И викате Груевски ќе го направат херој во очите на народот? Па нормално дека ќе го направат. Се сеќавате пред да падне од власт како велеше човекот....
1)
Тиранска платформа ќе спроведат - Еве денес само потписот на Иванов фали за да има двојазичност на цела земја. Охридскиот Рамковен Договор е веќе во Уставот, иако Зокито велеше дека нема да ја отвара таа пандорина кутија. Народот што ќе работи во државна администрација ќе јаде казни за незнаење на албанскиот јазик, а албанци ќе се вработуваат во Источна Македонија. Бинационална држава...
2)
Ќе ви смени име на државата - Еве ви ја Северна Македонија, моментално го силуваат Уставот и покрај тоа што не им успеа Референдумот, и не добија одобрение од народот тоа да го прават.
3)
Работат за туѓи интереси - Што повторно испадна точно, дури и пред да дојдат на власт, тие спиеја на Кале кај Бејли. За секој следен чекор дремеа пред америчка амбасада и чекаа инструкции од нив. Истово важи и за Шарените, и тие добиваа насоки како да тераат понатаму. Доаѓањето на Хан, Могерини, Ван Хауте, Столтенберг секоја ебена недела да не беше случајно? Кој им ја состави оваа коалиција која моментално има 72 пратеници?
Значи Никола Груевски, човек кој беше еден вид на султан во државава цели 11 години, пред да го даде престолот, јасно и гласно кажа со каква цел се дојдени овие на власт. А народот веруваше во
твитовите на Павле.
Грујо за мене никогаш нема да биде херој, тој за мене е криминалец кој се изживуваше врз оној народ кој не беше партиски определен, али јас неможам да зборам во име на цел народ... а баш тој народ благодарение пред се на глупостите на СДС, Никола Груевски ќе го гледа како маченик и херој, баш поради овие три причини што ги пишав погоре.
Народот премногу се заеба што влезе во таква еуфорија кога падна Груевски, што воопшто не размислуваа што можат да понудат овие што моментално се на власт.... има и такви граѓани кои сакаа да го видат Никола во затвор, па макар тоа било и преку менување на име, устав, закони и триста други тралалајки, ама и тие еве оваа недела ги треснаа од земја.
Ќе има амнестија за 27ми само за оние кои не правеле нереди во Собранието (читај: пратениците), обичниот народ ќе си лежи. Ако добро ги следиме последниве случување, Гоца нема да лежи во затвор, Канческа Милеска еве дреме по телевизии додека СЈО сеуште ја нема повикано по некој предмет, Кочан ќе си плати да излезе од затвор, едино само Миле ќе си лежи изгледа ама што фајде, он и онака е глуп ко кур. Народот и оние од 21456 ешалон ќе си лежат, колку ете да си го мерат дека дошла некаква правда во земјава, а реалноста е сосема спротивна.
Еве Унгарија,
земја членка на ЕУ и НАТО зошто му дала азил на Груки, значи настрана тоа што се гз и гаќи со Орбан... Истово важи и за оние двајца што Грција одби да ги екстрадира во земјава.
Сум рекол и предходно, ќе речам и пак...ако постои некоја погомно партија од ДПМНЕ, тогаш тоа без конкуренција е СДС. Тоа што на првиве им требаше да го заебат за 9-10-11 години, овие го направија за 2, и тоа дупло поштетно.
А народот и вака и онака ќе биде ебан, без разлика која партија е на власт... во државава секогаш се бирало помалото зло, а не подобрата опција