Интересни вести со уште поинтересен тајминг
Додека се чека Груевски, пази доброволно да се јави на отслужување затворска казна, Камчев и компанија веќе се во притвор, иако сево ова би било безначајно без конфискација на противправно стекнати добра и имот. Паралелно со ова, каква епска случајност



Република Македонија формално правно се брише и се претвора во Република Северна Македонија при што го губи континуитетот на некои од своите државотворни елементи или благо речено изоставува,редефинира, додека пак УЧК (необалистите) стануваат уставотворен елемент со амандманите кои се изгласаа, да се пополни празнината
Инаку некаде 2008 Б.Ц имаше една изјава дека братучедите во тој момент започнаа со една опфатна операција на прераспределба на капиталот која беше изведена со гестапо методологија, токму „бизнисмените“ кои се сега во притвор беа главнината на истата. Тогаш истовремено со сето тоа имаше внатрепартиски превирања во тогашно СДСМ а сегашна СДС колаборационистичка.
Сега по се изгледа повторно сме на почетокот на еден цикличен процес каде на еден поелегантен начин се прави таа прераспределба на капиталот со шо целофанот е дека тоа е борба за некаква правда, наспроти тогашните гестапо методи.
ДПСМНЕ е во нешто полоша ситуација од тогашното СДСМ поради повеќе причини, ама одприлика тука сме некаде.
Митко Јанчев или шо вели Зоран Буревесник Др. Мито сода вода е она шо беше Заев за време на ДПСМНЕ и преродбата.
Сега изборот на нашите „пријатели“ се бизнисмени, а зошто токму таа каста е избрана уше одамна Макијавели во Владетелот опишал зошто претприемчивите луѓе се секогаш и во секоја ситуација подобни за избор.
Добри времиња за Кожувчанка а лоши за Пелистерка.
Сите гледаме шо се случи со уставни промени и договорот од Преспа, следен приоритет им се претседателските избори и од сега тргаат на страна се и секој кој на било кој начин може да негодува за идниот консензуален кандидат. Прашање е само дали ќе се избира на непосредни избори или во Собрание каде им е посигурно поради претприемчивоста на нашите народни избраници. Како и да е, климоглавоста како лична особина која ја преферираат теснопартиските раководства ни се удира на сите од глава, вклучително и нив самите, Грујо може да потврди од искуство.
Според тоа сТрамежливо шо го најавуваат некои од провладините гласногворници околу локалната самоуправа дека 80 општини се премногу, комплицирано функцинираат итн, после претседателските избори во Европска Северна Македонија не би ме изненадило да има иницијатива за некои измени во начинот на кој функцинира локалната самоуправа. Тоа би било чиста кантонизација меѓутоа ќе биде ставено во обланда дека се работи за некаков кластер, групирање или окрупнување на општините кои би доовело нели, до нови големи успеси и светла иднина за една, јас би рекол нова Босна и Херцеговина на Балканите.
Друго се ќе биде исто само него ќе го нема
