Можен е, впрочем и други спорови во ООН се решиле јуристички. Јасно станува дека политичко решение а тоа да е прифатено од народот не е можно. Преку волјта на народот такво прашање да се реши е уште потешко и невозможно. Пресдудата во Хаг беше заради блокадата на Грција за НАТО, и оваа организација тоа го изигнорира. Дали и ООН би изигнорирало евентуална пресуда кој би се однесувло на него е сосема друго прашање.
Руското минимално присуство е заради нашат незаинтересираност, поточно вазалниот однос на нашите политичари кон западот. Рускиот интерес е друго нешто, ако си ја проанализирал важноста на нивните енергетски проекти и потребата од сојузници на Балканот ќе ти стане јасно за нивниот реален интерес, како и нај новите изјави во врска со референдумов одат во прилог на тоа дека Русија и те како има интерес. Впрочем еве и нивниот амбасадор јавно тоа го искажа. Појасно од ова здравјае!
Новиот руски амбасадор во Скопје првото интервју го даде за Спутник: Референдумот е неважечки
ОН ја изгуби функцијата за која што беше создадено уште одамна. Наводна Светска Влада а всушност параван зад кој што САД ги промовира своите геостратешки интереси во светот, поддржана секако од своите вазали од Западна Европа. Советот за безбедност при ОН е сочинет од земји членки победнички во 2СВ како В. Британија и Франција кои што играат по нотите на САД. Па они го вратија Ирак во камено доба само заради неподврдена дојава за наводно нуклеарно вооружување, што на крајот излезе дека е фарса. Исто беше со Србија. Америте ги заобиколија ОН и ја посипаа тогашна СРЈ со осиромашен ураниум, па каде беше Русија тогаш да интервенира? Слобо се крстеше во нив и на крај ги извисија.
Поентата ми е дека законите на ОН важат само за земји како нашата, големите сили се имуни на меѓународни судови и правда. Оти ако имаше правда до сега пола Амерички и Британски премиери, претседатели, генерали...требаше да робуваат во Хаг за злосторства против човештвото.
Правна завршница на спорот за името со Грција во овој момент, под овие околности е невозможна, е илузорно размислување.
Русија повеќе е регионален играч отколку глобален во сегашноста, иако сака да наметне таква репутација, во реалноста не може да се мери со Западот по ниту еден параметар сем нуклеарно вооружување. Инфериорни се економски, технолошки, културолошки, наспроти САД и сојузниците. Русија отсекогаш играла дефанзивно. Само погледнете ја геополитичката реалност во моментов, опколени се со земји членки на НАТО. Па кои релевантни сојузници ги имаат денес? Освен Иран и Сирија. Кина игра топло-ладно со нив, и она си има свои интереси кои што се во конфликт со Руските. Нивниот наводен сојуз не е толку цврст како што на прв поглед изгледа. Неможе велесила како што е Кина да биде потчинета на интересите на Русија.
Ако ја разглобиме Русија ќе дојдеме до сознание дека рускиот мајндсет не е во состојба прво да создаде бренд од ништо. Западот продава ветар и магла и прави пари од тоа. Една од причините за распадот на СССР беше и неговата изолација. Тој сојуз беше културолошки уништен од Западот преку неговата наводна слобода и индивидуализам. Еден пар фармерки, јебениот Мекдоналдс и Кока Кола го срушија сонот за "еднаквост" на тогашните советски народи.
Овде има ликови кои што се влажнат на Русија а да ги исправиш пред едноставен избор, да бираат измеѓу Мерцедес и Лада ќе се потепаат по Мерцедесот. Русија и нејзината економија премногу се потпираат врз експлоатација на природни богатства, а на долг рок тоа и не е баш мудра стратегија. Видете само што и се случува на Венецуела.
На Балканот постои една друга реалност, вистина е дека на овој простор се испреплетени интересите на многу геополитички сили, но еден факт останува, а тоа е дека САД сеуште се апсолутен доминус и Русија малку што околу тоа може да направи.
Неуспешниот референдум беше очекуван исход и во ниту еден случај не е резултат на руско влијание.