Реално Грујо и компанија треба да лежат робија. Она што е спорно е фактот што нивното робување ќе се поима како политички реваншизам а не правда. Отсуствува впечатокот дека казната која што ќе ја отслужуваат е резултат на правната држава, туку дека е конструкт на политичко мешање во правниот систем за кој што наголемо се труби скоро еве веќе триесет години дека треба да биде независен, а во суштина остана порозивен на партиски влијанија и судски пресуди кои што се носат по нарачка.
Или упростено, на Грујо и неговите разбојници му се сервира правда по мерка онаква каква што тој тераше единаесет години. Уствари него му се случува дежа ву од неговото владеење, со единствена разлика што тој сега е во улогата на политички осуденик и кенка за политички мониран процес и судење, нешто што неговите жртви го правеа во негово време, кога диктираше пресуди до сваровски судиите по телефон.
Не дека не заслужи, туку целиот процес кој што се тера до сега нема никава допирна точка со правната процедура, туку од месечината се гледа дека се води процес по нарачка, што пак е во директна контрадикторност на она за кое на Заев и шарените устите пењи им фатија додека дојдоа на власт, т.е овде нема ни "П" од правна држава, а не е ни на повидок дека некогаш и ќе дојде.