Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Macedon1um

Гостин
Taka de, ne si slusnal i toa e toa, nemalo. A si slusnal za 1995?
Само продолжете со дебилните оправдувања, се гледа дека по важна ви е партијата отколку државата

Оди побарај и ти азил, по истиот основ и ќе видиш дали тоа било причината или конкретниот случај.
Јас ти кажувам што кажаа дека е причината од Унгарските власти, а за мене сигурно тоа нема да важи јас сум обичен човек а не бизнис/пријател на Орбан како што е Груевски.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Само продолжете со дебилните оправдувања, се гледа дека по важна ви е партијата отколку државата



Јас ти кажувам што кажаа дека е причината од Унгарските власти, а за мене сигурно тоа нема да важи јас сум обичен човек а не бизнис/пријател на Орбан како што е Груевски.
Ај цитирај каде тоа го кажале унгарските власти.
 
M

Macedon1um

Гостин
Ај цитирај каде тоа го кажале унгарските власти.
Треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа при разгледување на барањето на осудениот експремиер Никола Груевски за азил во Унгарија“ изјави Гергели Гулаш

А и џабе правиме муабет јасно е дека му дадоа азил единствено оти е бизнис/пријател на Орбан, инаку не гледам да го третираа лошо или имаше опасност во Македонија. Не беше во притвор иако за еден куп тешки дела е осомничен му беше дозволено само еднаш месечно да се јавува во судот, безбеден беше шеташе секаде слободно итн
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа при разгледување на барањето на осудениот експремиер Никола Груевски за азил во Унгарија“ изјави Гергели Гулаш

А и џабе правиме муабет јасно е дека му дадоа азил единствено оти е бизнис/пријател на Орбан, инаку не гледам да го третираа лошо или имаше опасност во Македонија. Не беше во притвор иако за еден куп тешки дека го сомничат, му беше дозволено само еднаш месечно да се јавува во судот, безбеден беше инаку не би се шетал слободно секаде
Јас мислев збориш за одлуката, ти си зборел за изјава. Изјава не произведува правно дејство. Политички причини се една работа, формално-правни друга.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.773
Поени од реакции
17.000
Треба да се земат предвид и условите во македонските затвори, како и ситуацијата со македонското правосудство, кои добиваат лоши оценки во извештаите на Европската комисија и Советот на Европа при разгледување на барањето на осудениот експремиер Никола Груевски за азил во Унгарија“ изјави Гергели Гулаш

А и џабе правиме муабет јасно е дека му дадоа азил единствено оти е бизнис/пријател на Орбан, инаку не гледам да го третираа лошо или имаше опасност во Македонија. Не беше во притвор иако за еден куп тешки дела е осомничен му беше дозволено само еднаш месечно да се јавува во судот, безбеден беше шеташе секаде слободно итн
му дадоа азил за да го нервират Сорос :eek:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.639
И викате Груевски ќе го направат херој во очите на народот? Па нормално дека ќе го направат. Се сеќавате пред да падне од власт како велеше човекот....

1) Тиранска платформа ќе спроведат - Еве денес само потписот на Иванов фали за да има двојазичност на цела земја. Охридскиот Рамковен Договор е веќе во Уставот, иако Зокито велеше дека нема да ја отвара таа пандорина кутија. Народот што ќе работи во државна администрација ќе јаде казни за незнаење на албанскиот јазик, а албанци ќе се вработуваат во Источна Македонија. Бинационална држава...

2) Ќе ви смени име на државата - Еве ви ја Северна Македонија, моментално го силуваат Уставот и покрај тоа што не им успеа Референдумот, и не добија одобрение од народот тоа да го прават.

3) Работат за туѓи интереси - Што повторно испадна точно, дури и пред да дојдат на власт, тие спиеја на Кале кај Бејли. За секој следен чекор дремеа пред америчка амбасада и чекаа инструкции од нив. Истово важи и за Шарените, и тие добиваа насоки како да тераат понатаму. Доаѓањето на Хан, Могерини, Ван Хауте, Столтенберг секоја ебена недела да не беше случајно? Кој им ја состави оваа коалиција која моментално има 72 пратеници?


Значи Никола Груевски, човек кој беше еден вид на султан во државава цели 11 години, пред да го даде престолот, јасно и гласно кажа со каква цел се дојдени овие на власт. А народот веруваше во твитовите на Павле.
Грујо за мене никогаш нема да биде херој, тој за мене е криминалец кој се изживуваше врз оној народ кој не беше партиски определен, али јас неможам да зборам во име на цел народ... а баш тој народ благодарение пред се на глупостите на СДС, Никола Груевски ќе го гледа како маченик и херој, баш поради овие три причини што ги пишав погоре.
Народот премногу се заеба што влезе во таква еуфорија кога падна Груевски, што воопшто не размислуваа што можат да понудат овие што моментално се на власт.... има и такви граѓани кои сакаа да го видат Никола во затвор, па макар тоа било и преку менување на име, устав, закони и триста други тралалајки, ама и тие еве оваа недела ги треснаа од земја.

Ќе има амнестија за 27ми само за оние кои не правеле нереди во Собранието (читај: пратениците), обичниот народ ќе си лежи. Ако добро ги следиме последниве случување, Гоца нема да лежи во затвор, Канческа Милеска еве дреме по телевизии додека СЈО сеуште ја нема повикано по некој предмет, Кочан ќе си плати да излезе од затвор, едино само Миле ќе си лежи изгледа ама што фајде, он и онака е глуп ко кур. Народот и оние од 21456 ешалон ќе си лежат, колку ете да си го мерат дека дошла некаква правда во земјава, а реалноста е сосема спротивна.

Еве Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО зошто му дала азил на Груки, значи настрана тоа што се гз и гаќи со Орбан... Истово важи и за оние двајца што Грција одби да ги екстрадира во земјава.



Сум рекол и предходно, ќе речам и пак...ако постои некоја погомно партија од ДПМНЕ, тогаш тоа без конкуренција е СДС. Тоа што на првиве им требаше да го заебат за 9-10-11 години, овие го направија за 2, и тоа дупло поштетно.

А народот и вака и онака ќе биде ебан, без разлика која партија е на власт... во државава секогаш се бирало помалото зло, а не подобрата опција :toe:
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Груки - "МОЈАТА БОРБА" ќе ја пишува сега во Будимпешта. И решија амнестија да дадат и така сите кои ќе ги осудат им бегаат. Нека се распушти и СЈО зошто ни е вакво секташко.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.773
Поени од реакции
17.000
Груки - "МОЈАТА БОРБА" ќе ја пишува сега во Будимпешта. И решија амнестија да дадат и така сите кои ќе ги осудат им бегаат. Нека се распушти и СЈО зошто ни е вакво секташко.
ќе помине некое време и Гвујо ќе го стават советник , слично како сега брат Љубе
( исто избеган по потерница на сдсм)

.. туку една друга работа, упорно секаде се пишува дека Гвујо владеел 11 години ??
... дури и грчките весници знаат и пишуваат
Грчката новинска агенција потсетува дека Груевски побегна пред една седмица, а во периодот од 2006 до 2016 беше премиер.

значи кој пишуваат 11 години нека си видат Википедија.. претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.,
значи 9 години и 5 месеци, не 11 години
Башка што и за тоа време 2х 100 дена министар на МВР( и други министри) беше од сдсм ( техничка влада), а од формирање на СЈО тие отворија постапка и против него, без обзир што беше премиер со имуните...
.. е сега има и период на техничка влада на Емил Димитриев ( 18,01 - 1,06,2017) ( а тој наводно си го возеше мерцедесот за накај Пробиштип :icon_mrgr:), ама во таа влада министер на МВР беше од опозиција ( ДУИ)
 
Последно уредено:
Член од
25 јануари 2011
Мислења
505
Поени од реакции
216
Нали унгарците не искаха бежанци?!
Пародија
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
И викате Груевски ќе го направат херој во очите на народот? Па нормално дека ќе го направат. Се сеќавате пред да падне од власт како велеше човекот....

1) Тиранска платформа ќе спроведат - Еве денес само потписот на Иванов фали за да има двојазичност на цела земја. Охридскиот Рамковен Договор е веќе во Уставот, иако Зокито велеше дека нема да ја отвара таа пандорина кутија. Народот што ќе работи во државна администрација ќе јаде казни за незнаење на албанскиот јазик, а албанци ќе се вработуваат во Источна Македонија. Бинационална држава...

2) Ќе ви смени име на државата - Еве ви ја Северна Македонија, моментално го силуваат Уставот и покрај тоа што не им успеа Референдумот, и не добија одобрение од народот тоа да го прават.

3) Работат за туѓи интереси - Што повторно испадна точно, дури и пред да дојдат на власт, тие спиеја на Кале кај Бејли. За секој следен чекор дремеа пред америчка амбасада и чекаа инструкции од нив. Истово важи и за Шарените, и тие добиваа насоки како да тераат понатаму. Доаѓањето на Хан, Могерини, Ван Хауте, Столтенберг секоја ебена недела да не беше случајно? Кој им ја состави оваа коалиција која моментално има 72 пратеници?


Значи Никола Груевски, човек кој беше еден вид на султан во државава цели 11 години, пред да го даде престолот, јасно и гласно кажа со каква цел се дојдени овие на власт. А народот веруваше во твитовите на Павле.
Грујо за мене никогаш нема да биде херој, тој за мене е криминалец кој се изживуваше врз оној народ кој не беше партиски определен, али јас неможам да зборам во име на цел народ... а баш тој народ благодарение пред се на глупостите на СДС, Никола Груевски ќе го гледа како маченик и херој, баш поради овие три причини што ги пишав погоре.
Народот премногу се заеба што влезе во таква еуфорија кога падна Груевски, што воопшто не размислуваа што можат да понудат овие што моментално се на власт.... има и такви граѓани кои сакаа да го видат Никола во затвор, па макар тоа било и преку менување на име, устав, закони и триста други тралалајки, ама и тие еве оваа недела ги треснаа од земја.

Ќе има амнестија за 27ми само за оние кои не правеле нереди во Собранието (читај: пратениците), обичниот народ ќе си лежи. Ако добро ги следиме последниве случување, Гоца нема да лежи во затвор, Канческа Милеска еве дреме по телевизии додека СЈО сеуште ја нема повикано по некој предмет, Кочан ќе си плати да излезе од затвор, едино само Миле ќе си лежи изгледа ама што фајде, он и онака е глуп ко кур. Народот и оние од 21456 ешалон ќе си лежат, колку ете да си го мерат дека дошла некаква правда во земјава, а реалноста е сосема спротивна.

Еве Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО зошто му дала азил на Груки, значи настрана тоа што се гз и гаќи со Орбан... Истово важи и за оние двајца што Грција одби да ги екстрадира во земјава.



Сум рекол и предходно, ќе речам и пак...ако постои некоја погомно партија од ДПМНЕ, тогаш тоа без конкуренција е СДС. Тоа што на првиве им требаше да го заебат за 9-10-11 години, овие го направија за 2, и тоа дупло поштетно.

А народот и вака и онака ќе биде ебан, без разлика која партија е на власт... во државава секогаш се бирало помалото зло, а не подобрата опција :toe:
Потополно си во право. Ете ти жив пример дека не не бива, додека нашиве преведуваат документи и слични срања, Грујо си ја заврши целата работа. Тие тек денеска ги пратија документите за екстрадиција.

Само граѓанска непослушност, луѓенца. Ништо друго. Уште тоа го немаме пробано.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.878
Поени од реакции
21.800
Ај нек се угоде, па и дечко за стално да си фати таму кај што ќе го пратат !!!


Мијалков со лисици од „Мериот“ спроведен во притвор во Шутка

1ТВ ексклузивно дознава дека поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков полиција го изнела со лисици од скопскиот хотел „Мериот“, од каде што го спровела во истражниот затвор во Шутка.

Ова е побарано од СЈО поради сознанија дека постои опасност од бегство.

По Кирил Божиновски и Миле Јанакиески, Мијалков е третиот приведен функционер од поранешната власт по бегството на екс премиерот Никола Груевски.

Очекуваме директни јавувања на екипите на 1ТВ од пред хотелот „Мериот“, затворот Шутка и од пред Кривичен суд.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom