Во ред, не одговарај на моите прашања.
Доволно е ако Севердонија влезе во ОТАН и све само од себе ќе се поправи во „нашата земја„.
Мики, погрешно интерпретираш. Отан не е англиски израз, јас го обичам НАТО, но тоа не е битно. Организацијата е иста.
Друго, не реков со влегување дека се ќе се среди пошто нашето влегување беше ради влијание од истокот и големи отстапки како промена на името на државата, големи отстапки кон една националност и слично, а не заради некоиси успешни реформи.
Зборевте за инвестиции, каде се надоврзав и ти посочив на позитивни примери од другите држави за зголемени инвестиции по влегување во нато. А дека се ќе се среди не сум рекол. Реков тоа зависи од нас, нашите сегашни минати и идни влади. На миљон проекти кои ги набројав ем меѓуинституционална соработка ем департизација на буџетските институции, ем самостојност на судство као трет столб во државата, ем коруптивноста и друг криминал...ништо конкретно не е средено, тоа го кажуваат и европските извештаи за Македонија. тоа го кажуваат и секојдневните афери и информации.
Дали гореспоменатите земји кои ги набројав како пример, додека аспирирале за нато, меѓувреме ги средиле тие проблеми, не сум до толку запознаен. Веројатно да или делумно да, со оглед на нивниот табиет, т.е. менталитет, но треба да пребарувам извештаи за нив за да го потврдам тоа.
Ниедна држава, да се разбереме не е без одредени проблеми. Но, според она кај нас, ние не сме за нато, не сме за со Кина или Таџикистан, ние сме за јужноафриканска унија, ако не примат воопшто.
За тоа дали сме или не сме за овие интеграции, референдум и тоа обврзувачки, требаше да се организира одамна, 1-2 години по војната, можеби и пред војната. Сега е доцна за било што, посебно што никој порано не реагираше за програмите на сите влади без исклучок за европска интеграција како краен домет на надворешната политика. Башка од обврзувачки референдумот стана консултационен и башка беше неуспешен, за што требаше да се чека да се организира нов, со појасни прашања. Посебно што првин се смени името, потоа се организираше референдум, ако не се лажам, што е глупост.
За инвестиции, покрај нато членство, некој треба малку да поработи на бизнис клима, регуларни практикувани закони, маркетинг и така натаму.
Толку од мене за инвестициите, "реформите" и "напредокот", немам што повеќе да додадам. Факт е, заглавени сме, сметам дека ми ја сфати поентата.