Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Од таа голема држава со такви умови и војсководци, сега остана (за жал) шљам кој е мрзлив, неработлив, корумпиран, незаинтересиран да оди напред и очекуваме да добиеме се што ќе посакаме на стара слава, како во основно што сме добивале 5ки...
а колку подобри се грците, одам на одмор и гледам; фрлена е таму огромна пара, ете на пример бев уште 2004 во Македонија и возев доста од Флорина до Едеса и до Птоломеида, толку непотребни патишта кој сега трева фаќаат; пред 5 години бев со автобус до Крф, таму се заборавиле од праење тунели... после имаат 1000 милиарди евра долг... а кога ќе видиш исто како тука бездомни кучиња, низ градчињата не може да помонеш ...
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Какви тоа организации се НАТО и ЕУ и на кои принципи се базирани ако за влез треба да се откажеш од самоопределувањето ?
Значи не се НАТО и ЕУ тие што викаат дека треба да смениш име, туку Грција (член на овие организации).
НАТО и ЕУ не те прифаќаат во друштво ако не те прифатат СИТЕ членови на друшвото.
Ние сме во позиција да се "мразиме" со Грција затоа што имаме спор околу името, спор кој е расправија врз основа на некои историски моменти кои се случувале пред 2000+ години, у прицнип се расправаме за глупости.. е сега ова ти е ко детска тепачка, поголемото и посилното дете ќе победи.... затоа попаметно е да баталиш расправање, да послушаш што ќе ти кажат и да си тераш понатака (посигурен и побезбеден) наместо да останеш сам, незаштитен и ГОРД што имаш име што се спомнувало од пред 2000+ години.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.814
Поени од реакции
15.738
Структурата нивна е да мора да има консензус за прием на нова членка. Грција е полноправна членка со право на вето. Мали сме и немоќни. Неправеден и корумпиран е светот по секој основ. Искрено мислиш има пат Македонија без еу и нато ?
доста со глупостите за Нато, Германија спрема Европска војска, многу поефтина и без ангажмани во други континенти... освен тоа Трамп најави бркање од Нато на голтарите од ЕУ кој не плаќаат
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
По кое тоа демократско правило треба да се смени името, знаеш да кажеш ?
Правилото на посилниот и тоа во суштина го гледаме секој ден во меѓународната политика.

Грците се едни од најголемите балкански сељаци, а со такви треба или паметно или со сила.

Трето нема...

Инаку од сношти го започнавме муабетот, и да ти кажам нема никакви гаранции за ништо, можеби за 5 години ќе се распадни ЕУ или НАТО.

Ама ако се распадни ЕУ, 90% сум сигурен дека ќе има војна на Балканот.

Во војни на балканот ние добивме држава во 1945 и 1991, така да можи во една нова војна ќе ја обединиме Македонија, па тогаш ќе ја имаме и источна и западна и јужна :)

Гледаш дека иако муабетов што го кажав држи вода, сепак се глупости, за тоа што би било кога би било, ако не гледаме реално на работите и си правиме со умот бајрам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Значи не се НАТО и ЕУ тие што викаат дека треба да смениш име, туку Грција (член на овие организации).
НАТО и ЕУ не те прифаќаат во друштво ако не те прифатат СИТЕ членови на друшвото.
Ние сме во позиција да се "мразиме" со Грција затоа што имаме спор околу името, спор кој е расправија врз основа на некои историски моменти кои се случувале пред 2000+ години, у прицнип се расправаме за глупости.. е сега ова ти е ко детска тепачка, поголемото и посилното дете ќе победи.... затоа попаметно е да баталиш расправање, да послушаш што ќе ти кажат и да си тераш понатака (посигурен и побезбеден) наместо да останеш сам, незаштитен и ГОРД што имаш име што се спомнувало од пред 2000+ години.
Аха, значи цела организација се приклонува и се солидализира со фашистичките барања на една членка... И притоа викаш дека нема што да се буниме, мора да се приклониме кон тоа, затоа што тие се силни,, а ние сме немоќни и ако неќеме милум, ќе го добиеме силум... Значи сега да беше 1941 година, ти ќе вееше свастика ...
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.007
Поени од реакции
2.043
Mame mu ebam ej..... grcija menjava ime na makedonija, oni protestiraat mrtov Albanec :neetaka:
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
а колку подобри се грците, одам на одмор и гледам; фрлена е таму огромна пара, ете на пример бев уште 2004 во Македонија и возев доста од Флорина до Едеса и до Птоломеида, толку непотребни патишта кој сега трева фаќаат; пред 5 години бев со автобус до Крф, таму се заборавиле од праење тунели... после имаат 1000 милиарди евра долг... а кога ќе видиш исто како тука бездомни кучиња, низ градчињата не може да помонеш ...
Се заборавиле од правење тунели? Како е тоа лошо што изградиле автопат што ние (за жал како што тргнало) никогаш нема да изградиме...
Подобри се на долгата трка затоа што се побројни, побогати од нас, и тук-там по некој попаметен ќе се роди... кај сме ние во светот?
И јас сакам да бидеме Израел, ама не сме таков народ (пак ќе кажам за жал), не сме толку работливи, не се држиме толку еден со друг, не сме толку учени, не извезуваме памет туку проста-средна работна снага и пиперки, а со тоа не можеш да бидеш гласен во светот.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.969
Поени од реакции
17.799
Mame mu ebam ej..... grcija menjava ime na makedonija, oni protestiraat mrtov Albanec :neetaka:
Брат тоа се вика загревање како пред испаѓање во град кога се збирате со друштво на по чашка две :D
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Најголем дел од групата „името не го даваме’ прават големи компромиси кога личната ја корист ја гледаат сега и овде, во материјална смисла…

Практично сум убедена дека најголем дел од луѓето од групата “името не го даваме” праат многу големи компромиси кога личната ја корист ја гледаат сега и овде, и најчесто во материјална смисла.

На пример ако некој нема стан и во банка му/и речат ние сме спремни да ви дадеме кредит на 30 години, со 1% камата, но проблем е што се викате Рајна, па ако би се прексртиле во Петра, би ви го дале. Што мислите, колку ќе го сменат името? Ако видат корист сега и овде за себе, се пишуваат Бугари за бугарски пасош без проблем. На граница со Грција, без проблем си внесуваат Фиром само поскоро да дојдат до грчка плажа.

Но, некој треба да им го чува името бидејќи за нив е тоа апстрактен поим, симбол на национална гордост. Не гледаат од промената на името сега и овде корист за себе и тогаш некој треба да им го чува. Особено пак ако се далеку од татковината, тогаш додека си ги уживаат удопствата од развиениот свет каде Македонија се стреми и не може да влезе поради нерешен проблем со името, некој треба во родната им земја уште пожестоко да го брани името, симболот на нивната некаква апстрактна гордост. Значи и со лицемерието се претера.

Некој собрал храброст, се понел зрело и фатил да го решава проблемот за да ги откочи перспективите за земјата и од приложеното, дал се од себе да има достоинствен договор.

Јас не го бранам решението затоа што го поддржувам Заев. напротив. Јас го бранам решението затоа што само приближувањето до ЕУ е начин, груевизмот да не биде заменет со заевизам. Една година беше доволна да се види дека поволностите што ги нуди системот на изолација и заробена држава, сака да си ги зграпчи секој што ќе дојде на власт. Заев само можеби не е садист како Никола, но непотизмот, партиските вработувања, корупцијата, остануваат силно вгнездени со ден повеќе со името Република Македонија, а далеку од светот.

Па уште кога ќе прочитам дека не сме биле до сега ФИРОМ, тоа било референца. Добро вие така што тврдите сте излегле на момент од државата? Ти може да си дома Петре во 60-те квадратни метри, ама ако надвор сите те викаат Стојан, тоа не е баш референца. Да ве потсетам дека “гордиот” Груевски гордо се шеташе со името ФИРОМ кога беа средбите на ЕПП затоа што поинаку не му даваат да припари таму.

Затоа гледајте да се отвори патот кон ЕУ за да може да се оправи здравството, образованието, да се инвестира во инфраструктурата и луѓето достоинствено да живеат, а не “достоинствено” да се именуваат умирајќи по болнички ходници, со деца кои учат од партиски поставени професори, со плата која не е доволна ни за преживување. Зграпчете ја шансата за живот и не ширете демагогии и лицемерие.

Ида Протугер – Фејсбук статус
edna od mnogute amebti sto mislat deka imeto e pricinata za mentalitetot vo drzavava i deka istiot toj mentalitet magicno kje se smeni vo evropski so promena na imeto. beter od deca vo gradinka se.
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Аха, значи цела организација се приклонува и се солидализира со фашистичките барања на една членка... И притоа викаш дека нема што да се буниме, мора да се приклониме кон тоа, затоа што тие се силни,, а ние сме немоќни и ако неќеме милум, ќе го добиеме силум... Значи сега да беше 1941 година, ти ќе вееше свастика ...
Прво, зошто фашистички?
Друго, немоќни сме и треба да тактизираме и да се приклучиме на страната што победува...
Трето, 1939 почнува WW2, и никогаш не би веел свастика
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Правилото на посилниот и тоа во суштина го гледаме секој ден во меѓународната политика.

Грците се едни од најголемите балкански сељаци, а со такви треба или паметно или со сила.

Трето нема...

Инаку од сношти го започнавме муабетот, и да ти кажам нема никакви гаранции за ништо, можеби за 5 години ќе се распадни ЕУ или НАТО.

Ама ако се распадни ЕУ, 90% сум сигурен дека ќе има војна на Балканот.

Во војни на балканот ние добивме држава во 1945 и 1991, така да можи во една нова војна ќе ја обединиме Македонија, па тогаш ќе ја имаме и источна и западна и јужна :)

Гледаш дека иако муабетов што го кажав држи вода, сепак се глупости, за тоа што би било кога би било, ако не гледаме реално на работите и си правиме со умот бајрам.
Види не се бунам јас кога ќе се согледа моменталната состојба, колку и да не ми се свиѓа... Друго ми е мене, овој од погоре, мантра за демократија, а свесен е за фашизмот... Па уште ме убедува дека е тоа демократија....

Исто како шарениве... попут Ида Протуѓер на фб мантраат за примитивизмот на тие што протестрале за името, и како треба еднаш да тргнеме напред, во името на демократијата, а преќутуваат фашистички чин.,...

Треба да си малоумен, за да ги браниш... Нивниот став кон фашизмот и лицемерието или незнаењето што го покажуваат навредува повеќе од промената на името... Да не беа тие таквите, исто како и да не беа квазипатриотите... ќе имаше просперитет и без промена на името...

Неможеш да наречеш демократски процес, процес во кој преку уцени менуваш име и се бориш за идентитет... Тоа е лага... А чим лажеш имаш скриена агенда...[DOUBLEPOST=1528937971][/DOUBLEPOST]
Прво, зошто фашистички?
Друго, немоќни сме и треба да тактизираме и да се приклучиме на страната што победува...
Трето, 1939 почнува WW2, и никогаш не би веел свастика
А демократска е уцената за промена на име ?

1941 доаѓаат нацистите кај нас.. биле супериорни воено и секако слично како НАТО сега... требало да им се приклучиме ли само дека се јаки и дека во тој период победувале ?
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
доста со глупостите за Нато, Германија спрема Европска војска, многу поефтина и без ангажмани во други континенти... освен тоа Трамп најави бркање од Нато на голтарите од ЕУ кој не плаќаат
Се надевам не си сериозен дека трамп го мешаш со долгорочни цели и планови на САД. Кажи уште дека Јанко Бачев е спас за Македонија.
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Види не се бунам јас кога ќе се согледа моменталната состојба, колку и да не ми се свиѓа... Друго ми е мене, овој од погоре, мантра за демократија, а свесен е за фашизмот... Па уште ме убедува дека е тоа демократија....

Исто како шарениве... попут Ида Протуѓер на фб мантраат за примитивизмот на тие што протестрале за името, и како треба еднаш да тргнеме напред, во името на демократијата, а преќутуваат фашистички чин.,...

Треба да си малоумен, за да ги браниш... Нивниот став кон фашизмот и лицемерието или незнаењето што го покажуваат навредува повеќе од промената на името... Да не беа тие таквите, исто како и да не беа квазипатриотите... ќе имаше просперитет и без промена на името...

Неможеш да наречеш демократски процес, процес во кој преку уцени менуваш име и се бориш за идентитет... Тоа е лага... А чим лажеш имаш скриена агенда...
20+ години поминаа додека ние да почнеме со тој просперитет... и до кај сме стигнати кажи ми?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
20+ години поминаа додека ние да почнеме со тој просперитет... и до кај сме стигнати кажи ми?
До таму, да веќе сме убедени дека името е пречка за просперитетот.... Ти си доказ за тоа...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Види не се бунам јас кога ќе се согледа моменталната состојба, колку и да не ми се свиѓа... Друго ми е мене, овој од погоре, мантра за демократија, а свесен е за фашизмот... Па уште ме убедува дека е тоа демократија....

Исто како шарениве... попут Ида Протуѓер на фб мантраат за примитивизмот на тие што протестрале за името, и како треба еднаш да тргнеме напред, во името на демократијата, а преќутуваат фашистички чин.,...

Треба да си малоумен, за да ги браниш... Нивниот став кон фашизмот и лицемерието или незнаењето што го покажуваат навредува повеќе од промената на името... Да не беа тие таквите, исто како и да не беа квазипатриотите... ќе имаше просперитет и без промена на името...

Неможеш да наречеш демократски процес, процес во кој преку уцени менуваш име и се бориш за идентитет... Тоа е лага... А чим лажеш имаш скриена агенда...[DOUBLEPOST=1528937971][/DOUBLEPOST]
А демократска е уцената за промена на име ?

1941 доаѓаат нацистите кај нас.. биле супериорни воено и секако слично како НАТО сега... требало да им се приклучиме ли само дека се јаки и дека во тој период победувале ?
Нема демократија. Ние тоа на Балканот го гледаме поодамна, само за среќа сега го гледаме и на запад.

Британциве се колевка на модерната демократија, па погледни што им се случи, два тотално недемократски избори, референдумот во Шкотска и референдумот за Брегзит.

И плус како бонус, самиот Брисел во моментов се поставува како прав балкански сељак од позиција на сила во однос на Британциве.

Не можам да кажам дека не ми е мило :)

Само тоа е слаба утеха за реалноста во која што се наоѓаме.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom