Точно.Најголемиот товар ќе падне на граѓаните.Ние како Фиром 27 години произведуваме корупција,кражби, све обратно од нормалното. Со новото име ќе се промени само името, старите навики ќе останат. Затоа сме многу далеку од ЕУ.А како граѓани сме во ЕУ влезени. А како држава потешко е изгледа.
Кај нас корупцијата завзема хронични димензии, никој нормален не би си натоварил на врат уште еден проблем, а ЕУ моментално ги има во низа. Нашето членство кај нив им е на последното место приоритети.
Некој ќе ми ја спомене Бугарија и Романија, можеби. Тоа беа грешки кои што ЕУ ќе се погрижи да не им се повторат. Тие влегоја таму силом прилике, и во такви едни околности ако ги ставиме на вага нив и нас, мислам дека се подразбира на која страна ќе натежне вагата.
Тие ти се држави во права смисла на зборот. Нив никој не им го оспорува нивното постоење и идентитет.
Самиот факт што сме се ставиле во спрега да преговараме за вакви прашања доволно говори за нашата спремност да бидеме држава.
Нека ја плука кој сака бивша ЈУ, но со оглед на моменталиве околности таа творевина беше најдоброто нешто што му се случило на овој народ. Тоа беше инкубатор во кој што нам ни беше овозможено слободно да се развиваме.
Да се соочиме со фактот дека нас не не бидува за водење држава. Немаме кадар ниту пак цврста национална свест за да опстоиме како народ.
Па која порака ја праќаме кон светот и идните генерации ако толку лесно се откажуваме од работи врз кои што треба да почива нашата државност?
И после сакаме некој да не земе за озбилно и да преговара со нас за членство во најбогатиот клуб на држави во светот.