Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Треба да има нови избори и оставка од Золе, затоа што најголемиот проект на владата, промена на името, фантастично крахира. Тоа некои ЕУ политичари што кажуваат дека било успешно е блеф кога сите весници во нивните држави пишуваат дека референдумот пропадна.

Што ќе понуди Заев? Пак промена на име? Нема Македонија други проблеми? ДУИ ќе гледа да ги врати гласовите што ги изгуби према СДСМ ја тука гледам добар конфликтен потенцијал. ДПМНЕ ќе има 2 главни аргументи: пред СДСМ да дојде на власт подобро беше и одбраната на името, солиден потенцијал за 45+ пратеници под услов да се ослободи од профитерите и да стави вистински патриоти на листите од базата не куропушачи кои до вчера не знаеле дека биле вмро. Back to the roots до некаде.

Апасиев и левица нема да бидат релевантни. Реално е многу академски и не допира до масата но и не ни требa екстремна левица. Ако сега има иста позиција за името како десницата не значи дека другите ставови за други битни теми се добри.

Жал ми е само што следните избори ќе бидат пак гласање за помало зло место вистински избор меѓу концепти каде да оди државата. Како што на последните избори главна цел беше да замине Грујо во историја сега ќе биде целта Зајо да замине во историја. Се надевам и машкоженското Шеќерка ќе си замине во историја со него.
Помало зло = иста песна.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Сосе тие 100.000 наполнети? А што е со тие 1.200.000? И дали пак сите малцнства ќе гласаат а СДСМ? И дали воопшто од референдум може да се заклучи на изборен резултат? Ако ова во СДСМ навистина го мислат тогаш нека повелат. И Грујо викаше ајде на избори ама го снема.[DOUBLEPOST=1538520068][/DOUBLEPOST]

Така ќе аргументираат, тоа не е мој став. Кај некого ќе фати тој аргумент. И реално под оваа власт не е нешто подобрено, максимално е исто лошо.
Кои 1.2м ? :pos:
Кога беше последен пат во Македонија ?
350к никогаш за ништо не гласаат, 500к иселени или на привремена работа.
350к плус 500к е 850к.
1.2м минус 850к е 350к. ;)

650к плус 350к еднакво на 1м плус 100к што се полнат е еднакво на излезеноста.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.136

Редовно сум тука не се думај за мене. Време е Заев да даде оставка и да има нови избори. Ако иде за нов мандат, пак нема да му успее промена на името. После тоа што? Ќе гласаме дур добие 80+? Никојпат нема да се деси. ОД што е глуп најлош момент одбра за промена и референдум. Прво нека исполни барем пола од условите за ЕУ па нека покуша промена оти тогаш имаме некоја шанса да добиеме перспектива. Сега и да го смениме името за кратко ЕУ ќе ни рече арно ама вие од миљон услови точно 0 исполнувате. Или не му за работи на Зоки? Можеби и толку му е капацитетот, не знам.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.093
Поени од реакции
16.219
Поштована,
Поентата е сосема поинаква. 100 дена пред да има избори, Заев ќе треба да даде оставка и премиер да е од ВМРО ДПМНЕ. Според закон.
Охи
технички премиер го назначува Собрание, пак од владеачките партии ама ДРУГО лице
министер на МВР, Труд и Социјала и заменици - Финансии и некој други

СЕ ова требаше да биде направено уште кога се закажа РЕФЕРЕНДУМОТ и ќе имаше сега време за Избори и се
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Бонус!
РУСИЈА НАЈАВИ БЛОКАДА НА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО ВО СОВЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ОН: Мора да се почитува волјата на народот на Македонија!
Е нели цеф ги болеше за Македонија. Што вака?
Со оваа изјава дефинитивно договорот од преспа нема да се импементира. Се ова што сега се слуша од Заев и западот е продавање на рати на поразот. Ќе мине малку време ќе се помират, секој по свој пат, Зајко и компанија во Идризово.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Редовно сум тука не се думај за мене. Време е Заев да даде оставка и да има нови избори. Ако иде за нов мандат, пак нема да му успее промена на името. После тоа што? Ќе гласаме дур добие 80+? Никојпат нема да се деси. ОД што е глуп најлош момент одбра за промена и референдум. Прво нека исполни барем пола од условите за ЕУ па нека покуша промена оти тогаш имаме некоја шанса да добиеме перспектива. Сега и да го смениме името за кратко ЕУ ќе ни рече арно ама вие од миљон услови точно 0 исполнувате. Или не му за работи на Зоки? Можеби и толку му е капацитетот, не знам.
Ќе има избори, ќе победи, ако нема 80 пратеници пак ќе ја имаме оваа ситуација, која е деструктивна сама по себе.
ВМРО и Бојкотирам ја донесоа оваа држава назад на преговарачка маса со албанскиот блок и нормално братучедите, што и беше целта на ВМРО, наместо промената да помине глатко сеа АКО помине ќе помине со 300 условувања на албанците и братучедите, беса уште вчера побара измени во уставот со цел добивка на албанците ако Заев сака гласови за НАТО.

И после Трајче ќе ни е крив, ама тебе те болит тулето, пошо обезбеден си и нема да мораш да трпиш и слушаш како допрва албанскиот блок ќе си игра со вашиот ценет устав.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Треба да има нови избори и оставка од Золе, затоа што најголемиот проект на владата, промена на името, фантастично крахира. Тоа некои ЕУ политичари што кажуваат дека било успешно е блеф кога сите весници во нивните држави пишуваат дека референдумот пропадна.

Што ќе понуди Заев? Пак промена на име? Нема Македонија други проблеми? ДУИ ќе гледа да ги врати гласовите што ги изгуби према СДСМ ја тука гледам добар конфликтен потенцијал. ДПМНЕ ќе има 2 главни аргументи: пред СДСМ да дојде на власт подобро беше и одбраната на името, солиден потенцијал за 45+ пратеници под услов да се ослободи од профитерите и да стави вистински патриоти на листите од базата не куропушачи кои до вчера не знаеле дека биле вмро. Back to the roots до некаде.

Апасиев и левица нема да бидат релевантни. Реално е многу академски и не допира до масата но и не ни требa екстремна левица. Ако сега има иста позиција за името како десницата не значи дека другите ставови за други битни теми се добри.

Жал ми е само што следните избори ќе бидат пак гласање за помало зло место вистински избор меѓу концепти каде да оди државата. Како што на последните избори главна цел беше да замине Грујо во историја сега ќе биде целта Зајо да замине во историја. Се надевам и машкоженското Шеќерка ќе си замине во историја со него.
Тоа е и според мене единствена ПАМЕТНА опција за колку толку да има лице СДС. Заев и Димитров отставка, па терање на тоа што им остана од мандатот. Вака Заев што би понудил? Тоа што му беше единствена агенда беше ишутирано од народот.
Нови брзи избори ќе бидат за и против Прес. Договор и уште повеќе противници ќе има.
Единствено би имал цел неговиот понатамошен ангажман доколку ни удрат некое јако ембарго ЕУ и САД. Но, и тие мислам не се будали, гледаат дека народот е хард кор против срањето на Заев, а и против него лично.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.136
Ќе има избори, ќе победи, ако нема 80 пратеници пак ќе ја имаме оваа ситуација, која е деструктивна сама по себе.
ВМРО и Бојкотирам ја донесоа оваа држава назад на преговарачка маса со албанскиот блок и нормално братучедите, што и беше целта на ВМРО, наместо промената да помине глатко сеа АКО помине ќе помине со 300 условувања на албанците и братучедите, беса уште вчера побара измени во уставот со цел добивка на албанците ако Заев сака гласови за НАТО.

И после Трајче ќе ни е крив, ама тебе те болит тулето, пошо обезбеден си и нема да мораш да трпиш и слушаш како допрва албанскиот блок ќе си игра со вашиот ценет устав.
Заев е заеба цела работа. Една задача имаше, е заеба. Сега глуми многу јак колку бил ама самиот знае тешко втора шанса. Колку штета и нанесе на Македонија, невероватно. Избран да ја среди државата тој зе запнал да го поклони името и во тоа не успеа. Ваков чорсокак досега не било. Тазе е, ќе осети последици.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Заев е заеба цела работа. Една задача имаше, е заеба. Сега глуми многу јак колку бил ама самиот знае тешко втора шанса. Колку штета и нанесе на Македонија, невероватно. Избран да ја среди државата тој зе запнал да го поклони името и во тоа не успеа. Ваков чорсокак досега не било. Тазе е, ќе осети последици.
Тука сме, ево гледам имаш интернет, ќе видиш деновиве кој сакаше работата да се заебе и кој ја држеше државата во спреги 11 години.

Вчера имаа барања, деновиве ќе излезат со повеќе.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.136
Тука сме, ево гледам имаш интернет, ќе видиш деновиве кој сакаше работата да се заебе и кој ја држеше државата во спреги 11 години.

Вчера имаа барања, деновиве ќе излезат со повеќе.
Нека ги затворат, што чекаат 2 години. Имаат поддршка од народот за тоа. Или им треба како пазар за да помине промената на името па на крај ќе ги пуштат? Истите грешки цел живот?
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Нека ги затворат, што чекаат 2 години. Имаат поддршка од народот за тоа. Или им треба како пазар за да помине промената на името па на крај ќе ги пуштат? Истите грешки цел живот?
Не е ова ВМРО па со едно јавување да затвараат луѓе, тешки обвиненија и јаки адвокати се во прашање, а и судството е исто од времето на вмро, неможеш реформи да спроведеш преку ноќ, без пари, без стручни лица...нешто што го има во една унија.:свиркам:

И вие патриотите му поклонавте jail free card на пасторот и братучедот негов.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.136
Не е ова ВМРО па со едно јавување да затвараат луѓе, тешки обвиненија и јаки адвокати се во прашање, а и судството е исто од времето на вмро, неможеш реформи да спроведеш преку ноќ, без пари, без стручни лица...нешто што го има во една унија.:свиркам:

И вие патриотите му поклонавте jail free card на пасторот и братучедот негов.
Сакаш да кажеш Заев не ги држи Грујо и компанија во заложништво за да протурка промена на име? И бомбите? И СЈО? Верувате во вашите лаги?

Ме насмеа со тоа јаки адвокати. Дека сме правна држава тие јаките адвокати се со големи заслуги, да.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ако на избори за коалицијата предводена од сдсм гласаат 609к луѓе, како пред некој ден, тие во собрание ќе имаат 80 пратеници.
Ако се ДУИ и СДСМ на иста листа. Плус други.[DOUBLEPOST=1538525063][/DOUBLEPOST]
ВМРО веќе нема најмногу пратеници во парламент, ако не се лажам, им заминаа од коалиција Амди, еден турчин и тој од ГРОМ.
Има најмногу. Преминатите не се од ВМРО ДПМНЕ, а и СДСМ има во коалицијата пратеници од други партии.
 
Член од
9 јули 2018
Мислења
777
Поени од реакции
638
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
Можен е, впрочем и други спорови во ООН се решиле јуристички. Јасно станува дека политичко решение а тоа да е прифатено од народот не е можно. Преку волјта на народот такво прашање да се реши е уште потешко и невозможно. Пресдудата во Хаг беше заради блокадата на Грција за НАТО, и оваа организација тоа го изигнорира. Дали и ООН би изигнорирало евентуална пресуда кој би се однесувло на него е сосема друго прашање.
Руското минимално присуство е заради нашат незаинтересираност, поточно вазалниот однос на нашите политичари кон западот. Рускиот интерес е друго нешто, ако си ја проанализирал важноста на нивните енергетски проекти и потребата од сојузници на Балканот ќе ти стане јасно за нивниот реален интерес, како и нај новите изјави во врска со референдумов одат во прилог на тоа дека Русија и те како има интерес. Впрочем еве и нивниот амбасадор јавно тоа го искажа. Појасно од ова здравјае!
Новиот руски амбасадор во Скопје првото интервју го даде за Спутник: Референдумот е неважечки
ОН ја изгуби функцијата за која што беше создадено уште одамна. Наводна Светска Влада а всушност параван зад кој што САД ги промовира своите геостратешки интереси во светот, поддржана секако од своите вазали од Западна Европа. Советот за безбедност при ОН е сочинет од земји членки победнички во 2СВ како В. Британија и Франција кои што играат по нотите на САД. Па они го вратија Ирак во камено доба само заради неподврдена дојава за наводно нуклеарно вооружување, што на крајот излезе дека е фарса. Исто беше со Србија. Америте ги заобиколија ОН и ја посипаа тогашна СРЈ со осиромашен ураниум, па каде беше Русија тогаш да интервенира? Слобо се крстеше во нив и на крај ги извисија.
Поентата ми е дека законите на ОН важат само за земји како нашата, големите сили се имуни на меѓународни судови и правда. Оти ако имаше правда до сега пола Амерички и Британски премиери, претседатели, генерали...требаше да робуваат во Хаг за злосторства против човештвото.
Правна завршница на спорот за името со Грција во овој момент, под овие околности е невозможна, е илузорно размислување.

Русија повеќе е регионален играч отколку глобален во сегашноста, иако сака да наметне таква репутација, во реалноста не може да се мери со Западот по ниту еден параметар сем нуклеарно вооружување. Инфериорни се економски, технолошки, културолошки, наспроти САД и сојузниците. Русија отсекогаш играла дефанзивно. Само погледнете ја геополитичката реалност во моментов, опколени се со земји членки на НАТО. Па кои релевантни сојузници ги имаат денес? Освен Иран и Сирија. Кина игра топло-ладно со нив, и она си има свои интереси кои што се во конфликт со Руските. Нивниот наводен сојуз не е толку цврст како што на прв поглед изгледа. Неможе велесила како што е Кина да биде потчинета на интересите на Русија.

Ако ја разглобиме Русија ќе дојдеме до сознание дека рускиот мајндсет не е во состојба прво да создаде бренд од ништо. Западот продава ветар и магла и прави пари од тоа. Една од причините за распадот на СССР беше и неговата изолација. Тој сојуз беше културолошки уништен од Западот преку неговата наводна слобода и индивидуализам. Еден пар фармерки, јебениот Мекдоналдс и Кока Кола го срушија сонот за "еднаквост" на тогашните советски народи.

Овде има ликови кои што се влажнат на Русија а да ги исправиш пред едноставен избор, да бираат измеѓу Мерцедес и Лада ќе се потепаат по Мерцедесот. Русија и нејзината економија премногу се потпираат врз експлоатација на природни богатства, а на долг рок тоа и не е баш мудра стратегија. Видете само што и се случува на Венецуела.

На Балканот постои една друга реалност, вистина е дека на овој простор се испреплетени интересите на многу геополитички сили, но еден факт останува, а тоа е дека САД сеуште се апсолутен доминус и Русија малку што околу тоа може да направи.
Неуспешниот референдум беше очекуван исход и во ниту еден случај не е резултат на руско влијание.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom