Примитивни форми на живот - не им е битно што се' помалку ги имаат парите, туку на кој јазик пишува на нив.
Најпримитивни форми на живот - јазикот на парите останува ист, тие пари немаат, а сакаат да има војна затоа што мислат дека јазикот на парите ќе се промени.
Тие што ја памтат државава пред 2001-ва и знаат што сме имале до тогаш и откако тогаш толку многу се изгуби, се' после тоа им е помалку значајно. Некаде 90-ти еден албански пратеник излезе и се обиде да збори на својот јазик. Дојде на говорницата Зоре Темелковски и му ги спушти микрофоните. После 2001-ва тој јазик го има секаде, по институции, по табли, знаци. Ова што се бара во платформава, а е во врска со јазикот не викам дека не е страшно, ама кој к***ц е фамата кога во однос на тоа што е направено со рамковниот не е ни блиску по тежина. Ако е вистина, истото било договорено во рамковен, а не било спроведено.
И јас се палев у 2001-ва, не викам не. Многу од дечиштава кои се замишљаат ќосиња, а тогаш не биле ни родени, за годините на транзицијата слушнале црни црнила. Посебно за бц. Пред да стане Сорос актуелен, дежурна баба рога на куртонските медиуми беше бц. БЦ има еден посебно тежок багаж и не ми е идејата да го банализирам или релативизирам, ама тоа што на него мораше да му биде контратежа испадна поголемо од сите можни зла. Трансформација на нештото од општествена во приватна сопственост по природа на нештата е ненормална работа. Во многу европски држави пројде болно, но нашето беше дивјачко. Намерно се враќам толку далеку за да потенцирам дека општата корупција од најниски до највисок ешалон е вистинскиот проблем. На првата можност, кога дпне требаше и мораше да ја казни таа власт, како "народна" партија, тие потклекнаа на тој коруптивен систем на игра, без национални приоритети на безбедност, формирање способна армија, разузнавање и на првото премрежје во 2001-ва, дпне понуди размена на територии во која влегуваа градови како Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар. За таквата помисла таа партија мораше да се забрани, а раководството да се стрела јавно за велепредавство. На некои попалени ќосиња им бил крив сдс за територијалната поделба од 2004-та, а тоа што дпне ги нудеше на друга држава во 2001-ва - јак ташак, се зезавме. Истата партија преку свој потписник, љуБчо, е потписник за убер-штетниот рамковен договор до кој се дојде поради неспособноста на институциите кои таа партија ги раководеше за да се справат со кризата и воено и дипломатски.
Од 2006-та до ден денешен истата партија нижи "успеси" од типот: помилување на целото раководството на она, помилување на војниците на она кои ги малтретираа работниците на ГП Маврово, помилување на учкарите кои го држеа Куманово без вода, поставување на бивш командант на она за министер на одбрана, меѓупартиски договори од 2008-ма за закон за јазици и најново - прифаќање на фамознава платформата, кое упорно го негираат, а де факто преговараа од 9-ти до 29-ти јануари. Ако условно кажеме дека сдс има етикета дека е попустлива кон албанското малцинство, витка кичма и игра како свири западот - што па фајде од тие што наводно не го праат тоа? Што ја прави дпне национална, патриотска партија? Што добро прави оваа партија за македонските национални интереси? Од 25-годишна историја на државава, ниту еден потег на оваа партија нема допирни точки со патриотизам освен сув фолклор, популизам, пропаганда и во поново време "пронаоѓање и гонење" наводни предавници кои се стриктно луѓе од македонска националност, со што не само што не се застапуваат за единство, туку ја направија најголемата можна поделба (пред војна). Сите вжештени глави треба да си ја преиспитаат основата на симпатиите кон овие квази патриоти и вистинските причини за што ги поддржуваат.