Многу едноставно е, го ставаш името на stand by, средуваш се што не чини во државава (судство, образование, здравство, социјала или со други зборови СЕ), бидејќи без да ги средиме овие работи во Европска Унија не влегуваме стопати да го сменине името. Најлесно е да се смени името и да се глуми некаков прогресивец, а реформите во најзначајните општествени институции нека се баталат битно името ќе го смениме. Плус треба да се додаде дека работите во Унијата се менуваат, ние секако нема теоретски шанси да влеземе во ЕУ пред 2035 година, дотогаш може да нема одлука со целосен концензус (со тоа Грција нема да може да ни стави вето на нашето евентуално членство).
Јас на пример нема да бојкотирам од некакви патриотски причини, туку од принцип, едноставно не сакам некој да ме прави будала дека ќе влезиме во ЕУ, а во моментов живееме во права дистопија.
На 30ти на гласање ќе излезат сендвичите и некои гревчиња коишто ќе паднат на кампањава за Европска Македонија.