Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ со сигурност поучени од 27 Април нема да се залетаат така лесно и да излезат пред Собрание во протест кој го организира навивачка група, а веќе видливо е дека има провокатори и потпалувачи на ситуацијата вметнати меѓу народот на самите протести со цел да направат инцидент со што ќе предизвика полициска бруталноста како вчера. Тоа е моето гледиште. Некој има интерес со такви провокатори да го задуши немирот кај македонците со цел да ги демотивираат да го изразат својот став на протест. А таков инцидент им одговара на Заев и СДСМ и еве уште денес одлично си ја вршат задачата со медиумските полтрони да го релативизираат полициското насилство како демек жени 60 годишни и малолетни деца се тие што потикнале насилство и заслужиле да јадат пендрек и солзавец, а не е тоа дело на поединци кои дали се во форма на провокатори или револтирани луѓе со вжештени глави кои реагираат жестоко е нејасно сеуште. Мислам дека зрело постапува ВМРО-ДПМНЕ во однос на такви собири, затоа што уште еден 27 Април не е пожелен, а од тоа исклучива корист ќе имаат потписниците на овој претерано лош договор за нас. Во моментов сите сме со вжештени глави и многу емотивно го гледаме сето ова што се случува, а некој тоа и го сака да го правиме со цел да профитира од ситуацијата. Секој протест, револт е во ред во ситуацијава, но каков ќе биде крајниот исход е прашање...
Од друга страна Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заслужуваат критика затоа што и во нивниот говор се доста резервирани, но и протестот не е единствена форма во која сега можат да делуваат. Повик за блокади на важни собраќајници низ државата, гранични премини, во Собрание пратениците имаат шанса да не дозволат лесно да помине седницата за ратификација па макар по цена на нивно исфрлување од неа, недавање согласност да се конституира ДИК (треба 2/3 и претседател од ВМРО-ДПМНЕ) со што утре референдумот ќе виси...Имаат добар избор на средства кои треба да ги искористат, но сепак редно е да покажат заби.
Мислам дека Мицкоски колку и да е критикуван затоа што не реагира емоционално како сите нас, не е толку човекот лаик да си ја загрози политичка кариера во интерес на Заев и СДСМ. Сигурно и самиот е свесен дека доколку изигра како што треба овој период ќе има можност да ја води државата за скоро време, во спротивно со лоши чекори и одлуки ќе заврши неславно и незапамтливо во пресудни историски моменти за државава, а сигурно и партијата ќе ја однесе во лоша позиција во иднина со такви чекор.
Како и да е, тоа си е нивна работа и секоја одлука во која форма ќе дејствуваат наредниот период ќе се одрази врз нивната поддршка во иднина. Јас пишав дека во моментов не е битна партија, битна е Македонија. А секој кој што ќе се однесува по партиска релација, а не по македонската е обичен партиски полтрон кој му се поважни задоволувањето на личните интереси и амбиции, отколку тоа што е навистина проблем, а тоа е овој штетен договор. Така да според мене небитни се ни ВМРО-ДПМНЕ ни СДСМ, важно е како ќе се поставиме како македонци во овие клучни моменти.