„Идентитетот не е сапун па да се потроши“ - стара северџанска![]()
Идентитетот бетон...![]()
Тука пред се зрела за приватизација е поштата,ама на дуи некако не им се слуша!Тие што приватизираа. Дивјачки ги искористија законските можности. Плус, проценителите на фирмите исто завршија работа, проценуваа дампинг вредности.
Државата ќар не виде.
Инаку, јас сум за приватизација, дури мислам и она што е останато, што може, да се приватизира. Дури и државната административна работа каде што може да е со приватно партнерство.
Така е.Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и Охрид
https://kajgana.com/drzhavata-kje-gi-prezeme-ingerenciite-vo-gradezhnishtvoto-od-struga-i-ohrid
E сега ми падна камен од душа. Конечно, после толку децении уништување ќе се наредат работите..
Со други зборови сите снимки за СДС и ДУИ ќе бидат уништениПремиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање во врска со новиот Закој за Јавно обвинителство кој ќе биде доставен идната недела до пратениците и со кој треба дефинитивно да се уреди иднината на СЈО, рече дека прислушуваните разговори кои не се дел од актуелни судски процеси или истражни постапки, ќе бидат уништени.
Прислушуваните материјали во сопственост на СЈО со новиот закон ќе бидат уништени
Како беше онаа "нема правда, нема мир"... го фатија и Заев во тесно со Катица и Боки и сега демек нема веќе никој да одговара и нема да се прислушкува во земјава.
Мислиш дека Заев не изгуби поддршка заради последниве случувања?Од кога го донесе СДСМ на власт, постоењето на СЈО веќе беше непотребно. Заев само бараше начин сето ова да се заврши со што е можно помала штета за него. Со последниот скандал и целосното дискредитирање на СЈО му дојде како ќец на десетка да го усмрти и да го заврши тоа поглавје.
Сигурно изгуби. Не ми е јасно само зошто тоа се толку несмасно се одвиваше или на ваков начин практично им експлодираше како граната во рака. Не знам дали може имаше и некој друг подобар начин за усмртување на Сјо.Мислиш дека Заев не изгуби поддршка заради последниве случувања?
– Азманов не знае дека разговорот со Боки 13-ка на кој тврди дека му било побарано мито од 50 000е, се водеше на спикерфон пред цела редакција на 1 ТВ и еве сега јавно јас Сашо Ордановски потврдувам дека Азманов лаже, не му беа побарани пари нити станови, ништо од тоа не е точно, туку тој бараше некаква спогодба но Боки ја одби.
Сашо Ордановски во вестите на 1 ТВ на кои гостин беше газдата Боки 13-ка кој кажа дека ќе поднесе тужба за клевета до Зоран Азманов и дека не прифаќа дуел со него, затоа што тој не ја прави емисијата Инсајдер туку новинари и уреднички колегиум, нема што тој да дебатира со него, туку тој ќе може да даде изјава откако ќе се емитува емисијата.