Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 март 2006
Мислења
17.889
Поени од реакции
12.425
Зашто сум против Македонија да е дел од НАТО!
За Криволак еве како стојат работите:
Прегледај го приврзокот 199336
Јас не познавам некоја држава во старт да нуди 5 % од својата територија на некоја воена организација или туѓа војска. Кога на некого нудиш можности за проширување и надградба на капацитети за поширока намена , дали ќе се нудат остапки до 10 % од триторијата на државата? .
и предоволно.
Ова исто беше постирано неколкупати уште од некого :confused:Некои нешта, мерни единици, се учат во основно. Други, ако некој заборавил, ќе ги најде на интернет. Причина зашто се постираат вакви "јаки информации", вие си ги знаете.
Според википедија, (википедија нормално пошо не знам некој туристички или за било што да оди у вакви вукојебини осим од радозналост) полигонот е со површина од 22546 хектари. За да добиеш мерка во км2 треба да поделиш со 100 затоа што 1 ха=10000 м2, 1 км2=1000000 м2. Што значи е 225 км2. Македонија има површина 25700 км2. Веројатно знаеш колку % е 225 од 25700?

Името не го даваме, сеа криволак не го даваме, тутун и банани не даваме. Некој кучата го продаде
 
Последно уредено:

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Интересни вести со уште поинтересен тајминг :icon_lol:

Додека се чека Груевски, пази доброволно да се јави на отслужување затворска казна, Камчев и компанија веќе се во притвор, иако сево ова би било безначајно без конфискација на противправно стекнати добра и имот. Паралелно со ова, каква епска случајност :icon_lol::icon_lol::icon_lol: Република Македонија формално правно се брише и се претвора во Република Северна Македонија при што го губи континуитетот на некои од своите државотворни елементи или благо речено изоставува,редефинира, додека пак УЧК (необалистите) стануваат уставотворен елемент со амандманите кои се изгласаа, да се пополни празнината :D

Инаку некаде 2008 Б.Ц имаше една изјава дека братучедите во тој момент започнаа со една опфатна операција на прераспределба на капиталот која беше изведена со гестапо методологија, токму „бизнисмените“ кои се сега во притвор беа главнината на истата. Тогаш истовремено со сето тоа имаше внатрепартиски превирања во тогашно СДСМ а сегашна СДС колаборационистичка.

Сега по се изгледа повторно сме на почетокот на еден цикличен процес каде на еден поелегантен начин се прави таа прераспределба на капиталот со шо целофанот е дека тоа е борба за некаква правда, наспроти тогашните гестапо методи.
ДПСМНЕ е во нешто полоша ситуација од тогашното СДСМ поради повеќе причини, ама одприлика тука сме некаде.

Митко Јанчев или шо вели Зоран Буревесник Др. Мито сода вода е она шо беше Заев за време на ДПСМНЕ и преродбата.
Сега изборот на нашите „пријатели“ се бизнисмени, а зошто токму таа каста е избрана уше одамна Макијавели во Владетелот опишал зошто претприемчивите луѓе се секогаш и во секоја ситуација подобни за избор.
Добри времиња за Кожувчанка а лоши за Пелистерка.

Сите гледаме шо се случи со уставни промени и договорот од Преспа, следен приоритет им се претседателските избори и од сега тргаат на страна се и секој кој на било кој начин може да негодува за идниот консензуален кандидат. Прашање е само дали ќе се избира на непосредни избори или во Собрание каде им е посигурно поради претприемчивоста на нашите народни избраници. Како и да е, климоглавоста како лична особина која ја преферираат теснопартиските раководства ни се удира на сите од глава, вклучително и нив самите, Грујо може да потврди од искуство.

Според тоа сТрамежливо шо го најавуваат некои од провладините гласногворници околу локалната самоуправа дека 80 општини се премногу, комплицирано функцинираат итн, после претседателските избори во Европска Северна Македонија не би ме изненадило да има иницијатива за некои измени во начинот на кој функцинира локалната самоуправа. Тоа би било чиста кантонизација меѓутоа ќе биде ставено во обланда дека се работи за некаков кластер, групирање или окрупнување на општините кои би доовело нели, до нови големи успеси и светла иднина за една, јас би рекол нова Босна и Херцеговина на Балканите.

Друго се ќе биде исто само него ќе го нема :icon_lol:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.796
Поени од реакции
17.019
Да бе стварно, нели самиот се нудеше да го затворат, да бил маченик, само Македонија да му ја оставеле на раат, гледам нешто ептен се нуди.

За тоа дали овие другите притвори се намештаљки или не, не би рекол баш, сигурно Камчев не се договорил да добие притвор, не е баш логично.

Без оглед на исходот на крај, од најбогат македонец до тоа макер еден ден во притворско одделение да бидеш, не е ич, ама ич пријатно чувство.
голема работа ако е во притвор
нели за Сеад дури имаше дури и меѓународна потерница а сега се некако се заборави.... важно гигантот Трансмет е во була, сега а вработените немаат плата... а тендери во 4 очи пак се прават, само сега се е гоа ИТНО или друг изговор..
всушност сега нема ниту еден регуларен тендер
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.686
Поени од реакции
88.649
Да бе стварно, нели самиот се нудеше да го затворат, да бил маченик, само Македонија да му ја оставеле на раат, гледам нешто ептен се нуди
Како очекуваш да се предаде кога на Македонија и ебаа мамата... не се договорија така :icon_lol:

сарказам[DOUBLEPOST=1541847799][/DOUBLEPOST]Инаку еве сликовито да видите колку ни е зацврстен и зацементиран идентитетот... ФИРОМците еволуираа во Северџани

46005709_10214419158410266_1595603624891777024_n.jpg
 
Последно уредено:
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Nope... во понеделник ќе треба по третпат да му го врачат лично писмото дека жалбата му е одбиена. Ако и по третпат не го најдат дома, ондак ќе распишат потерница по него и на сила ќе го пикнат во ќорка.

Ајт нека заврши побрзо ова, нека ги пикнат сите таму, па КОНЕЧНО да се насочиме на вистинските проблеми во државава.
Го очекувам следниот дно потег на власта со кој ќе имаме подобар и поквалитетен живот.
Фала, најтрагично е што име менува во парламент, никој не се собра да протестира, а за грујо се собираа да го бранат. Како грујо да е вмро, па и побитен од Македонија
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Левица / Levica / E majta
Yesterday at 02:46 ·
ПРИВАТИЗАЦИЈАТА НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ Е ОДРАЗ НА НЕСПОСОБНОСТА НА ВЛАДАТА

Пресмртната агонија на македонското здравство започна кога една претходна влада на СДСМ ја приватизира примарната здравствена заштита, и тоа за грст долари од меѓународните финансиски институции. Се чини, оваа влада на СДСМ е решена да го доврши она што самата таа одамна го започна, а ВМРО-ДПМНЕ го продолжи – целосен крах на здравствениот систем и нова ера во која здравствена заштита ќе имаат само оние кои финансиски ќе можат да си ја дозволат.

Како би можела да се оправда оваа мерка за приватизација на Итната медицинска помош? Ако како аргумент се нуди нефункционалноста на сегментот кој има намера да го приватизира, тогаш тој аргумент е смешен („јавното здравство во последните години покажало слаби резултати во менаџирањето во делот на Итната медицинска помош). Нема некаков пазар на „Брза помош“ па да се тврди дека конкуренцијата ја уништила државната. Со овој аргумент, Владата едноставно признава дека не е способна кадровски и организационо да го оспособи и унапреди овој сегмент на здравствената заштита. А ако не е способна, решение е да си даде оставка, а не да приватизира.

Впрочем, владеењето на СДСМ од осамостојувањето досега изобилува со примери во кои сопствената неспособност ја правда со наводни недостатоци на општествената сопственост како институција.

Друг можен аргумент сигурно би бил вообичаениот, дека државата „нема доволно пари“. За човек да живее во либерлен капитализам и да верува во него, мора да е способен за онаа орвеловска „двомисла“ - да чита за билионските профити на малкумина капиталисти и за гладот и епидемиите во неразвиените подрачја во светот без да почувствува некаква логичка некохерентност. Така и кај нас, некој да гледа како владини и собраниски функционери не доаѓаат на работа а примаат плата, патуваат кај ќе стасаат со прва класа, подигаат месечни патни трошоци доволни да се исплати рата од било која инвестиција во здравствената инфраструктура, и од друга страна да слуша како се немало доволно пари за здравството и на тоа потврдно да клима со главата – мора или да е орвеловски „испран мозок“, или пак да се прави дека е таков за лукративни цели.

Итната медицинска помош по дефиниција е сегментот од целиот систем на здравствена заштита во која начелото на хуманост најмногу доаѓа до израз. Којзнае, можеби токму затоа ѝ стана трн во окото на една ваква власт – беспоговорна слугинка на меѓународниот капитал.
Нема лабаво :icon_lol:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.686
Поени од реакции
88.649
Бугарија доставила над 30 страни со забелешки за учебниците по историја, и ова е само за учебниците по шесто и седмо одделение.


Јеби не вади бре, малку ни е...
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.527
Поени од реакции
18.434
Како тргнало Груевски ќе биде дел од македонскиот фолклор, како дел од некоја приказна со поучна порака дека се е минливо, денес си горе утре доле, се се враќа се се плаќа, кој високо лета ниско паѓа и слични длабокоумни езотерични вистини кои ќе им ги пренесуваме на помладите генерации :)
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ова е фарбање очи на народот бе другар заради сите срања шо ги направија последниве месеци и сите срања шо ги прават и ќе ги прават во иднина.Еве две години како владеат и ништо не направија.Се е игра ова и е договорено ни ќе лежи некој ни правдата ќе биде задоволена.Се е фарса.
Ќе видиме дали е само фарбање на очи.. Многу работи во минатото изгледаја како нереални, еве на пример за Гујо, дали ти лично веруваше дека по судови ќе се влечка до пред само 1 година? за затвор и да не правиме муабет.
Да не дојди муабетот само ко со #жолтитекомбиNја, сорос и 100% точни анализи шо ги пишевте тука.. :)

Значи според тебе, треба да се премижи на криминалот? чим луѓето се опседнати со тоа, гледаш дека и тоа е ЕДЕН од реалните проблеми шо го мачи народот..
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Само Ireal е поутепан од тебе. Овој профил на кричри постојано и нанесува немерлива штета на партијата.
Машко, кога ќе видам нешто сериозно анализирано од тебе, тогаш јави се. За вакви детски плиткоумни муабети... не вредиш. Еден аргумент валиден не си кажал, само што ти падне на памет.[DOUBLEPOST=1541853581][/DOUBLEPOST]
Ќе видиме дали е само фарбање на очи.. Многу работи во минатото изгледаја како нереални, еве на пример за Гујо, дали ти лично веруваше дека по судови ќе се влечка до пред само 1 година? за затвор и да не правиме муабет.
Да не дојди муабетот само ко со #жолтитекомбиNја, сорос и 100% точни анализи шо ги пишевте тука.. :)

Значи според тебе, треба да се премижи на криминалот?
До сега нема никаков криминал.Осудата е за возење во Мерцедесот, грубо кажано. Ако за ова се суди затвор, буквално ниту еден политичар не треба да е на слобода. Политички судења. Се надевам дека по смената на оваа власт, вистински робии ќе има: за предавство, за понижување на државата, за доведување во потчинета позиција. итн...[DOUBLEPOST=1541853702][/DOUBLEPOST]
Бугарија доставила над 30 страни со забелешки за учебниците по историја, и ова е само за учебниците по шесто и седмо одделение.

Јеби не вади бре, малку ни е...
Чекај, ќе гледаме тонење на тоа поле. Повеќе пати кажав: комисиите ќе не закопат целосно. А кога Грците ќе навалат, тоа ќе биде, сардисување.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom