Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Може ја нема,може нема ни ти, ама субјектите во висока политика знаат само за интереси, а не за алтруизам и духовни вредности. Ако алтруизмот и духовните вредности се поклопуваат со интересите - ок, ако не, ќе се направи обид да личи дека се поклопува.
Да. Излитено е кога слушаме „нашите пријатели“.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Неможе партија што не е средена од внатре да победи на избори.

Денеска Демократската фракција повика на внатрепартиско обединување.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
На овие од ДПМНЕ сега им се тресат гаќите од страв што ако победат на овие избори :)
Мислам дека ќе ги „бојкотираат“ изборите, „незадоволни“ што СДСМ нема да им ги прифати предизборните барања, СДСМ да освои цела власт, да изгласа промена на името.. итн... Дали смислено, договорено, или не... не знам. Секако, ова се мои размислувања, може нема да е така. Оти, РМ мора да се преименива, да се избрише македонскиот државен карактер.. итн..

Патем, Заев велеше дека додека дише нема да го промени уставното име. Дише ли уште? Дали имате информација?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.781
Поени од реакции
36.786
Да го напишеше ова некој друг, ама ти, забораваш кој се е сеуште во таа партија и какви самовластија си допуштаа 11 години?

Чекори имаме, јас став пак не гледам, барем засега, дека договорот е мртов не е став, туку констатација, нивните ставови и интереси моментално немаат допирна точка ни со Македонија, ни со било каков стратешки интерес.
Мене ми е јасно кои све луѓе се во таа партија, но сега да не се лажеме која им е улогата на Богојески и компанија.

Проблемот тука е што тоа они што го направија за 11 години овој го направи за 2 години. И тоа оваа шупелка го прави истото на без никакви воздржувања. До ден денес немаме избрана антикорупциска која ја расформираа за да прават партал како што им чини.

Сега имаме човек што сака да смени име да спроведе промена на Устав со уставни амандмани кои не ги објавува и не знаеме колкаво влијание ќе имаат. Он тоа менување на име и редефинирање на националност сака да го спроведе со помалку од 400 илјади македонски гласа.

Испаѓа дека оваа карт бланш што ја има добиено е посилна и од таа на Груевски.[DOUBLEPOST=1538654698][/DOUBLEPOST]
На овие од ДПМНЕ сега им се тресат гаќите од страв што ако победат на овие избори :)
Ако имаме изолација (што не верувам дека ќе се случи) таа ќе биде наметната од нашата пријателска меѓународна заедница од причина што граѓаните не сакаат да прифатат ултиматум. Тука никој не сака да се изолира од ЕУ и САД и да оди со Русија. Такви луѓе се многу многу малку. Ама тие закани ни се упатуваат од баш тие наши партнери.

И самите наши партнери се свесни дека со изолација ќе не стават на послужавникот на Русија. Така да не верувам дека нешто многу ќе се смени ако не помине договорот. Политичка игра на притисок.
 
Последно уредено:

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Чек сега ќе ти објасни за Јужен тек и како Македонија, само од парите од транзит ќе може да живее без да го мрдни газот :)
Само со време да се каже да не работам веќе.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.749
Поени од реакции
23.028
Значи Македонија ти е најпогодно место за експерти за [insert random topic] и теоритичари на заговори... Иванов ќе потпишел двојазичност самоволно, Бејли ќе го натера Иванов да потпише, ќе помине договорот од Преспа, ќе успее референдумот, Мицковски и ВМРО ќе го подржат и ќе гласаат, ќе помине договорот во Собрание со 2/3 итн итн. Абе утка до утка и пак си тераат истите генијалци и мислат дека некој сериозно ги сваќа.
Generalno stavovite i analizite im se od tipot
Ja imam svoj mali svet i oko njega kineski zid ili vo nasiot slucaj najcesto toj zidot da ti bil podrum.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
579
Поени од реакции
1.359
Мислам дека ќе ги „бојкотираат“ изборите, „незадоволни“ што СДСМ нема да им ги прифати предизборните барања, СДСМ да освои цела власт, да изгласа промена на името.. итн... Дали смислено, договорено, или не... не знам. Секако, ова се мои размислувања, може нема да е така.
Во тој случај, би имало идентична ситуација како сега - зошто 90%+ од собранието составени од СДСМ и албански партии на избори каде ќе излезат помалку од 35% би имале милиграм повеќе легитимитет да го менуваат уставот? Формално-правно да, ама долгорочно тоа е политичко самоубиство за СДСM.

А и да кажам и ВМРО да не бојкотира, пак не верувам дека излезеност ќе биде многу повисока. Која е поентата да се бира помеѓу две нијанси на сиво...

Ако пред две години понекој наивен се надеваше за суштински промени во општеството сега со сигурност знаеме дека нема да дојде од двете понудени опции. Сега единствена мотивација да се излезе е damage control.
 
Не е важно како, важно е да се стори тоа
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.264
Поени од реакции
26.132
Мислев на државните институции, Николовски побара и приватните фирми да си ја гледаат работата, така се изјасна. :pos:
Какви државни какви приватни? Дај жити се објасни како поврза бркање од работа со тргање од функција? Многу ме интересира таа паралела.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.125
Поени од реакции
13.228
На македонскиот народ веќе му е смачено од гласање за една од двете партии, само поради инат на другата партија. Во превод, само 15% од луѓето што гласаат се слепи приврзаници за некоја партија, дали имаат лапнато доста кеш од истата, дали им завршила некоја битна работа итн, останатите луѓе гласаат за едната само бидејќи се тотално против другата. Така беше случајот и кога Вмро дојде во знак на револт против Бранко, така беше и сега Сдсм кога дојде во знак на револт против Грујо. Да не се лажеме, и тие што се во штаб, во најголем дел кога тогаш ќе сфатат дека исто гомно се сите. Вака работата со гласање за инат ќе потрае уште некоја деценија, но ќе дојде време кога старите закржлавени мозоци кои се слепи приврзаници ќе го напуштат овој свет, и гласачко тело во најголем дел ќе бидат луѓето што сега се млади. А верувајте на денашната младина им се сере и од Вмро и од Сдсм, и освен некој 1% кои се многу гласни на социјалните мрежи со нивните ставови за некоја партија, останатиот дел од младината многу добро прати што се случува и дали само едната партија не чини или двете. Трпение, спасение, никој не е вечен, ќе се сменат генерации, ќе дојде и трета партија на власт, само таа дали ќе изигра во интерес на народот или подучена од денешните две партии ќе го игра истиот филм кога ќе ја добие моќта, тоа отом потом кога ќе дочекаме.

Сдсм во моментов ќе изгуби голем број на гласови од тие што ги доби во 2016, ама огромен број, бидејќи знам луѓе Вмро што се цел живот, на тие избори што гласаа за Сдсм само бидејќи им беше смачено од криминалното водење и сакаа да видат промена. Каде застана Вмро, си продолжи Сдсм, од таа точка Сдсм ќе изгуби многу гласови. Е сега гласовите нема да ги добие ни Вмро, туку како никогаш досега останатите опции како Левица и Глас ќе си ги добијат гласовите.

И уште нешто читам деновиве многу ме револтираше. На секое спомнување дека се потрошиле не знам колку милиони на пропаднатиот референдум, овие од Сдсм рипаат со "ова не е ништо за тоа Вмро што го крадеше, они десет пати повеќе земаа"... Ало бе луѓе, па дали сте вие нормални. Оправдувате криминал, со уверување дека имало претходно и поголеми криминалци, вашите не се до толку... Кога веќе сте оспорувале трошење на народни пари за референдуми, политички кампањи итн, наместо за лекување на луѓето за кои собираме по сто денари на телефонски броеви, имајте малку доблест и осудете го трошењето и на вашата партија, исто како што осудивте и на противничката. Нема потреба со глава во ѕид да се оди, да си прегазуваме се што имаме пишано и сите ставови, само за да оправдаме некоја политичка партија и да собереме некој поен плус.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Какви државни какви приватни? Дај жити се објасни како поврза бркање од работа со тргање од функција? Многу ме интересира таа паралела.
Од 1 и 25 до 1 и 55, на тоа мисле.
Тоа бараат а од друга страна ги казнуваат нивните кои гласаа на референдумот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.923
Поени од реакции
83.171
Да, малку е контрадикторно да немаш став и да бараш секој граѓанин според сопствено убедување да постапи/гласа, за потоа да ги казниш некои членови баш заради тоа што така направиле.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.422
Поени од реакции
18.359
Ако имаме изолација (што не верувам дека ќе се случи) таа ќе биде наметната од нашата пријателска меѓународна заедница од причина што граѓаните не сакаат да прифатат ултиматум. Тука никој не сака да се изолира од ЕУ и САД и да оди со Русија. Такви луѓе се многу многу малку. Ама тие закани ни се упатуваат од баш тие наши партнери.

И самите наши партнери се свесни дека со изолација ќе не стават на послужавникот на Русија. Така да не верувам дека нешто многу ќе се смени ако не помине договорот. Политичка игра на притисок.
Мислам дека коефициентот за изолација е толку низок што ДПМНЕ нема да се кладат на тоа, посебно не со интелектуалец како Мицковски.

Затоа што од луѓе во ДПМНЕ што ми кажуваа, одвај ја спасиле партијата од бркање од сите европски институции, после тоа што се случи на 27 април.[DOUBLEPOST=1538658590][/DOUBLEPOST]
Во тој случај, би имало идентична ситуација како сега - зошто 90%+ од собранието составени од СДСМ и албански партии на избори каде ќе излезат помалку од 35% би имале милиграм повеќе легитимитет да го менуваат уставот? Формално-правно да, ама долгорочно тоа е политичко самоубиство за СДСM.

А и да кажам и ВМРО да не бојкотира, пак не верувам дека излезеност ќе биде многу повисока. Која е поентата да се бира помеѓу две нијанси на сиво...

Ако пред две години понекој наивен се надеваше за суштински промени во општеството сега со сигурност знаеме дека нема да дојде од двете понудени опции. Сега единствена мотивација да се излезе е damage control.
Ќе се случи истото што се случи и во Грција. Таму беше ПАСОК на власт кога почна шитот.
Па имаа и референдум на кој што народот на Грција одлучно кажа НЕ на условите на кредиторите :pos:

И еве сме сега 3 - 4 години покасно, ПАСОК е пред изумирање, а грците ги прифатија сите услови и ќе им бидат робови на Франција и Германија наредниве 40 години :)
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ќе се случи истото што се случи и во Грција. Таму беше ПАСОК на власт кога почна шитот.
Па имаа и референдум на кој што народот на Грција одлучно кажа НЕ на условите на кредиторите :pos:
И еве сме сега 3 - 4 години покасно, ПАСОК е пред изумирање, а грците ги прифатија сите услови и ќе им бидат робови на Франција и Германија наредниве 40 години :)
Референдумот го организираше Ципрас (мислам 2015 г.). Грците кажаа НЕ, ама никој не ги „исферма“, како да не постоеше референдум. За џабе спроведен.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom