Ама нема плодна русофилска почва за да фати тоа семе.
Подобро Американец да те пороби, отколку Русин да те ослободи е узречица што не ја измислив јас туку и во најруралната маалска коперација ќе ти ја кажат. Како ќе им ја подарат? На човек може да му земеш, не можеш да му дадеш. Бачев нека освои пола пратеник или градоначалник во Чешиново-Облешево, не мора град да е, па да поченеме да зборуваме за помрднување од мртва точка, а за поконкретно влијание од сегашно стојалиште е поверојатно јас да станам веган.
За она со Бачев/Мицов не мислев дека не ги ставам на нокт, него ми беше во глава ноктот што Влахов го има пуштено на палецот од кога проверив (мислев дека му е на малиот прст). Можеш да го приметиш тоа на 0:31 а и на повеќе наврати тука
Што се тиче Путин. Мислам дека апсолутно кур не му чуе за МК, а за Влахов и Бачев не знае ни дека постојат. Сега да му се појави Мицов ќе мисли дека е некој моторџија од Ноќни Волци. Си има он треторазреден ешалон како Дугин што се замара со трошките како нас, човек кој овие двајцава сакаа да го претстават малтене како прв човек на Путин, а ако и веруваме на Википедија станува збор за:
He has close ties with the
Kremlin and the
Russian military,
[13][14] having served as an advisor to
State Duma speaker
Gennadiy Seleznyov[15] and key member of the ruling
United Russia party
Sergei Naryshkin.
[16] However, commentators dispute his influence: in the words of journalist
Alexander Nevzorov, "if we had had
Sergey Kurginyan and Dugin instead of Putin, there would have been hell for all of us to pay; they would have unleashed a European and World War without a shadow of a doubt, without considering consequences at all."
[17] But "Dugin and Kurginyan do not have the slightest impact on what is going on in the Kremlin and do not even get coaching there".
https://en.wikipedia.org/wiki/Aleksandr_Dugin
За Муртињо е излишно да се коментира, ама со самиот факт што тој ни е премиер ти кажува кој е капацитетот на овој народ, ако има некој таков кој до сега живеел на Марс и не му било јасно.
П.С. Болдот. Хистерија ќе се створи да, ама од смеење. Веќе го замислам Јорго како се коцка во Принцез Казино на Богородица и се тресе од моќноста на македонската армија чиј што капацитет, обука како и бројот на резервисти не се доволни ни за турнирот на маалски фудбал во Дељадровце.
Инглориус пиша пред некое време дека способноста да бидеш политичар од една страна и капацитетите, интелектот, колку јазици знаеш и дали можеш да направиш стручна анализа на делата на Херман Хесе не се секогаш поврзани, поготово за вакви овчарски култури како што е на Балканот. Ајде нека освојат советник на локални во Конче за почеток. До тогаш може да се и Ајнштајн и Стивен Хокинг место Бачев и Мицов.
Повеќе ќе биде препорака до другиве, него директно до тебе реплика следново што ќе го пишам. Еднаш ја спомнав во разговорите со Лупхол, ако некој сака да види како реалната политика функционира да ја гледа The Wire, 4-та сезона мислам дека беше кога Томас Каркети тргнувајќи од искрени намери се кандидира за градоначалник со цел да му помогне на Балтимор и сограѓаните. Сите имаме некоја груба престава за тоа дека политиката е курва, а политичарите копуци, ама серијата го конкретизира тоа со детали точно како се случува тоа чекор по чекор, лага по лага, замка во замка и како не може да не си ги извалкаш рацете, а да се бавиш со политика, како некои оптимисти кои викаат дека они кога би биле на власт ќе се грижат за државата морално, па дури и стварно да го мислат тоа. Задолжително за сите што сакаат да знаат како изгледаат работите од внатре. House of Cards исто.
Тоа го објасни Инглорус убаво, види пред некоја страна.