Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Нема гајле, секој ден по еден референдум ќе праиме, све дур не ти се погоди како што ти одговара. Пројде времето на рефрендуми, се израдувавте и вие малку. Ако, не викам не. После падот на Фамилијата само депресии ве фукаат.
Сега е време на гласови на народните избраници. На пример, Крсто Мукоски, он е претставник на своето гласачко тело и он ги консултираше нив, а они му рекоа дека гласале за него затоа што в програмата на партијата стоело дека е за евроатлански интеграции и он мораше да го почитува гласот на своите избирачи, па гласаше за договорот.
После неуспешниот референдум, спроведувањето на договорот со Грција е неуставен чин. Цитирав член од Уставот, резултатот од референдум е задолжителен.[DOUBLEPOST=1541685149][/DOUBLEPOST]
Груевски денеска треба да се јави во затвор, за неговиот мандат ќе се одлучува на пленарна седница

сега ако не успеат да му го одземат мандатот, како ќе го носат на седници во Собрание?, секој ден од шутел до Собрание со комбиња или може ако е слободен мерцедесот и со него :icon_mrgr:
башка секој ден има и доста рочишта во суд..
Не е лоша идеја да направат во Шутка една судница , па судиите и обвинителите и адвокатите да доваѓаат таму... а може повремено и да отспијат, да видат како изгледа; впрочем јас да дојдам на власт, сите ѓутуре од кривосудна бранша би ги стаил превентивно барем по еден викенд таму да одлежат:cool:
Пратеник не може да биде затворен ако казната според закон не е над 5 г. Освен, ако Собранието не му го одземе имунитетот.
Ама, кај нас ретко нешто е според закон. Ќе има работа за европските оценувачи за спроведување на правото и законот кај нас.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
НАЗДРАВЈЕ БРИЧЕЊЕ!


Со предложениот нов Закон за личен доход, се зголемува даночната стапка која се плаќа на приходите од закуп. Во оваа категорија спаѓаат доходите кои лицата ги имаат од издавање станови, куќи, дуќани, гаражи, викендици, возила. Сите тие од 2019 година, наместо досегашните 10 отсто ќе плаќаат по 15 проценти данок на парите кои ги оствариле од закупот. Тоа е педесетпроцентно зголемување. Сепак тоа не е се. Во новото законско решение се намалуваат таканаречените нормирани трошоци. Тоа е процент од сумата која на годишно ниво се одзема од вкупниот бруто приход пред пресметката на данокот.

Така ако сега нормираните трошоци изнесуваат 25 проценти за ненаместени простории од следната година процентот е намален на 10 отсто.

За наместени простории нормираните трошоци беа 30 проценти, од 2019 година се намалуваат на 20 отсто.


Фактор во консултација со даночни експерти направи симулација за нето закупнина од 22.000 денари. Со новите правила за нето закупнина од 22.000 денари ќе се плаќа данок од 3.434 денари. Во моментов или со актуелниот закон за истата нето закупнина се плаќа данок од 1.800 денари. Тоа е зголемување од неверојатни 90 проценти.

Министерството за финансии досег ане објави податок колку дополнителни пари ќе се соберат од зголемувањето на данокот кај доходите од капитал, ниту пак за што точно ќе ги троши.

Плаќањето на данокот од доход од зауп и подзакуп е регулирано во членовите 52, 53, 54 и 55 од новопредложениот закон за личен доход.

Еве ги одредбите од тие членови

Член 52

Под доход од закуп и подзакуп се подразбира доходот што обврзникот го остварува од издавање под закуп и подзакуп на недвижен и подвижен имот.

Член 53

Обврзник на данокот на доход од закуп и подзакуп е физичко лице кое остварува доход од закуп и подзакуп.

Член 54

(1) Основа за пресметување на данокот на доходот од закуп претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 10% од доходот.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член основа за пресметување на данокот на доходот од закуп на опремени станбени и деловни простории претставува бруто доходот намален за нормираните трошоци во висина од 15% од доходот.

(3) Основа за пресметување на данокот на доход од подзакуп претставува бруто доходот намален за закупнината што ја плаќа закуподавачот.

(4) Во доход од закуп и подзакуп се вклучуваат и вредностите на сите давања и услуги на кои се обврзал закупецот, односно подзакупецот да ги изврши за сметка на закуподавачот.

Член 55

Ако пријавениот доход од закуп и подзакуп е помал од оној што може да се постигне според локални прилики, органот за јавни приходи го утврдува можниот доход со споредување на закупнината за сличен имот што се издава под закуп и подзакуп под приближно еднакви услови.
Тевдо Арачмен,дојде тивко и место на кај Данска кормилото го сврти на кај пусто Турско.Народот нестрпливо и со голема доза на радост очекува кој следен ќе крка 15ка од Тавдо Арачмен.Не случајно има лубриканти во големи количини,15ка не е заебанција!
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Тевдо Арачмен,дојде тивко и место на кај Данска кормилото го сврти на кај пусто Турско.Народот нестрпливо и со голема доза на радост очекува кој следен ќе крка 15ка од Тавдо Арачмен.Не случајно има лубриканти во големи количини,15ка не е заебанција!
Најтрагично е што овие работи ги прави партија која не доби најголема поддршка на изборите. Ај да беа некои поволни чекори за даночните обврзници, но се зголемуваат. На избори се дава поддршка за проекти... СДСМ спроведува проекти за кои нема поддршка, ниту на избори, ниту на референдум.. и пак си тераат, дури и со кршење на уставот.[DOUBLEPOST=1541686193][/DOUBLEPOST]
... Поради резултатот на Грујо доби Зајко власт. Вети дека све ќе биде подобро. Што добивме?...
Грешка си. Заев доби власт затоа други сили го сторија тоа. На изборите си изгуби, ама се замешаа некои кои сакаа да имаат човек за промена на името, итн, итн... Очигледно е.
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.359
Поени од реакции
3.136
Разликата е што типови ко Мукоски и Рангелова, се надминаа себе си и како пеперуга која излегува од чаура, се трансформираа во нешто прекрасно и ја засенија околината со своето визионерство.
Вашиот "ледер" и неговото визионерство никој не може да го засени...(освен Монти Пајтон) така да, овие 2- ца јадници се за жалење а не за потсмев...
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
штета што се смени власта, инаку за овие 2 години ќе станевме не само лидери во регионов туку и во светот
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Кој ти ја кажа шалава? Васиљ или Цацко?
Од сегде по малку.
„Шала“ на страна, потруди се да дискутираш, ако мислиш дека нешто не е така како што сум пишал, кажи зошто, потруди се да најдеш законски поткрепени аргументи. Секој може да е во „криво“, ама докажи аргументирано, не со квалифицирање на соговорникот.[DOUBLEPOST=1541686470][/DOUBLEPOST]
штета што се смени власта, инаку за овие 2 години ќе станевме не само лидери во регионов туку и во светот
А сега и ќе престанеме и да постоиме, односно, ќе постоиме како нешто друго.[DOUBLEPOST=1541686823][/DOUBLEPOST]
Магично испари “фамилијата’’ од реториката и говорот на СДС. Нема веќе “фамилија’’ во соопштенијата во кои се прозива вмро, сега е само „криминалецот Груевски“ и“ антизападно’’.
Јас би можел да погаѓам зошто е тоа така, ама страв ми е да не утнам и да омаловажам нечија борба за правда.
Мислиш ли на големата фамилија Заеви? Поголема фамилија во политиката кај нас тешко дека ќе има. Претходната фамилија беше 2-3 луѓе... сега, неброени..
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.015
Поени од реакции
80.830
Тевдо Арачмен,дојде тивко и место на кај Данска кормилото го сврти на кај пусто Турско.Народот нестрпливо и со голема доза на радост очекува кој следен ќе крка 15ка од Тавдо Арачмен.Не случајно има лубриканти во големи количини,15ка не е заебанција!
Оваа власт, кога станува збор за давачки, казни и други арачи, тргна по стапките на минатата и нема да ме зачуди да заврши исто. Исто не ме чуди, како тоа типови кои го бранеа Грујо и никад не им текна за овие ствари да се бунат тогаш, во златното време на дискриминаторско применување на казните, измислени давачки и задолжителни сервиси кои никој не ги бара, сега одеднаш све тоа им смета. Не ме чуди, затоа што станува збор за докажани вртикапи и лицемери, кои и по други параметри ја покажувале дволичноста, па сега за ова...
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
А дали за непотизмот треба да одговараат сегашниве?
И дали сега се е чисто, нема криминал (очигледен)?
Нема кога немало криминал од страна на власта. Еден ден од постоењето на оваа недефинирана територија немало да пројде без лоповлук.
Не за непотизам, туку за корупција, местење тендери, злоупотреба на функција, носење одлуки на штета на буџетот и државата воопшто МОРА секогаш да се казнуваат.
Судството не е милиметар мрднато од последниот ден кога напушти паторот, исто срање е, само што работи во корист на сдс.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Читам за бомбите во судница и се чудам какво малициозно исфрустрирано човече е Миле Јанакиески, тој ми е фејворит за скапување во затвор.
Од бомбите може само морално да е осуден, не се законски доказ за на суд, ама сега и тоа се прекршува.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.015
Поени од реакции
80.830
Свака им част на Албанците, вредни луѓе, дрва испосекоа и земјата ја поѓубрија. Запнале ко у Авганистан да биде и тоа ти е.


СКОПЈЕ-ТЕТОВО

Ѓубре, ѓубре, ѓубре, ѓубре, ѓубре, ѓубре, ѓубре...
https://www.mkd.mk/makedonija/razno/gjubre-gjubre-gjubre-gjubre-gjubre-gjubre-gjubre-video


on a brighter note:
https://www.thedailybeast.com/meet-moscows-man-in-macedonia-one-of-putins-many-pals-disrupting-europe
rofl
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Ѓорѓи,
Моментално има две ситуации во државава. Дискусијата за амандманите што се предложени за да си ја досјебеме државава и новиов закон за даночење, кој е донесен на бафтаана, на изненадување на сите.
Праќањето на паторот у зандана на скала од 1 до 10 по важност за народов е отприлика -100. Самиот чин се користи за дефокус од овие прашања и ти како изманипулиран млад поданик ја гризеш коската многу уверливо. Знам дека тешко е нешто да сконташ ако не ти е пратено од партиски мејл, ама пробај!
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Оваа власт, кога станува збор за давачки, казни и други арачи, тргна по стапките на минатата и нема да ме зачуди да заврши исто. Исто не ме чуди, како тоа типови кои го бранеа Грујо и никад не им текна за овие ствари да се бунат тогаш, во златното време на дискриминаторско применување на казните, измислени давачки и задолжителни сервиси кои никој не ги бара, сега одеднаш све тоа им смета. Не ме чуди, затоа што станува збор за докажани вртикапи и лицемери, кои и по други параметри ја покажувале дволичноста, па сега за ова...
Се укинува додатокот за трето дете,кажи нешто околу тоа,ак не пак Гујо да го вратиме!?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.015
Поени од реакции
80.830
Ако Заев мисли дека му е доволно за да остане на власт тоа што ќе влеземе во НАТО или тоа што ќе го осуди Грујо, а притоа носи вакви даноци, дозволува рудници, го боли цеф за екологија... грдно се заебал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom