Значи само кога се дешаваат вакви несреки се појавуваат,а онака кога треба ги нема нигде.
Зборам за она со товарниот воз што излетал од шини.
Што е иронично е дека несреќата се дешава во близина на Куманово, а баш пред месец - два реклама ЕУ за тебе и у еден дел покажаа дека као демек ја реконструирале пругата накај Куманово.
Епа ако толку пари вложиле, и ја реконструирале, зошто тогаш се деси оваа Несреќа? Машиновозачот сам сигурно не излетал. Како што видов на вести, тие шини барем јас како што видов не ми изгледаа на реконструирани.
Али тоа најмалце везе, туку што е проблемот.
Едно владата ги боли за МЖ и транспорт со возови. Претходната влада колку толку направи нешто. Оваа ич. А и буџетот гледате колкав е на МЖ? Едно што и буџетот, а и тој шефот што го ставија, таквото го боли. 3 часа од Скопје до Гевгелија за толкава дистанца е срамота. Не се возовите проблеми, тие лесно можат и до 120. Еве кај Србите има одреден дел измеѓу Београд и Нови Сад каде што може дури и до 140 да се оди.
Проблемот кај нас се пругите. Едно тоа, а и земјиштето. Пругите може и треба да се заменат. Ама со оваа влада, далеку од тоа дека нешто ќе се мрдне. За 2 години ако не се примени нешто во овој сегмент, ќе има уште несреќи. Па уште се појавуваат и викаат ќе се среди пругата, и сообраќајот ќе си продолжи во нормала. А, да извршевте една модернизација? Еееј едни Срби, нова станица изградија, а ние ништо. Со оваа влада никаде не одиме, ма какви возови, ништо ама буквално ништо.
Блазеси им како ќе го направат Коридор 10, а и како што е ситуацијава најмалце 9 часа од Скопје до Софија со воз, ако у опште го завршат тој коридор.
Еве и со Дурмо Турс. Арно му текна на ова обвинителството, али очигледно шефот немал врски од влада да се извлече jbg тоа е.
Возачот е најмалце крив, бидејки не е до него, туку до техничките прегледи. Таа компанија што ги извршувала техничките прегледи као нешто била на Шефот на Дурмо Турс или некои негови блиски, па автобусите кога оделе на прегледи за многу ствари не ни се погледнувало.
Еве за случајот што се деси, било увидено дека сопирачките не работат како што треба, но не било запишано па така да не ни биле погледнати. Ајде ќе истера, нели? Не е прв пат ова што сум го слушнал. Ама најважно парите ѕврц кај шефот. Технички преглед кога шиша. И после луѓе гинат. Епа, ќе гинат.
Дајте бе луѓе, ова вака неможе. Да се организираме цел народ, да им упаднеме у влада, бам бам и гово е.
Како што се приближуваме кон патот за ЕУ и Нато така се полошо и полошо.
Моите сега едвај 100 евра вадат, а на времето 300+, давачки Full.
Идеш у УЈП, чекаш пола саат системот паднат. Какви IT инжињери ќе беа тоа.
А овој манчевски или како и да се викаше после ќе ми збори као демек хехехе ќе влеземе у ЕУ и ќе има комплетна дигитализација на УЈП услугите.
#нејабиваработава
До кога вака, незнам. Ама балонот ќе мора да пукне еднаш. Прашање е дали ќе се појави некој да го дупне, и кој?