Прво, ова "мали" - можам татко да ти бидам и по искуство и по знаење.
Второ, не се замарам да ти го пријавам постот со лични навреди кои хистерично, средношколски си ги напукал за да ми вратиш за тоа дека сум ти кажал дека си составил глуп пост и згора на тоа си составил уште поглуп.
По знаење врска неам дали можеш да ми бидеш татко ниту ти го знаеш тоа, пошто на неколку наврати си тресел глупости и си покажувал незнаење и/или површно знаење за многу теми.
Супер. Ај вака. Кажи ми што од тоа што го напишав е глупо и неточно. Одвои го у цитат и елаборирај. Пошто ова што го пишуваш доле, никако не се коси со било што од тоа што сум го напишал. Вака изглеа само дека сакаш да јадеш гомна.
Трето, у кој тоа дел пишав дека Левица е огромна партија со огромна поддршка? Маргиналци се....за жал. Не "за жал" затоа што се брилијантни, туку затоа што светото тројство дпне-сдс-учк е канцер на државава.
Каде ја сум рекол, дека ти си рекол таква ствар?
Последно и најбитно. Во што "веруваат" во Левица и Солидарност? Штом вака го кажуваш ова, да те пратам со оној кловн МИКИ1 у религија да се објаснуваш, а не со разумен човек. Не е во "верување", туку во разбирање на работите.
Оваа реченица ти е многу глупа. Што сакаш да кажеш? Дека Левица и Солидарност не веруваат во тоа што кажувам дека веруваат? Дека они ги разбираат работите? Дека ја треба да ги разбирам работите? Не те контам. И каква врска има кловнот МИКИ1 со тоа во што веруваат Левица? Или колку да си кажеш нешто?
Првата и наједноставна метода некој да се омаловажи е со директно прогласување за лудак, секташ, фанатик на некој што те сфаќа дека си криминалец - проверена метода. Тоа ти го праиш сега, гратис за некого, пошо тешко дека си Анѓушев со масератито (затоа бафра го спомнав, пошо он го дрка на такви "способни" бизнисмени).
Тенок си со критичко размислување. Само пошто некој е мафијаш и има корист од тоа Левица да бидат нарекувани фанатици, тоа не го мења фактот дека многу од нив се фанатици и веруваат у глупости. Ти текнуе? Само пошто плукаат по некој си Анѓушев со масерари, тоа не им дава имунитет од критики. И кој сака, вклучувајќи ме и мене, ќе критикува за било што, што мисли дека е срање. Ако ти мислиш дека таа критика е глупа/неточна, мораш да елаборираш зошто. Тоа дека некој сељак има корист од тоа Левица да биде оцрнувана, па ради тоа не треба да се серат срањата на партијата, ти нема никаква логика
Класната разлика....само потсмевајте се на ова и чудете се од каде магично испливуваат проблемите од секаков тип: економски, политички, здравствен, образовен...
Тука глеам дека комплетно ми ја утињаш поентата. Ја не зборувам дека нема класна разлика или дека не треба да се зборува за тоа. Ја зборувам за сосема друго у првиот пост, што е поврзано со нивниот фанатизам. Препрочитај уште еднаш, и цитирај кој дел ти е спорен, вака не разбирам со што од мојот пост не се слагаш и мислиш дека е глупо.. Можно е да е така, можно е да не си го разбрал.
Јас не сум фундаменталист у ништо. Неам таков однос према Хичкок...тоа шо си го пишал е лично искуство со пар тврдокорни ликови.
Како муабетов дојде до тоа што си ти и каков однос имаш ти према Хичкок? Ја зборуем за членови на Левица. Ти член на Левица си?
Германската ултра-левичарска група RAF во 70-ти години ставала бомби у стоковни куќи на ланци на големи капиталисти. Во однос на нив, овие твои другарчиња се п***ња. Да не зборам за shining path или Чиапас и јужноамериканските ултралевичарски групи што уште тераат своја борба со калашњикови низ прашумине. Овде има примитивен капитализам у кој орце, фамилијата, заев, анѓушев, зинго ја држат државава до последен милиметар, а народов нема пара месец да прогура. И тоа што е вработено е во некој sweatshop, каммаркет, шуберт срања со месечен џепарац и коски оставање на работа, а нема еден синдикат да чуеш дека функционира, еден протест да се напраи. Ќе состави Левица некое соопштение на таа тема и одма имаш македонски лов на вештици "ете ги секташите"...епа чудете се после зошто секој нареден повеќе ја ебе државава од претходниот.
Пак не разбираш. Независно од тоа кои се мотивите на македонското население поради кои ги нарекува Левица „вештерки“ и дали тоа е директната прична зошто секој нареден повеќе ја ебе државава од претходниот - нешто што ти го упростуваш и банализираш за да докажеш невалидна поента, тоа не го мења фактот дека тоа што го пишав е точно. Разбираш? И фактот што има пофанатични маоистички организации ко Shining Path, тоа што анархистите у Грција се сто пути позаебани од нашите, пак не го мења тоа што сум го пишал. Ја нигде не реков дека не постои градација у тој фанатизам. Сакам да ми објасниш, зошто мислиш дека тоа што го пишав не е точно и/или е глупо, а не дали треба да ги плукам Левица, во времиња кога имаме поголеми срања. Тоа дали треба да се праи лов на вештерки или луѓе треба да се посветуваат на побитни работи, е сосема друг муабет. Ја што ќе пишам на форум, за кој ќе серам и на што ќе се фокусирам, е моја лична работа. Мене ме интересира, што е неточно и глупо од тоа што сум го пишал.
Има луѓе шо одат у партија главно за лична корист. Има и "будали" што веруваат у идеологија. Има такви шо одат да опнат нешо...
Да де, има и по некој што случајно заглавил таму пошто барал продавница за планинарска опрема, има секакви. Проблемот е што пак го разводнуваш тоа што го пишуем. Процентот на такви какви што јас ги опишувам, е најогромниот процент, а процентот на тие што идат да опнат нешто или ради лична корист (у Левица за лична корист ќе идеш сигурно), е екстремно мал. Строго емпириски утврдлив факт, е дека скоро сите, со по некој исклучок, спаѓаат у профилот на луѓе што ја го опишав погоре. Левица е поприлично идеолошки ориентирана партија. А дали длабоко у нив, они дошле само да ебат или за лична корист (колку е глупо ова), е нешто што не може никој да го знае освен они. Според тоа што го кажуваат и го прават, се будали што веруваат у идеологија. Доволно е да видиш што беа Ленка и Солидарност, за да знаеш Дексо, Горазд и цела таа багра, од кај доаѓаат и за што се залагаат.
гледај го ти кругот на луѓе што го прибираат. Пред изборите нив ги поддржуваа претежно интелектуалци, што е иронично, затоа што баш тие што гнијат по градилишта, фабрики за без пари - тие требаше да ги поддржат. Сега ситуацијата е поинаква. Вмороњите застанаа зад легалистичкиот пристап на Апасиев околу договорот со Грција и референдумот, кој тера фејсбук борба, а ќе биде заобиколен многу лесно од преварантиве и затоа само влева лажна надеж.
Ова е така и се слагам. Ја не го оспорувам тоа дека просечниот пролетер, ниту знае за своите права, ниту знае кој ги застапува неговите права. Ова за Вмроњите што бојкотираат и се за обврзувачки референдум и што застанаа зад легалистичкиот пристап на Апасиев, наспроти тоа што го пробува Апасиев, е сосема друг муабет од првичната тема на дискусија. Ја воопшто не пишував за тоа што Апасиев го прави околу критикување на референдумот и дали е тоа правилно. Ја зборев за членовите на Левица, во што веруваат членовите и кои се идеалите на партијата. И зошто е тоа срање според мене.
Да не расукавам многу - на лопужаанава на власт и фали трета опција (дали Левица или нешто друго не е битно), за да биде таа што ќе уценува при коалицирање, таа што ќе му укаже на народов дека вицепремиер не може да биде некој со 300 бизниси или директор за јавна безбедност некој со 1000 бизниси, братучеди, кумашини, пматерине...да престане ова Африка да биде веќе.
Ја не кажуем дека не фали трета опција. Ниту кажуем дека не се слагам со ова што го пишуеш. Само уште не разбирам, со што ти од тоа што јас го пишав, уствари не се слагаш?