Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Н

невидливио

Гостин
Abe soooo, nema greska. Zatoa bese smeneto posle parlamentarnite, samo radi koi greski i prema koj zgresija ne spomna.
Za lokalnite duri e i glupo da se raspravas zosto gi izgubija tolku katastrofalno ili pak skraja da e da ne ja zanaes pricinata. Duri i na najtvrdokornite komunjari im e jasno sto i kako, nekoj izguben vo vremeto i prostorot ke zakaci zelena kako bombite i nekoja slicna glupost, na site ostanati manje vise im e jasno sto e pricinata za potopot na lokalni.
Што е причината?
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Интересно, најпосетувана тема на форумов ол тајм е Бугарско државјанство (процедура и потребна документација).
Прегледај го приврзокот 195039

Повеќе и од темата резервирана за случувања во државава, "Смилковско Езеро" и било што останато на форумов.
Тоа значи дека изминатава полу-деценија, секој граѓанин во МКД во просек по 3.5 пати ја има отворено темава и просечниот граѓанин повеќе бил заинтересиран на оваа тема отколку посуштински теми во нашава држава.
Во друга смисла на зборот, повише кур го болело дали ќе стане бугарин отколку што се случувало во земјата.
Ме интересира и би сакал да знам како може просечниот граѓанин изминатава деценија да бил заинтересиран за бугарски пасоши а денес истиот да е против организирање на референдумот.
Me интересира како бугарско државјанство звучи попримамливо од промена на име, дали "признавањето" дека предокот на просечниот македонец бил бугарин е побезболно од промената на името?
Дали мислите дека со начинот на размислување на просечниот граѓанин во нашава држава би можеле да опстанеме како држава без влез во НАТО и ЕУ?
Поактивна е затоа што е и постара тема, а и за политика се збореше и во други теми, имаше порано само за СЈО исл.
Јас од кога реагирам да се затвори таа тема, ама нема feedback од администрацијата.
Инаку, имаш истакнати „револуционери“ овде, како ланс, шо се ложеше дека ќе фрла бомби на влада своевремено, а у меѓувреме си пишуваше и у таа тема....мислам, таков гној фиромски, северномакедонски - тоа е тоа шо не гние.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Еми за да може да пребега од кога ќе ги фрли бомбите - како комитите исто пред 100 години:):)
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.594
Поени од реакции
22.323
Нишо нив да ги очекуваме сега:) Мора да им дадеме на германциве поради заложбите на дада Меркел.
Реално цените им се далеку повисоки него на Виз. Луфтханза веќе преку Аустриан е влезен во Македонија. Така да не вероватна варијанта.
 
Член од
26 јануари 2007
Мислења
830
Поени од реакции
842
Поактивна е затоа што е и постара тема, а и за политика се збореше и во други теми, имаше порано само за СЈО исл.
Јас од кога реагирам да се затвори таа тема, ама нема feedback од администрацијата.
Инаку, имаш истакнати „револуционери“ овде, како ланс, шо се ложеше дека ќе фрла бомби на влада своевремено, а у меѓувреме си пишуваше и у таа тема....мислам, таков гној фиромски, северномакедонски - тоа е тоа шо не гние.
Темата за бг пасоши е отворена 2014, пример Смилковско е отворена 2012...
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Е па следи ја дискусијата и пишувај согласно неа. Мојот одговор беше на друга реплика, каде пишува (отприлика) дека старата власт е заменета заради нивни грешки и сл. Јас одговорив дека не е така и наведов што се случи. Ако СДСМ имаше најголем број на гласови/пратеници, т.е. ако победеше на изборите, тогаш тоа ќе „држеше вода“. Јас реплицирав со аргументи зошто не е така.
Кога се разговара, треба да се држи конзистентноста на разговорот. Научи го тоа, без да лепиш етикети пред време. Се надевам дека ти е јасно што ми е „муабетот“.
А дали „победник со победни“ било глупавост, тоа е друга приказна. Најдобро распрашај се во ДУИ што мислат за тоа. Во 2006 г. го блокираа автопатот барајќи „победник со победник“. Истите луѓе беа и денес, и тогаш. Прашај дали „еволуирале“ или некој им нареди да „еволуираат“. Страшно ме „занимат“.
Сега веќе комуницираш нормално, не знам што ти требаа претходните надмени и бесполезни реплики.

Сепак ти тргнуваш од тезата дека ВМРО-ДПМНЕ победиле на изборите што е точно ама таа победа е Пирова победа затоа што не направија влада. Верувам знаеш дека на избори нема награда за прво, второ и трето место туку само ако си во влада, се друго е небитно!

Ти држиш теза дека ВМРО не било казнето од гласачите за лошото владеење што е нонсенс затоа што после 11 години власт ако те бивало не 61, 80 пратеника треба да освоиш а не само што не беа освоени туку и на локалните се случи катаклизма, бастионите на ДПМНЕ беа загубени. Сега ако во штаб вака мислат како тебе дека виши сили (Бејли и ко) се криви а нема внатрешна кривица ќе ве чекаат уште изненадувања на следните избори.

Точно е дека беше договорена влада со ДУИ и точно е дека беше интеренирано контра (од страна на се знае кој) ама па што правеле во штаб, демек не знаеле каде дува ветерот па биле изненадени од интервенцијата?

Тоа што ДУИ барале гигантска измислица на таканаречен “победник со победник“ е сосема нормално, сакаат во влада ако треба ќе бараат и марсовец со марсовец ама тоа не значи дека треба да се прифати. Впрочем не ми одговори ако утре Левица (или било која друга надетничка партија) фати повеќе „албански“ гласови (иако гласовите не се етнички така да и тоа е правно неиздржано) како ќе функционира принципот победник со победник? Одговори на ова без врткање.

Дилетантизам е после 11 год да не формираш влада, да зборуваш битни инкриминирачки муабети по телефон, да загубиш на локални со катаклизмични резултати, да се фемкаш за референдум демек без став, да не бараш веднаш нови избори (што секоја нормална партија би барала) и сеуште наивно да веруваш дека си прав а само Цацко е крив.

Во секој случај најголема жртва е народот кого никој не го есапи ни 2% и служи единствено да пополни гласачко ливче веќе 27 години.
 
Н

невидливио

Гостин
Во секој случај најголема жртва е народот кого никој не го есапи ни 2% и служи единствено да пополни гласачко ливче веќе 27 години.
Не! Не е воопшто жртва. Чим преку милион луѓе веќе дваесет и кусур години ги гласаат истите партии и политичари значи мнозинството граѓани задоволни се. Нема друго објаснување.

Тие што се незадоволни се помалку бројни, инаку ќе победеа на избори.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983

Што се однесува до надмените реплики, беше согласно твојот стил на реплика. Мислев дека така сакаш, штом така пишуваш.
Останатото е веќе дискутирана работа. Само кажав дека владата се правеше во разни кујни, а не согласно гласањето и праксата.
За „победник со победник“ прашај ги ДУИ како го замислуваат тоа. Тоа е нивна измислица и агресивно се бореа за тоа. Како ќе се однесуваат во иднина, ќе видиме.
Во штаб што мислат јас не знам. Мене ништо не ме чека на следните избори, јас не сум дел од политичките штабови, ниту сум учесник на изборите.
За локалните избори, мислам дека е продолжена тема, но, прифатени се резултатите и не се води многу војна околу тоа. Една работа би ја напоменал, огромниот број на погрешни ливчиња во различни избирачки места (900 и кусур) и никој за тоа не дигна врева. Се прашувам, да беше ВМРО ДПМНЕ власта која организирала такви избори, колку протести ќе имаше, колку колумни ќе се напишеа за диктаторската власт и фалсификати, колку странски негативни извештаи (а можеби и барања) ќе следуваа.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Не! Не е воопшто жртва. Чим преку милион луѓе веќе дваесет и кусур години ги гласаат истите партии и политичари значи мнозинството граѓани задоволни се. Нема друго објаснување.

Тие што се незадоволни се помалку бројни, инаку ќе победеа на избори.
Ами за кого да гласаат. Кој ќе се пријаве за тој може да гласаат. Политичари се посебен тип на (не)луѓе, зошто Трајко или Трпе не се пријават па за нив да се гласа..
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Пазете ги вашите деца, забележани се луксузни скапи џипови на МВР како киднапираат деца низ Скопје и присилно ги носат на одмор во Грција со полн пансион, ги тераат на сила да купуваат во ЛИДЛ и после ги враќаат во Скопје со видни трауми, потемнет тен и зголемена телесна тежина.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Пазете ги вашите деца, забележани се луксузни скапи џипови на МВР како киднапираат деца низ Скопје и присилно ги носат на одмор во Грција со полн пансион, ги тераат на сила да купуваат во ЛИДЛ и после ги враќаат во Скопје со видни трауми, потемнет тен и зголемена телесна тежина.
Да и сето ова што ти убаво си го опишал треба да се пријави во МВР ... упс ... wait ... :masa:[DOUBLEPOST=1533648291][/DOUBLEPOST]ДПМНЕ изгледа нема да има никаков официјален став по овој референдум т.е. нема односно не смее да ги повикува на бојкот своите членови и симпатизери, но сепак потајно ќе се оди на тоа да се бојтотира, преку смс-пораки и сл. методи ќе се тера членството да не излегува на референдумот ... како и да е според сите анкети овој референдум ќе биде масовно бојкотиран од народот, но што фајде од сето тоа кога премиерот јавно кажа дека без разлика на исходот од референдумот институциите и онака ќе си го имплементираат договорот, значи пак народот ќе биде изигран, ќе биде заобиколен и ќе биде губитник и договорот ќе си помине и ќе се имплементира институционално, а после година, две, три веќе никој и нема да говори за ова што сега се случува во државава !
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom