Не мора мајкати да го родила за да го браниш, соработуваш, имаш интерес итн, овие штабците дежурни тука шо ги бранат пиздариите на партиите не се веројатно сите роднини
Како кажуваш дека ова било тешко за разбирање за некој шо немал искуство, како ова да е некоја гигантска финансиска измама која го колабираше финансискиот систем во САД

седи не продавајте ветер во магла за претприемништво, на тендер маус шо се продава 150 денари во малопородажба го продавате за 3000 денари и сега бизнисмени биле
Сума сумарум, прво беше Фени со злоупотреба на функција да наплати долгови и да влијае на купопродажбата каде шо директно беа вклучени и заинтересираните странки, тоа влијание остана во сивата зона, кобајаги нерасчистено дека играл во интерес на грците. Сега испадна дека нецел месец пред стечајот почнал постапка за цесија, 15 дена пред да одобри УЈП цесијата, фирмата на Анѓушев веќе склучува договор со Фени, од кај знаеле дека тоа ќе го одобри УЈП?
Згора на тоа деловодниот број на одобрението на УЈП за цесијата е нахнадно вметнат во договорот по 15 дена откако е потпишан, и сега ти ми велиш не разбирам?

Треба да знаеш само да читаш за вакви селски итроштини, нема потреба од Слаѓана Тасева.
Да се навратиме на грчката врска која ја фаворизираше во купопродажбата на Фени твојот претприемач, научник и политичар, откако првпат во историјата некој од негова позиција како Вицепремиер дава изјава дека за него е прифатлива додавка на името тој експресно ја шитка фирмата на грчко електростопанство, ете пак некој чуден склоп на околности, се некои коинциденции се јавуваат

за да биде сево ова потрагично со документите кои протекоа во јавноста, некој од грчка страна махерски му дозволил да ја обезвредни својата фирма за да дојде до максимална заработка преку купопродажбата за шо во Грција се отвори истрага на барање на опозицијата, макар шо тоа шо е направено се знае дека е во знак на благодарност.
И да не го заборавиме грантот од славниот фонд за иновации, од таму лапна преку 300к евра.
И сеа после сево ова ти мене ми наметнуваш тема за идеологија и за тоа како Левица не знам шо (не) можеле, знаеле, имале...

Батали Левица како тема за дефокусирање од срањата на ДПСМНЕ/СДС. Ниту парите шо им следуваат од буџет постизборно не сакаат да им ги исплатат курто и мурто пошто не ебат заедно сиве овие години.
Тевдо е СДС а Бранимир не е претставник на Левица во власта, да се разбереме.
Едно е да спориш даночна политика како концепт, друго е тоа кај се трошат парите, во Шведска данокот е 35% па никој не вреска како тука, ама парите во најголем дела се трошат наменски, затоа.
Левица се криви сеа
Ова од искуство кажуваш или како
Зар и ти сине Бруте почна со разводнување на муабетите .... ти бар секогаш си држел до темата, што бидна, да не те погодив во некој нерв ... наречен левица

.
Ја не напишав левица се криви, затоа те молам немој со финти. Те прашав друго за левица.
Кажав во овој случај (за цесијата), нема криминал. За други случаеви, си има платени служби нека си ја заработат платата, ама изгледа бонусите им се послатки

.
Ти очигледно работиш друга тематика во приватниот сектор, па нормално не те интересирале овие процедури.
Кочо штом соработувал со ФЕНИ, сигурно ги знае луѓето таму и сигурно ја знае состојбата. И да не ја знаел ситуацијата, најнормално е плаќање со цесии и компензации ( во нашава земја). Кога гледа дека лоша е економската состојба (не навлегуваме зашто е лоша) нормално е да сака да си наплати. Наплатил преку цесија и
не е единствен во земјава на тој начин. И да е 3 дена пред стечајот, нема никаков криминал. (во цесијата зборам, не за стечајот)
На пример, имаш компензација помеѓу 5-6 фирми кои соработуваат (не се поврзани во сопствеништво). На пример Макстил, ЈСП, Водовод, РЖ Услуги и "ПЕТКО"
Мене ми должи едната фирма, правам кругот на компензација, (кој на кого должи, кој од кого побарува) ги ставам сите во предлогот за компензација со износот кој ми должи фирмата. Неколку дена патува од фирма до фирма тој предлог. 4 фирми се согласуваат, т.е. се потпишуваат на компензацијата само Водовод А.Д. не се согласува, иако и тој е должник на една од 5те фирми, иако прифаќал компензации претходно, иако рекол пуштете компензација па ќе видиме. Значи ти пропаѓа компензацијата т.е. трудот од неколку дена носење на документот.
Сепак во поголеми фирми, посебни сектори си ги бркаат тие работи, ама потпис дали ќе стави директорот тоа не знаат од секторот.
Значи Кочо и ФЕНИ
нема потреба да знаат дали УЈП ќе се согласи или не. Тоа е лично право на УЈП, a УЈП го има правено и претходно со други фирми.
Првин се прави цесијата и се пушта до останатите 2 фирми за потпис. Дали УЈП ќе се согласи или не тоа е друго прашање, ама ако не направиле претходно цесија и не ја прателе, како ќе знаеле.... Значи договорот го склучиле ама НЕМА криминал во тоа, од аспект на тоа дека е легално. Доколку УЈП ги одбие, никому ништо. ФЕНИ продолжува да му должи на Кочо и тоа ти е тоа.
Врска датумите, претпоставувам дека отако добиле потврда од УЈП дека им е прифатена цесија, тогаш го вметнале нивниот број. Претходно каков број сакаш да напишат ....
Сепак Кочо не е глуп, па си плаќа за совети, а тимот од правници кои ги има се едни од постручните во земјава. Сигурно нема да дозволат на вакви ситници, газдата да го јаде стапот.
Другите работи што си ги напишал за ФЕНИ, не беа тема на моите реплики до тебе, затоа и потенцирав случајот со цесијата си е чист. Плус како акционер во Комерцијална биди сигурен повеќе сум пљукал од тебе, кога слушнав фени и стечај.
Врска маусот кој вреди 150 денари а го шиткаат 3.000 денари, кажи КОЈ Е КРИВ и кај кого иде разликата од 2,850 денари ....
Едно е да спориш даночна политика како концепт, друго е тоа кај се трошат парите, во Шведска данокот е 35% па никој не вреска како тука, ама парите во најголем дела се трошат наменски, затоа.
Абе муабетов е жабата го видела коњот па и таа дигнала ногата.
Шведска од секогаш ли имала данок 35% .... а мислам дека им е повисок и прогресивен за многу дејности.( не сум сигурен)
Шведска колкав и е долгот ....
Шведски фирми, граѓани чуваат ли пари на офшор раевите ... ИКЕА каде чуваат парите
За да зборите Шведска, Германија, УК и слични, треба првин нивните почетоци да ги изодиме па после.
А за тоа наменски, ехееее колку револуции имало на запад ради тоа.
Народ не сфаќа дека ова е битка меѓу администрацијата и сите останати. Се што прават е да си обезбедат плата и пензија за понатака, а успат привелегии и бонуси за средување на работа за која е платен да ја сработи.
No Taxation Without Representation