Маршот е најавен во време кога ти типче тврдеше дека ДПМНЕ го продале името и јазикот, значи 10 Јануари.Тогаш си е најавен маршот, а како датум се погоди овој, сите тогаш сигурни бевте дека ДПМНЕ прави влада.Второ зошто пример ако е про-ДПМНЕ се вадеа најжестоки соопштенија кога тие беа мандатори а ? Зошто тогаш беше даден проглас проклети да се предавниците ? Сега нема никакви сооптенија од таков тип, ние сме само едноставно против Учки да прават влада.Тeбе как борец против режимот не ти смета пола режим да ти остане на власта тоа е ДУИ ?
Денес се виде јасно дека здружението е независно и антипартиско.Тоа е формирано 2017 а како што потврди член погоре, читајте едно 15 страници наназад, членовите секогаш се биле дел од протести против власта или протести кои се за заштита на националните интереси.Во 2011 се водеше масовна хајка против десничарите поради 2 настани, кога беа местени, и стално одеа по судови, некој сеуште одат.Знам дека многумина сметат дека сме формирани од ДПМНЕ, некој имаа доблест се извинија, некој не ви дава инатот.
Од денес за било кој настан кој е против државата, ние ќе сме тука, колку сме толку сме.
https://tvrdokorni.wordpress.com/2017/01/22/ponizuvanje_heroite/ ова соопштение во кое се префрла за бранителите и понижувачкиот однос од ДПМНЕ кон нив, мислам збори повеќе од било кој коментар јас што ќе го дадам тука.
А маршот е успешен, без поддршка на НВО, партии, разни спонзори, успеавме да собереме толку народ, иако искрено очекувавме помалку.Ние сме презадоволни, и сметаме дека сме на прав пат.
Само сакам да прашам еден член на форумот од кој бев изненаден како даваше поддршка на коментари што го оцрнуваат здружението а тоа е
@Ilumious дали по денешниот марш, и кога увиде јасно кој се членови, сеуште смета дека ние сме некакви платеници на ДПМНЕ ??