Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Ако се смени името наредните парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ повеќе од15 пратеници нема да има, дури и тие се многу.
Тотемт од кале му ветил дека ќе го стори премиер ако одигра за преставата во однос на имево. Иначе да сосема е реална преценката што си ја пишал, ако се одвиваат нештата спонтано.Но мислам дека доволно се креативни да фрлат прав во очи на редовните гласачи.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.099
Поени од реакции
16.224
А Груевски за еден ебан плац .[DOUBLEPOST=1540560973][/DOUBLEPOST]Закон! (y)
Мирка ли ви ги смислува овие кованици?
Пишав веќе, не го тапите за плацот, најголема глупост е со тоа да се занимаваш, ајде откри ги 5-те милиарди евра украдени државни пари...
а ова термино
Удбобалистите
ме потсети на филмот долу што наскоро ќе биде забранет, Ругањето на Ристо е гола вода спрема ова :D
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Мислиш дека може(л)? Демократската „меѓународна заедница“ не прифаќа недемократски власти во државите кои сака да ги има под свое. Затоа, си инсталира свои демократски, макар и со помала поддршка на избори.
Не гледаш ли каков сé арсенал употребија? Кој смееше нешто да им направи на тогашните антивладини групации? Уништуваа, дивееа... некоја ситна пријава за „нарушување на редот и морот“... Сега се добиваат кривични за вербален деликт, сега е страшна диктатура врз умот.
Не е дали ќе успеал да спречи, а дали воопшто се обидел? Иначе од арсенал што употербија нашите пријатели од меџународната, е мачкина кашлица во однос на арсеналите што ги користеја на Мајдан на пример. Тука просто патриотиштето Груки не покажа ни отпор. Слаб и компромитиран по своја вина.
Да сме реални, сите имаме погледи свртени кон запад (ЕУ и НАТО државите). Јас лично, од словенски-православни причини имам, не симпатии, туку чувство на блискост со Русите и другите словенски (а плус некои и православни) народи, но животот воопшто не ни е поврзан со нив.
Тогаш зошто плачење западот ова западот она... они си кажаа се обезличувате и потоа членство кај нас(читај потоа -ќе станете неоколонија). Не може да се буниш името,мешање..ова она, а во исто време "ама западо е богат таму сакаме".
Тоа што не сме којзнае колку поврзани незначи дека тоа така ќе остани и мора да остане. Изјавата на Базденкин "спремни сме да соработуваме со македонската страна во секоја сфера до онаму до каде што е подготвена македонската страна", Што сакаш појќе. Став на соодветен амбасадор е и став на државата кој ја преставува.[DOUBLEPOST=1540585869][/DOUBLEPOST]
Така де. На пример против Миле ми текна сите случаи се политички реваншизам. Ни избори местеше, ни поткуп земаше, ниту луѓе уценуваше. Исто и Гордето џабе ја теретат, невина е како цвет. За Гвујо и да не зборуваме, кога зборуваат со Миле за тоа колку пари ќе земат од Кинезите, тие всушност не зборуваат за пари, туку за шишарки.

Ти велам, снимките се сечени и лепени, ги наместија патриотите за да го сменат името.

СТОП ОПЕРАЦИЈА СОРОС
Така е, и купишта други нешта. Но збор два да врцнеш и за евро мене, евро на Ви´цто, нели требаше да расцути како пупука, а на крај судијката фокус-покус и оп невин е. И не расцути пупката а толку љубопитни бевне. Вака само за Горде, Грујо...а ништо за другиве оставаш впечаток на штабски стаорец.[DOUBLEPOST=1540586160][/DOUBLEPOST]
Ќе стават „европско знаменце“, ха ха ха.... Сега и за закон за комунална дејност ќе ставаат такво европско знаменце.
За уставни промени неможе европско знаменце, не ги амнестирај од бездејствието.
Сега и за закон за комунална дејност ќе ставаат такво европско знаменце. Колку се погазија закони со Заев на чело. Неверојатно. Речиси нема нешто да е поминато согласно закон..
Така е се живо погазија, но еве нека се обидат барем, ако ништо друго ќе фрлат уште една флека врз и без тоа исфлеканиов до степен пос*ан "договор".
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
20.099
Поени од реакции
16.224


ГРЧКОТО ДЕСНО РЕПРЕЗЕНТАТИВНО КРИЛО РАЗМИСЛУВА ПОЗИТИВНО
Григорис Јоану: Нема што да се плашиме од Македонците...!

Доста со слободен превод, напиши Како што си рекол чоекот, Скопјаните или Фиромјаните:confused:
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.398
Поени од реакции
27.218
Кој остана у партијата, освен мицковки, јамајка, иреал и владемкд?
Мене ме избркаа, јас сум Мијалков, сега дојдов кај тебе у партија, ќе ти бидам шеф..
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.409
Поени од реакции
7.865
@Beric Dondarrion :icon_lol:


ПОРАКА ДО ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ

Како потврден водач на ДП(М)НЕ- национално и идентитетно изреформирана, без досадни формалности како што се конференции или конгреси, вие, и до граѓаните и до вашите членови, а по внатрепартискиот пост-референдумски карамбол во Собранието испративте три запрепастувачки јавни пораки кои не само што не соодветствуваат на ситуацијата во која се наоѓа државата и Македонците, туку, ве дисквалификува вас лично како водач и нов политичар пред гласачите, ама и во очите на странските интересенти, кибицери и учесници во актуелниве регионални геополитички игри. Имам впечаток дека сте се навлекле на моделчето – ќе ги пуштиме црпкиве од СДС да го одработат највалканото, ќе глумиме конструктивност за по надвор, ќе се колнеме периодично врз долар и вазелин каде треба и колку треба и така ќе дочекаме истиот газда да не устоличи на некои идни фингирани избори со однапред зададена постизборна тајна агенда. И така до крајот ќе го ѕипаме упокоениот македонски глуп народ.

Вашата ,,моќна,, порака до вашето членство и до македонскиот народ гласи: ,,Македонијо напред,,. Оф мори мила ем златна мајчичке! Човеку, чиј креативен труст на мозоци и за клоку пари ви ја смислил оваа глупава ко ноќ пропагандна порака која не проаѓа веќе ни кај орангутани. А бе, момче, млад лидеру! Ти со вакава порака ли мислиш да одиш на избори, сеедно дали огранизирани по пржински модел (од Бејли) или во ,,мааалку,, поинаква организација од единствениот политички фактор – народот. Оној де што го рокна референдумот од Преспа. Па бре, само што го одгледавме пазарењето на партиско-политичките калаштури и камењар(к)и во Собранието и во ,,лидершипот,, на ДПМНЕ, мислевме дека ,,најголемата опозициска партија,, ќе престане да мисли со газот ако сака да преживее барем до следните ненаместени избори. Кога, баш во предвечерието на денот на револуционерната борба , ете те како јавно плачеш дека не си можел да го ,,победиш,, Заев зашто осум партиски фуфци не ти дале шанса!?. Ти као стоиш на суверен гол и као непоколебливо сконцентрирано ја браниш Македонија, а ропациве, осум на број, плус Мијалков од позадина, ненајавено ти дале гол со пета додека надвор од терен се загреваш математички прецизно за трето полувреме. И ти сега немаш ни кому да се жалиш оти сам талентирано се испортретира како млад ,,бета,, мајмун кој нарушениот углед на ДПМНЕ, наместо со одлучна контра акција, реши да го подига преку многу интелигентно прашање до партиските предавници: Демек го интересирало лидерот Мицковски кој им ги пишувал говориве северномакедонски, односно, преспанско – атински. Јако, нема што!

Затоа да се вратам на пораката ,,Македонијо напред,,. Каде напред бе? Со кого напред? Кон што напред? Па не е ова соросов караван на ,,мигранти,, да ги спроведуваш до конц логор со две фрази, еден рефрен и бајат сендвич на доџем. Вие, молкум и оградувајќи се од мнозинскиот народ, учествувавте во рашрафувањето на државата по странска нарачка. Без коментар ги голтнавте и тиранскиот и бугарскиот и атинскиот ултиматум. Во Пржино ја предадовте власта која ви ја додели народот. Кротко ем доброволно го прифативте превратот. Глумевте нормалност. Калкулиравте математички прецизно како да одглумите конструктивна револуционерност, па за малку што не го преспавте и ураганот ,,Бојкотирам,, . И сега што праиме? Македонија не е Саудиска Арабија. Дури ни на таков наапан режим не му успеа уште еднаш да забошоти злосторството, а вие уште мислите дека Македонците се лејки како сите вас. Ниту вие и Црпнатите сте кралска фамилија која формирала држава па да ја шитка кому сака и за колку сака. Не дека немаме штрапани и наакани ,,принчеви,, или копилиња од криминални љубовни врски, ама сие тие се просто гз папир. А со такви Македонија секогаш шлајфува во кал.Тука пропагандни пораки веќе не проаѓаат. Толку.

Па лидеру Мицкоски: Умре салонската социјалдемократија. Од Шведска до Италија. Банкротираа корумпираните семејни партиски династии на Балканот како ПАСОК и Нова демократија. Преку Тасета им дојде на европските народи од левица без работништво и од десница без средна класа, од центар без идеологија и суштина и од глобален корпоративен фашизам. Затоа, менувајте се или ќе ве промениме!



Мирка ВЕЛИНОВСКА
ПРЕДЛОГ ДО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА

Ви истекува вториот мандат како Претседател на Република Македонија. Државата ни е окупирана. Власта е неуставно поставена, па е нелегална и нелегитимна. Чиста фингерајка изрежирана од надвор и насилно инсталирана со домицилни платеници како локални подизведувачи на работите. Иако Уставот Ви ги дава, Вие не ги искористивте своите овластувања за да го попречите ова блудничење над мнозинскиот македонски народ. Не ја браневте ни државата ни нејзиниот суверенитет ни суверениот и државотворен македонски народ. Јасно ни е дека и Вие како и сите други ,,мажишта,, во политиката, сте стаписани од страв или од љубовна далдисаност кон претставниците на единствената опција чии цивилизацијски вредности се Ваш идеал. Но, здравиот разум на секој Македонец му кажува дека идеал и политички приоритет на секој што бара мандат од истиот тој народ за свој ангажман, мора да бидат националните и државни интереси на Република Македонија и нејзините државјани. Ништо друго и ништо поинакво. Најмалку материјална компензација. Како што ,,црква без бог е куплерај,, така и ,,држава без граници, институции и суверен народ е јавна куќа со дива коцкарница,,.

Претседателе, освен ако не сте ослепеле и оглувеле во меѓувреме, увидовте дека ,,стратегијата за ,,еден е изборот,, и ,,тактиката,, на смкнати гаќи кон секој што има американски или британско-германски пасош не само што не даде никаков позитивен резултат, ами напротив. Ниската точка на топење на македонските политичари не е никаква мудра политика, туку фиксно утврдена цена за курвање на сметка на македонскиот народ. Вие сите, без исклучок, не сте драгоцени како килибарот (и тој има ниска точка на топење) за да ве чуваме како народно богатство. Без своја вина, македонскиот народ стана жртва на сопствените политички избраници. Ако сме виновни, виновни сме што верувавме на зборовите, а не на делата. Затоа сега не веруваме никому. Ние господине Иванов се срамиме од секој од вас. И решивме токму на 30 септември да ви покажеме црвен картон. Шут карта. Ние како народ, успешно ја пресретнавме намерата на евроатланските фашисти да ни го наметнат товарот на безвременска вина дека самите доброволно сме решиле да се избришеме од регистарот на живи народи. Вие со Вашиот фасцинантен државнички настап на овогодишното заседание на генералното собрание на ООН речиси се искупивте пред народот и македонската историја. За тоа ви благодариме.

Но, сега кога квислиншката хунта ,, фура,, процедура за промена на Уставот во полза на мафијашкиот ,,преспански диктат,, со гангстерски избоксувано мнозинство, јавно Ве прашувам што правите Вие? Мислите ли оти констатацијата ,,македонската историја не може да биде фус нота во нечија друга историја,, е државнички ангажман? Јас мислам дека самиот си ги запишувате мудрите мисли кои идните генерации ќе ги цитираат како историски маркери. Е, ама има тука една зафрканција. Ничија суета не станува сама посебе историска референца. Зборовите преточени во дејство добиваат на историска тежина. И кај Магбет, и кај Хамлет и кај Ричард Трети.

Затоа, од мое, но и од името на загрижените Македонци, Ви предлагам итно да се вклучите во куплерајот во окупираното собрание под работно име ,,уставни амандмани,, оти за тоа уставно сте овластени. Влезете во играта како вистински Византиец и ,,виетнамски,, разтурете ги ко бугарско собрание цијашкиве импланти и од лево и од десно и од цик-цак ,,центарот,,. Предложете еден единствен амандман кои би гласел: Името Република Македонија е непроменливо! И пуштете потоа да тече дискусијата внатре, а народот да дејствува од надвор. Е ваква ,,асиметрична,, игра може да им ги растури плановите на ,,патриотите од ДПМНЕ,, да пројдат како конструктивна опозиција на фашистичка инсталација додека заевистичко-балистичкото дувло да се протне низ нова сеопфатна ,,амнестија,, за злостори против државата и против цел еден народ.

Јас кажав еднаш. Ние Македонците не ги признаваме долговите сторени на наша сметка! Не прашавте и двапати на референдум ви кажавме: Ни име, ни држава не продаваме! Обете не се сопственост на една генерација а најмалку се имот на неколку дузини неодговорни и корумпирани политичари. Шлус! Покажете се! Бидете со македонскиот народ и за Македонскиот народ!



М. Велиновска

26/10/2018
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.252
Поени од реакции
26.100
Е баш не беа шупи, подруми беа.
Во право си, се извинувам. Плус алтернативните места за собирање, природа и пред патарина:

Ем десно-конзервативна, ем зелена партија истовремено. Што ќе ти е толку голем централен штаб?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Кои ликови ауу.
Oној со собуените патики лево на првата слика e Јаковлевски?
Кој е оној комита со пиштолот на појас во првата слика?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.252
Поени од реакции
26.100
Кои ликови ауу.
Oној со собуените патики лево на првата слика e Јаковлевски?
Кој е оној комита со пиштолот на појас во првата слика?
Локални ликови се повеќето, покрај почесните гости. Тој од лево е Мане да. Сликано е во Галичник, кај што пиле не пее, паметен е типот што отишол со пиштол. :D
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.373
Поени од реакции
3.167
Ај, сеа имате некој што гледа 100 години напред, вие гледате 100 год назад...:eek:
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Еден од начините Груевски да се спаси е преку вонреден правен акт кој се поднесува до Врховниот суд за да се преиспита пресудата. Од овој суд можат да донесат решение да го одложат изршувањето на затворската казна додека врховните судии не се произнесат по вонредното преиспитување на пресудата.[DOUBLEPOST=1540591439][/DOUBLEPOST]Поранешниот премиер Никола Груевски денеска во Кривичниот суд, каде дојде на рочиште како обвинет во случајот „Траекторија“ кој се однесува на автопатите, го доби упатниот акт со кој тој до 8 ноември треба да се јави во затворот во Шуто Оризари да ја издржи затворската казна од две години за набавката на блиндираниот мерцедес од предметот “Тенк“.[DOUBLEPOST=1540591942][/DOUBLEPOST]Еден од начините Груевски да се спаси е преку вонреден правен акт кој се поднесува до Врховниот суд за да се преиспита пресудата. Од овој суд можат да донесат решение да го одложат изршувањето на затворската казна додека врховните судии не се произнесат по вонредното преиспитување на пресудата. Иако е реткост, таква одлука имаше и во случајот со екс премиерот Владо Бучковски за аферата „тенковски делови“.[DOUBLEPOST=1540592376][/DOUBLEPOST]За упатниот акт кој денеска го доби Груевски, според Законот за извршување на санкции, тој и неговите адвокати можат да поднесат молба за одлагање. За неа во рок од три дена решение треба да донесе судија за извршување на санкции.
 
Последно уредено:
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Во контекст на дпне што пишав претходно. Од интервјуво може да се заклучи дека ќе глумат, прва епизода беше со исклучувањето на оние што гласаа за името, втора ќе биде учество во расправите и без ефективна критика, трето крекање за тоа економија, корупција, судство...некаде помеѓу амнестија ќе протеме, и нај ескалантното е "партијата", "ќе победиме". Катгорична борба против смена на името аш. Гној.
Mицкоски: Јавноста треба да престане да се занимава со ВМРО-ДПМНЕ, на ред се СДСМ и Заев[DOUBLEPOST=1540593086][/DOUBLEPOST]
Сега Апасиев го симпатиша:love: и му простува за тоа што бил петтоколонаш, шарен...
 
Последно уредено:
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262
Ако судијата ја одбие молбата, одбрана има право на жалба до кривичниот совет во Основниот суд Скопје 1. Кривичниот совет е должен да се произнесе за жалбата во рок од три дена откако ќе ја добие.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Во право си, се извинувам. Плус алтернативните места за собирање, природа и пред патарина:

Ем десно-конзервативна, ем зелена партија истовремено. Што ќе ти е толку голем централен штаб?
Еејј времиња. Носталгија. Солун наш ќе го праевне, а сега името ќе го мењаат, а детево нивно по папучи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom