ВО ПОТРАГА ПО МОЈАТА НАЦИОНАЛНОСТ
Во општина во Холандија на средба којашто треба да трае максимум 10 минути.
Го подавам мојот пасош. Госпоѓата веќе го има мојот фајл и потребна е само мала формална проверка.
Госпоѓата: Господине, во полето националност не можам да внесам македонец. Дали вашата националност е македонец?
Јас: Да, да.
Госпоѓата: па не може, системот не го прифаќа тоа. Дали сте сигурен дека тоа е вашата националност?
Јас: Па да. Имаше некаков договор помеѓу Македонија а и Грција, името на државата беше променето, меѓутоа националноста сеуште е македонец (барем така треба да биде). Може да проверите македонец/граѓанин на Северна Македонија.
Госпоѓата: господине, и тоа не може. Чекајте да проверам на интернет. (бара нешто…).
Аха, ќе пробам Бивша југословенска Република Македонија.
Јас: во ред, пробајте.
Госпоѓата: и тоа не може. Чудно, многу чудно. (Се смее.)
Не можам да ве внесам во системот. Чекајте ќе прашам некои од колегите.
(Се собираат 3-4 административци).
Никој од нив не знае како да го реши проблемот. Поминаа веќе 30 мин.
Госпоѓата: (Нервозно, не знае веќе што да прави.)
Знаете овие состаноци се во главно формални и траат максиум 10 мин.
Јас: Знам, знам.
Госпоѓата: Ќе пробам повторно. Внесува 10тина различни поими.
5 луѓе се обидуваат да ја одгатнат мојата националност. А самиот не можам да помогнам. Сите можности на коишто помислив веќе беа употребени.
На крај доаѓа една женичка од нејзините колеги и ја решава ситуацијата. И вика на госпоѓата: Треба да внесеш граѓанин на Република Северна Македонија или на холандски тоа е (Burger van de Republiek Noord-Macedonie).
Госпоѓата: Конечно, ја одгатнавме твојата националност. Направи слика од ова и секогаш носи го со себе, за да немаш слични проблеми.
И така до заврцестен идентитет…