И додека ние се занимаваме со менување на имиња, ЕУ и НАТО, забораваме еден факт, дека ни ако го смениме името, ни ако влеземе во НАТО и ЕУ, ни една од овие работи нема да ни ги реши внатрешните безбедносни проблеми кои што години наназад тлеат и институциите задолжени за нив преќутно ги одобруваат со нивното неделување, вртење на главата на страна...
Еве убиецот нека лежи в затвор, море нека гние и коските нека ги остави таму, не беше ни прв ниту пак ќе биде последен во иднина кој што ќе изврши вакво гнасно дело, очигледно мотивирано од меѓуетничка омраза. За ова треба функционална држава а не мафијашка творевина поделена на два кланови кои што соработуваат еден со друг.
Овие гнасотии помеѓу политичките елити се нужно зло за одржување на тензиите измеѓу албанската и македонската заедница. Ова е жртва платена во крв за зацврстување на нивниот пакт, бележење на вештачки граници, поделби на зони на влијание...
Овие злодела нив ги хранат, секоја година даваме по неколку жртви, сите ние ги убиваме со нашиот молк, страв...
Безбедносните структури не прават ништо за нивна превенција, едноставно чекаат да се случи наредното убиство и толку. Институциите се соучесници.
Ние сите во оваа држава сме движечки глинени голуби, никој нема да не одбрани, сами сме оставени како јагниња измеѓу глутница волци. ЕУ и НАТО нема да ги решат овие проблеми, не се во нивна ингеренција, има да тлеат со години. Ова се проблеми на внатрешната безбедност, наш колективен проблем.
Ние се распаѓаме одвнатре, општеството е контаминирано со омраза и страв. Ова е веќе вештачка творба, заложник на вољата на група изроди, шлајмот на човештвото.