Ам океј, да, моја грешка што кажав дека немаат. Обично имаат многу малку, ме интересира колкава им е квотата за овие стипендии.Таму буквално нијанси одлучуваат кој ќе добие стипендија од универзитетот. И гледам имаат два вида стипендија, фул и само школарина.
Енивеј, не ми беше поентата да бараме кои даваат кои не. По мене, боље на јаки студенти да им се даде можност да студираат на вакви врврни високообразовни установи и потоа да се задржат во државава за да може тие да придонесат кон неа на било каков начин. Не дека само таа добила ваква стипендија. И затоа не гледам проблемот што се прави. Не требаше да и' дадат само затоа што Димитров е нејзин татко? Зарем тоа немаше да биде дискриминација.
А пошто ги спомна студентските домови, потполно те сфаќам и за тоа сум се залагал уште од пред 4-5 години дека во ужасна состојба сеи онака дека треба од ново да се направат. Е сега ти некако направи коментар (ако сум те сфатил добро) дека боље тие 40.000 евра да се дадат за обновување на домови. Јас сум да има средства за двете, со тоа што стипендиите да се делат многу потранспарентно, пред се'. Пошто сведоци сме дека во буџетот сме имале доволно средства ама оделе за глупости/по џебови на владеачката структура.[DOUBLEPOST=1536324657][/DOUBLEPOST]
Квотата што е предвидена од МОН не била исполнета во претходната година. Така што, не гледам како таа земала за некој друг.
И да, министрите имаат 1500 евра плата (не знам точно), не 15.000.