов има сериозен проблем со buffer memory... Сегашниве се гној, факт е дека немаат кадар, се заплеткаа во комплицирани процеси, се измајмунисаа со комшиите и не направија ни 1% од тоа што ветија. Смилковско, бомбите, судството и јаготка на шлагот е продолжување на праксата лични интереси и толку.
Мене ми е мизерно што еден куп шарени сега зборат против себеси заборавајќи си ја каузата кога оделе по улици и кога апсолутистичкиот режим со сите прислушувања и милионски суми по Канарски острови било реално тешко да се разниша.
Истите што бе „згрозени“ од бомбите за Мартин и децата кај Смилковско сега ги интерпретираат муабетите и наеднаш не се „до толку“ виновни?
Извинете вака, ама многу ви се лабилни ставовите. Почитувам само една вистина: зло се двете големи партии и пропратно уште поголемо зло е мизерна комбинаторика со ДУИ.
Што очекуваш од движење во кое е влезена сума на пари од околу 100 милиони евра :)
Па грциве имаат дадено 80 милиони за да помине договорот..........сами си кажаа хахахах
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.456
Поени од реакции
84.867
Сто пати сум рекол, мене лично, бомбите ми играа мала улога во донесувањетона оцената за Груевски.
Медено беше неговото владеење, ама бомбите му ја укаљааа честа. Ние не знаевме и не осеќавме, на своја кожа, што праи тоа гомно, туку бомбите требаше да ни покажат. :lolzz: :pos:
Не го контам како некој може добро да ѝ мисли на земјава (и на партијата, ама тоа е друг муабет) бранејќи го тоа гомно.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Jas mislan deka ne e sramota da povtoruvaat osnovno, ke naucat eden den.
Сарказмот ти е на место, само да не претеруваме игнорирајќи вакви проблеми.
Автоматски споено мислење:

Со ова сакаш да кажеш дека сме квит или што ти е поентата?

Иначе мислам дека добро решение би било да се вратат кај матичниот објект, и за во Тетово и за Куманово мислам. Дури тоа е подобро решение од изградба на нов објект.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
plot twist!
сега викаат се викал Владимир :eek:
Не е важно името, поентата ми беше тоа што кога човек сака да генерализира многу лесно може да најде случаеви, како Наќо скопски со својот пример, или ти со тепачките на малолетниците.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.030
Поени од реакции
954

Еве гледајте сами од што го лишат човекот!!!
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.626
Поени од реакции
5.266
Јас би им направил ново училиште, би вложил огромни пари, само да видам за колку време ќе го напраат пепел, како што и прават со се останато во државава.

И гледаш како се работи плански. Стави 1200 средношколци шипурки, во училиште со 100 основци Македонци. Па после тепачки, бодење и триста работи со кои они се служат. Потишти ја младината уште од мали нозе со цел да се знае кој е главен во градов. Ништо не е случајно, и сите овие вакви "мали" работи, за кои некој ќе рече ај бе големо чудо ако идат во исто училиште, ќе ги ставиме различни смени, доведуваат до едно психолошко стање да еден народ треба да се плаши од друг, т.е од племе. Овој процес не е почнат од сега, и не се прави преку ноќ, ама кога тогаш ќе ја остварат целта...
Друже над 3000 квадрати објект држат околу 100 ученика и кој знае колку учители земаат плата а немаат ученици, а 150 метри воздушно подалеку учат над 2000 ученика во импровизиран земјоделски објект и по бараки. Јас учев во тој објект во средно, за кошарка, за ракомет учевме теорија и пишувавме по тетратки.
Да ти кажам право не ми е гајле за твоите чувства што ако ти личи на друго нешто освен на реална потреба.
И пак ќе повторам идеата на општинскиот советник е да се дислоцираат основците по други основни училишта затоа што и така се носат со комбиња од други населби. Училиштево се држи тврдовлавно само заради цицавишниот пристап на овие учители да земаат плата а немаат доволно ученици.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Сто пати сум рекол, мене лично, бомбите ми играа мала улога во донесувањетона оцената за Груевски.
Медено беше неговото владеење, ама бомбите му ја укаљааа честа. Ние не знаевме и не осеќавме, на своја кожа, што праи тоа гомно, туку бомбите требаше да ни покажат. :lolzz: :pos:
Не го контам како некој може добро да ѝ мисли на земјава (и на партијата, ама тоа е друг муабет) бранејќи го тоа гомно.
Различни луѓе, различни карактери и тоа е сосем разбирливо.
Ето пример кај мене бомбите беа клучен фактор за да изградам политичко мислење во тој период.
Дали се каам сега или не, е сосем друг муабет.. но тогаш (па и сега) све што посакував е Грујо, Мијалков и 40те разбојници да ги видам во затвор.
Нит СДСМ ми беше битно да дојде на власт, нит ВМРО, нит некоја 3та или 10та опција..
Се што барав беше НЕЗАВИСЕН судски систем и еднаква правда за сите.
Имав надеж во СЈО, но неочекував дека Прасица и Боки ќе станат најголемите рекетари во МК... Искрено и никогаш не ја сакав, мојата љубов беше Ленче и малку Фатиме.
Нишо друго.. нит сум слеп партиски војник, нит верувам дека постои саглам политичка опција во државава. Тоа е тоа.
И можам секого да го разберам, индивидуално е кај секој. Негде има интерес, негде национализам, а кај некој само обична потреба од праведно опшество.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Друже над 3000 квадрати објект држат околу 100 ученика и кој знае колку учители земаат плата а немаат ученици, а 150 метри воздушно подалеку учат над 2000 ученика во импровизиран земјоделски објект и по бараки. Јас учев во тој објект во средно, за кошарка, за ракомет учевме теорија и пишувавме по тетратки.
Да ти кажам право не ми е гајле за твоите чувства што ако ти личи на друго нешто освен на реална потреба.
И пак ќе повторам идеата на општинскиот советник е да се дислоцираат основците по други основни училишта затоа што и така се носат со комбиња од други населби. Училиштево се држи тврдовлавно само заради цицавишниот пристап на овие учители да земаат плата а немаат доволно ученици.
И 10 и 100 и 1000 ученика заслужуваат цивилизиран третман. Нелогично и ненормално е ако веќе има бројка од 2000 ученици да не се префрлат во објект кој е преголем за постоечките корисници. Факт е дека многу поедноставно ќе најдат простор за 100 ученици, не мора наставниците да се бркаат или да има било какви реперкусии. Не гледам потреба од коментари, најмалце е битно кои се и што се или да се меша етничка идентификација. Деца се сите, треба да се оптимизираат постоечките услови и ресурси.
 
Член од
5 август 2017
Мислења
697
Поени од реакции
855
Друже над 3000 квадрати објект држат околу 100 ученика и кој знае колку учители земаат плата а немаат ученици, а 150 метри воздушно подалеку учат над 2000 ученика во импровизиран земјоделски објект и по бараки. Јас учев во тој објект во средно, за кошарка, за ракомет учевме теорија и пишувавме по тетратки.
Да ти кажам право не ми е гајле за твоите чувства што ако ти личи на друго нешто освен на реална потреба.
И пак ќе повторам идеата на општинскиот советник е да се дислоцираат основците по други основни училишта затоа што и така се носат со комбиња од други населби. Училиштево се држи тврдовлавно само заради цицавишниот пристап на овие учители да земаат плата а немаат доволно ученици.
а што е битно дали ќе учите во некое нормално училиште или во некој клозет, битно е двоглавиот орел да се вее и двојазичност во пехчево да има, другото не е битно.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.431
Поени од реакции
16.748
Со ова сакаш да кажеш дека сме квит или што ти е поентата?

Иначе мислам дека добро решение би било да се вратат кај матичниот објект, и за во Тетово и за Куманово мислам. Дури тоа е подобро решение од изградба на нов објект.
Сакам да кажам дека ми чуе за у Куманово толку колку што им чуе на некои за тетовските гимназијалци од македонска националност.
Инаку у Тетово колку за твое инфо се отвори уште една гимназија под име 7 март а у старата не се ослободија ни 2 училнице за Македонците гимназијалци.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Различни луѓе, различни карактери и тоа е сосем разбирливо.
Ето пример кај мене бомбите беа клучен фактор за да изградам политичко мислење во тој период.
Дали се каам сега или не, е сосем друг муабет.. но тогаш (па и сега) све што посакував е Грујо, Мијалков и 40те разбојници да ги видам во затвор.
Нит СДСМ ми беше битно да дојде на власт, нит ВМРО, нит некоја 3та или 10та опција..
Се што барав беше НЕЗАВИСЕН судски систем и еднаква правда за сите.
Имав надеж во СЈО, но неочекував дека Прасица и Боки ќе станат најголемите рекетари во МК... Искрено и никогаш не ја сакав, мојата љубов беше Ленче и малку Фатиме.
Нишо друго.. нит сум слеп партиски војник, нит верувам дека постои саглам политичка опција во државава. Тоа е тоа.
И можам секого да го разберам, индивидуално е кај секој. Негде има интерес, негде национализам, а кај некој само обична потреба од праведно опшество.
патот до пеколот е поплочен со најдобри намери....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom