Мене ми се смешни кога спомнуваат рокови за влез во ЕУ иако никој не им дал конкретни гаранции и јасен датум. Ние не добивме сеуште јасен датум за преговори а овие маштаат за влез во ЕУ таму некаде 2025 како официјална година.
На секој со малку познавање на процедурите за влез и целокупниот преговарачки процес за членство во ЕУ, притоа ако е добро запознат и со внатрешните околности, зборам за владеење на право, судски систем, борба против корупција, реформи во јавна администрација...ќе му стане јасно дека менувањето на името е само капка во морето работи кои што треба да ги исполниме а не сме ни близу до нивно исполнување.
Па тргнувајќи од овој факт, со малку логика, треба да им стане јасно на сите дека членството во ЕУ моментално е ставено во втор план. ЕУ е декор, лажен стимул кој што се користи за полесно да се убеди народот да се откаже од самиот себеси за некаква си далечна перспектива која што не е потврдена од ниеден релевантен фактор, е фантазија во моментов, која што нашите предавнички политичари ни ја продаваат како: "да се биде или не" уценувачка варијанта.