Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Мора да се изнајде начин со новиот закон да бидат опфатени ретроактивно сите приматели на додаток за трето дете на тој начин шо би имале сепак некакви олеснувања, било тоа да се работи за покривање на дневен престој, приоритет при вработување на членови на семејството т.е еден од родителите, дотација при плаќање на режиски трошоци итн, шо и да е тоа да биде една преодна фаза и да не бидат оставени на цедило од државата, на шо личи ова немање никаква конзистентност во државните политики упм.
Единствено околу неказнивоста на корупцијата се консензуално конзистентни :D:D:D , друго ништо досега.

И јас сметам дека законот беше безврска и одличен потег шо на Уставен суд се поништи тој дискриминаторски сегмент со кој индиректно се фаворизираше една етничка заедница и без потреба ствараше додатни тензии, ама и вака не бива, од крајност во крајност се оди.

Ете сеа може МПЦ ОА ќе се покажат па ќе го одврзат чекмеџето да покажат колку си го сакаат народот па ќе ги стимулираат многудетните семејства :icon_lol: ќе се придружат и разно разните здруженија на дијаспората па сите ќе покажат патриотизам на дело :jeeee:
Абе кој патриотизам? На основа на што е донесена одлуката ако не е спроведен попис и не се знае колку сме? Хипотетички, може и да сме Индија. Знаеме дека не сме. Одлуката беше на бафтаана, една од оние копуцине што го советуваа околу него за да му се упикаат у гаќи (мислам на тој шо беше премиер тогаш). 99% од одлуките у сите сектори им беа такви - сув популизам.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.965
Поени од реакции
17.783

Од почетокот требаше да почне така.МПЦ во соработка со државата да помага на многусетните семејства.А не вака малцинствата си продолжија со правење деца и плус земаа пари за тоа.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Па нели бетер полоша била од Бејли?

Некој погоре така рече....
Јас прашувам.
Порано пискаа дека Бејли бил чоек од Сорос и бараа да ги спаси Мр. Трамп, со транспаренти и тоа. Еве негов чоек сеа, да видиме што ќе се промени.
 
Член од
6 јули 2017
Мислења
2.273
Поени од реакции
1.487
Ме прашува пријател од сдс,
Не те прашав тоа, те прашав кој беше ќарот од законот? Не разбираш македонски?
Освем помошта за родителите?
Изгледа не разбира северџански
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.650
Ништо законот не поттикна, да не се лажеме. Плус е дикриминаторски спрема оние кои немаат повеќе од едно дете, или немаат деца. Тие пари кои државата ги дели на основ на овој закон се пари од буџетот, а тој буџет се полни од парите на сите граѓани. Со кое право владата ги дели парите на сите само на одредена група на граѓани?
Дискриминаторски...хммм, не верувам дека ќе е така. Дискриминаторски ќе беше пример ако им се даваше надоместок само на Македонци, на Албанци, Турци, Роми не.

Башка нормално е да се полни буџeтот со парите од граѓаните... али 1000 пати е пострашно тие пари да се трошат на пример за мерцедеси, цвеќиња за пред влада, лубриканти и шкампи за да се гоштеваат гојдата во собрание, одколку да дадеш паричен додаток на некој што одлучил да има трето дете... нели?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195

Не е дискриманторски да се даваат пари само на оние семејства со повеќе деца, а на другите не?
Многудетноста не е сама по себе вредност, односне не е само по себе очигледно дека е добро да имаш повеќе деца. Од тој аспект гледано, законот е крајно дискриминаторски.

Што се однесува на вториот дел од постот, тоа е замена на тези. Се разбира дека секој ќе рече да на тоа прашање, ама воопшто не е за тоа дискусијата.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
Од почетокот требаше да почне така.МПЦ во соработка со државата да помага на многусетните семејства.А не вака малцинствата си продолжија со правење деца и плус земаа пари за тоа.
Хохо, МПЦ велиш да го одврзе ќесето? :D[DOUBLEPOST=1541702737][/DOUBLEPOST]
Дискриминаторски...хммм, не верувам дека ќе е така. Дискриминаторски ќе беше пример ако им се даваше надоместок само на Македонци, на Албанци, Турци, Роми не.

Башка нормално е да се полни буџeтот со парите од граѓаните... али 1000 пати е пострашно тие пари да се трошат на пример за мерцедеси, цвеќиња за пред влада, лубриканти и шкампи за да се гоштеваат гојдата во собрание, одколку да дадеш паричен додаток на некој што одлучил да има трето дете... нели?
Муабетот е зошто јас да давам пари на некој што решил да има три деца а јас мака мачам со едно. И така е, не може Рамиз од Шутка да биде привилегиран, можда решил и пет деца да праи, не е моја ни твоја обврска да му ги храниме, истото се однесува и на Трпе и на Љуљзим.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.965
Поени од реакции
17.783
Хохо, МПЦ велиш да го одврзе ќесето? :D[DOUBLEPOST=1541702737][/DOUBLEPOST]
Муабетот е зошто јас да давам пари на некој што решил да има три деца а јас мака мачам со едно. И така е, не може Рамиз од Шутка да биде привилегиран, можда решил и пет деца да праи, не е моја ни твоја обврска да му ги храниме, истото се однесува и на Трпе и на Љуљзим.
Ок тогаш за десетина година ќе нема кого веќе да го пљачкаат.
 
Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.642
Поени од реакции
81.650
Не е дискриманторски да се даваат пари само на оние семејства со повеќе деца, а на другите не?
Многудетноста не е сама по себе вредност, односне не е само по себе очигледно дека е добро да имаш повеќе деца. Од тој аспект гледано, законот е крајно дискриминаторски.
Епа затоа се вика "закон за трето дете", и што е тука дискриминаторски? Секој што има трето дете без разлика на нација и вера добива паричен надоместок, и тоа е тоа. Еве ова им беше шанса некако да ја поправеа "дискриминацијата" во законов, ама уште толку ја компликуваа. Значи им отиде на штета на сите фамилии што имаат едно, две, три или повеќе деца.

Муабетот е зошто јас да давам пари на некој што решил да има три деца а јас мака мачам со едно. И така е, не може Рамиз од Шутка да биде привилегиран, можда решил и пет деца да праи, не е моја ни твоја обврска да му ги храниме, истото се однесува и на Трпе и на Љуљзим.
Па во западните земји секоја фамилија добива родителски надоместок (секој различен во зависност од државата), и тие се пари од буџетот од граѓаните. Ќе речиш сега стандардот кај нив е поголем па можат да си дозволат... ама и ние последниве 2-3 години екстремно стремиме да одиме по тие западни вредности нели, па не треба ова да не револтира.:smirce:
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.398
Поени од реакции
7.848
Абе кој патриотизам? На основа на што е донесена одлуката ако не е спроведен попис и не се знае колку сме? Хипотетички, може и да сме Индија. Знаеме дека не сме. Одлуката беше на бафтаана, една од оние копуцине што го советуваа околу него за да му се упикаат у гаќи (мислам на тој шо беше премиер тогаш). 99% од одлуките у сите сектори им беа такви - сув популизам.
Пописот е засебна дискусија и нема многу врска со тогашниот популарно наречен закон за трето дете, инаку си 100% во право кога си пишал дека одлуката е бафтана како и еден куп други популистички мерки. Не биле ни популистички во одредена мера, едноставно кратковида дневнаполитика и ефтино надмудрување.

Имаа добри идеи инаку да не се лажеме, особено на почетокот на мандатот беа споредено со се претходно...само шо се доживеа лоша реализација. Гледај сега овие никаков ентузијазам и иницијатива немаат, како сосила некој да ги тераше да се кандидираат на избори.

Од почетокот требаше да почне така.МПЦ во соработка со државата да помага на многусетните семејства.А не вака малцинствата си продолжија со правење деца и плус земаа пари за тоа.
Ако добро се сеќавам законот беше така скован да на самиот почеток не ги опфаќаше сите семејства со повеќе од 2 деца на цела територија, туку се однесуваше на региони кои имаа низок наталитет (дефинирано некако, не се сеќавам како), со шо автоматски добар дел од Западна МКД се изостави во самиот старт. Тоа ти е создавање на апсолутно непотребна тензија и тешка кратковидост и популизам. Ова беше една од причините поради која падна на Уставен суд и се доработи да опфаќа цела територија. Како сакаш речи секој еден кој има МКД државјанство ги ужива истите права, не може тука да има отстапка.

Инаку колку шо знам ИВЗ наплаќа од секој еден верник или семејство одредена сума на годишно ниво во зависност од муфтивството, натрана донации итн од поимотни, на тој начин стимулираат што и како сакаат без никој да има право да навлегува во тоа. Дијаспората е плус и со средства а и со засебни организации, јбга за тука не може Запад да се обвинува дека стои позади.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Море со ова петицијава од 1500 потписи што ја иницираа Бојкотирам го сменија Бејли.

Ах бе шо лесно било, што не го направија малце порано ќе не спасеа од маките :D
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Епа затоа се вика "закон за трето дете", и што е тука дискриминаторски? Секој што има трето дете без разлика на нација и вера добива паричен надоместок, и тоа е тоа. Еве ова им беше шанса некако да ја поправеа "дискриминацијата" во законов, ама уште толку ја компликуваа. Значи им отиде на штета на сите фамилии што имаат едно, две, три или повеќе деца.
Лудница аргумент, така се викал законот, па значи не било дискриминаторски. Еве владата утре може да донесе закон кој ќе се вика Закон за луѓе со зелени очи, и само на нив секој месец да им исплаќа месечен надоместок. Дали тој закон би бил дискриминаторски?
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom