Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Најлесно е да капитулираш. Иначе не сме ни пред влез во НАТО ни ЕУ посебно ЕУ уште деценија нема да влеземе. Нели со привремената спогодба е решено дека си референцата може да влеземе? И онака не исполнуваме ни услови само ќе го смениме името и пак на исто место ќе стоиме ни милиметар нема да се подобри нашата позиција.
Најлесно е да капитулираш кога си најслаб. Давид и Голијат приказни во современ свет, потешко малку. Можеме да си маштаме дека сме фактор и дека можеме да одиме со „нож у тенк“ а реалноста е дека ние ваљда не сме ни ножот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350

Јас имам само едно прашање. Зошто воопшто имаме потреба да одиме со нож во тенк? Светот се поларизира и спрема за голем судир, па мора да избереме страна?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Јас имам само едно прашање. Зошто воопшто имаме потреба да одиме со нож во тенк? Светот се поларизира и спрема за голем судир, па мора да избереме страна?
Не мора да избереме страна, може да бидеме територија каде што една и другата страна ќе водат војна, нешто ко што е Ирак пример, место за војна помеѓу Иран и С. Арабија :) Да не биде после „еееееееееееејјјјјјјјјј зошто бе баш кај нас?“ :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Не мора да избереме страна, може да бидеме територија каде што една и другата страна ќе водат војна, нешто ко што е Ирак пример, место за војна помеѓу Иран и С. Арабија :) Да не биде после „еееееееееееејјјјјјјјјј зошто бе баш кај нас?“ :D
Демек ако има голема војна, Русија ќе рече "аааа, вие сте избрале НАТО, ок, нема кај вас"? :D
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.205
Најлесно е да капитулираш кога си најслаб. Давид и Голијат приказни во современ свет, потешко малку. Можеме да си маштаме дека сме фактор и дека можеме да одиме со „нож у тенк“ а реалноста е дека ние ваљда не сме ни ножот.
Кoмшијa,еден си oд пoреaлните членoви нa фoрумoв,сaмo у еден дел немoжaм дa те рaзберaм.Си прoтив прoменa нa име,нaјверoјaтнo ке бoјкoтирaш кaкo штo кaжa и сaмиoт,a oд другa стрaнa велиш декa немaме другa oпцијa,декa црвените линии зa иметo не дoвеле oвде кaјштo сме у мoментoв,декa сме премнoгу слaби дa се избoриме сo Грцијa и сличнo.Кoјa е пoентaтa твoјa?
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Кoмшијa,еден си oд пoреaлните членoви нa фoрумoв,сaмo у еден дел немoжaм дa те рaзберaм.Си прoтив прoменa нa име,нaјверoјaтнo ке бoјкoтирaш кaкo штo кaжa и сaмиoт,a oд другa стрaнa велиш декa немaме другa oпцијa,декa црвените линии зa иметo не дoвеле oвде кaјштo сме у мoментoв,декa сме премнoгу слaби дa се избoриме сo Грцијa и сличнo.Кoјa е пoентaтa твoјa?
Убаво пиша, само препрочитај се. Не е се' црно, не е ни се' бело. Не можеш (не зборам конкретно за тебе) ако си партијаш на есдеес да се слагаш во се' што партијата прави, не може ако си партијаш на дпмне, да се слагаш во се' што партијата прави и секогаш да го завземаш нивниот став. Не може никогаш да не згрешиш, едноставно, мора луѓето да размслуваат засебно, секој за себе. Тоа сакам да кажам, дека променана име е реална работа, нешто што ни виси две декади веќе над глава, нешто што беше очигледно дека ќе се случи кога-тогаш. Кога го потпишаа договоров, убаво реков, која е поентата на потпишување договор после 25 години кога истиов сме можеле да го потпишеме веројатно и тогаш? Можеби доколку ова се потпишело тогаш, не би ја имале 2001ва. Можеби не би имале криминални приватизации доколку би биле во ЕУ, можеби и ни тогаш не би влегле во ЕУ, како што можеби нема да влеземе ни сега. Јас ставот за референдумот го кажав, како што веќе и го знаеш а не е таков зошто „вововов го мењаме името“ туку затоа што има многу работи што се (да се изразам вака) задираат и истото боли. Плус, го додавам тука и вмровскиот начин на водење кампања што исто вади од такт, едноставно се ежам и ми се повраќа во исто време.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Не е ослободен од убиство.Сеуште има потерница по него.На овие двајца им е продолжен притворот.
Ослободен е. Пишуваше на сајтовите дека се откажала полицијата дека не може да го најде.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Демек ако има голема војна, Русија ќе рече "аааа, вие сте избрале НАТО, ок, нема кај вас"? :D
Ако има голема војна, нема бегање. Ако има „ситни војни“, тогаш ние ќе бидеме територија на која ќе си ги мерат силите, како во примерот горе што ти го посочив :) С. Арабија и Иран не се во војна, официјално :D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.348
Поени од реакции
26.350
Ако има голема војна, нема бегање. Ако има „ситни војни“, тогаш ние ќе бидеме територија на која ќе си ги мерат силите, како во примерот горе што ти го посочив :) С. Арабија и Иран не се во војна, официјално :D
САД го запали Блиски Исток заради нивни геостратешки интереси. Иран и КСА, Сирија и сите тие таму боранија народи не можеа да направат апсолутно ништо за да го спречат тоа.

Ако Русија се реши да го запали Балканот за баланс (веројатно од тоа се плаши САД, па затоа толку фокусирани на јужно крило) тогаш нема нешто што ќе спречи да не бидеме прва или втора држава во алката. Во НАТО или надвор од него. И да, ние ќе бидеме само теренот. Тие околу нас ќе бидат тие преку кој ќе го палат. Ние немаме капацитет да бидеме ништо друго.

Е сега, дополнително, ако САД прифати размена на територии помеѓу Србија и Косово, тогаш и тие сакаат запален Балкан. Тек тогаш ни се ебала мајката, и сто референдуми нема да го спречат тоа.
 
Се слагам, само мислам дека Иран и КСА не треба да се стават во „ситна боранија“ :D
Али ај, друга тема е ова а и искрен ќе бидам, немам некое сеопфатно познавање и не можам многу да навлагам во оваа тема.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.454
Поени од реакции
84.866
Имаа дестабилизација? Нешто како 2001-ва?

Унгарија не е дестабилизирана од никој.
Нас ни се деси дестабилизација, додека дремевме надвор под никаков чадор. Два председатели ни убија, за кратко време и т.н., да не набројувам.
Има некоја НАТО членка доживеано нешто такво, по падот на Ѕидот?
 
Знаеш за што зборам. Унгарија е премногу хомогена за да може да има воена дестабилизација. Ама од стабилна членка на ЕУ ја направија држава пред исклучување. Во нехомогена држава, истото влијание матер ќе и ебе на истата. Не и бега воен конфликт.

Ако сакаш уште примери, социјални немири во Романија, немирите во Бугарија и промените на власт пред некоја година, се што се случуваше во Турција. Популистичка власт во Италија што има директни и отворени симпатии кон Москва. Се е тоа дестабилизирање.

Не негирам јас дека НАТО значи засилена стабилност. Ама за држава како нашата таа засилена стабилност значи дека ако одлучат да не дестабилизираат наместо 50, ќе треба да потрошат 100 милиони евра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom