Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Па ти кажа во првичниот пост: „Во нормална држава вака се решаваат битни прашања“, по што ти посочив дека во нормална држава никогаш не би стигнало дотука, а сега ме прашуваш по кој основ сме ние нормална држава. :)
Што држава?!?
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Јас искрено сум воздржан по ова прашање и нема да излезам да гласам на референдумот. Секој си има право да се изјасни како се чувствува и треба да се почитува гласот на мнозинството по ова прашање. Секако ако е успешен референдумот.
Воздржан си за тоа дали треба Македонија да влезе во ЕУ и НАТО... сметаш дека не ни треба тоа, дека можеме сами?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Ме интересира дали ти кога го прочита ова заклучи дека ние имаме БИЛО КАКВА поврзаност со таа Македонија....
пакго ограничуваш поимот Македонија, не е Македонија само регионот што денес е во Грција... и не заврши Македонија со смртта на Александар, таа го задржа името се до Византија а и подоцна цар Самуил формира на оваа територија Македонско славјанско царство... српскиот цар Душан беше исто цар на Македонија ... постои прекин за време на Османлиското царство, но тогаш беше освоена исто и Византија па подоцна се формира нова држава Грција која го зема континуитетот на Елада...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Како и да читаш тоа било пред 2000+ години, зошто се замараш сега со тоа?
Зошто едноставно google не го смени името ? Што се замара со тоа што било пред 10 години ?
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
пакго ограничуваш поимот Македонија, не е Македонија само регионот што денес е во Грција... и не заврши Македонија со смртта на Александар, таа го задржа името се до Византија а и подоцна цар Самуил формира на оваа територија Македонско славјанско царство... српскиот цар Душан беше исто цар на Македонија ... постои прекин за време на Османлиското царство, но тогаш беше освоена исто и Византија па подоцна се формира нова држава Грција која го зема континуитетот на Елада...
Добро, се десило што се десило, сега ние бодеме очи во цел свет дека сме потомци на тој Александар што шетал по земјава пред 2000 години.... кај е логиката?
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
Воздржан си за тоа дали треба Македонија да влезе во ЕУ и НАТО... сметаш дека не ни треба тоа, дека можеме сами?
Воздржан сум прво дека сум иселен од Македонија и немам право јас да одлучувам за судбината на луѓето што живеат таму и секојдневно по свој грб ја осеќаат. Второ дека не сум сигурен дали по оваа цена треба да влеземе или не. Трето секако единствен пат е еу и нато за Македонија. Затоа и сум со право воздржан.
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
Воздржан сум прво дека сум иселен од Македонија и немам право јас да одлучувам за судбината на луѓето што живеат таму и секојдневно по свој грб ја осеќаат. Второ дека не сум сигурен дали по оваа цена треба да влеземе или не. Трето секако единствен пат е еу и нато за Македонија. Затоа и сум со право воздржан.
Каква цена не разбирам? Тоа што ќе биде (можеби) Северна Македонија е толку голема цена?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Каква цена не разбирам? Тоа што ќе биде (можеби) Северна Македонија е толку голема цена?
По кое тоа демократско правило треба да се смени името, знаеш да кажеш ?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Добро, се десило што се десило, сега ние бодеме очи во цел свет дека сме потомци на тој Александар што шетал по земјава пред 2000 години.... кај е логиката?
колку што се денешните грци се потомци на Ахил толку и дедоми и таткоми се потомци на Александар... патем самата Грција тврди дека егејските македонци се славенизирани, т.е. локални староседелци кој го примиле од словените јазикот...
Но работата е друга, не само егејските македонци, па и вардарските македонци имаат врска со античката Македонија, веќе пишав дека таа не била само до Евзони туку до Вила Зора...
патем и Албанија ( пред Енвер Оџа и исламизацијата) 1926 издаде монети со ликот на Александар бидејќи барале корени во Епир од каде е Олимпија, мајката на Александар..
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
Каква цена не разбирам? Тоа што ќе биде (можеби) Северна Македонија е толку голема цена?
Се си има цена во животот. Тука е цената промена на уставот и со тоа промена на името. Објективно ова е максимумот што може да го добиеме во наредните 20 години. Ако сакаме еу и нато ова е цената.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Се си има цена во животот. Тука е цената промена на уставот и со тоа промена на името. Објективно ова е максимумот што може да го добиеме во наредните 20 години. Ако сакаме еу и нато ова е цената.
Какви тоа организации се НАТО и ЕУ и на кои принципи се базирани ако за влез треба да се откажеш од самоопределувањето, што пак е основно демократско право ?
 
Член од
2 јули 2008
Мислења
159
Поени од реакции
76
колку што се денешните грци се потомци на Ахил толку и дедоми и таткоми се потомци на Александар... патем самата Грција тврди дека егејските македонци се славенизирани, т.е. локални староседелци кој го примиле од словените јазикот...
Но работата е друга, не само егејските македонци, па и вардарските македонци имаат врска со античката Македонија, веќе пишав дека таа не била само до Евзони туку до Вила Зора...
патем и Албанија ( пред Енвер Оџа и исламизацијата) 1926 издаде монети со ликот на Александар бидејќи барале корени во Епир од каде е Олимпија, мајката на Александар..
Од таа голема држава со такви умови и војсководци, сега остана (за жал) шљам кој е мрзлив, неработлив, корумпиран, незаинтересиран да оди напред и очекуваме да добиеме се што ќе посакаме на стара слава, како во основно што сме добивале 5ки...
 
Член од
29 јули 2008
Мислења
262
Поени од реакции
34
Какви тоа организации се НАТО и ЕУ и на кои принципи се базирани ако за влез треба да се откажеш од самоопределувањето ?
Структурата нивна е да мора да има консензус за прием на нова членка. Грција е полноправна членка со право на вето. Мали сме и немоќни. Неправеден и корумпиран е светот по секој основ. Искрено мислиш има пат Македонија без еу и нато ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Струтурата нивна е да мора да има консензус за прием на нова членка. Грција е полноправна членка со право на вето. Мали сме и немоќни. Неправеден и корумпиран е светот по секој основ. Искрено мислиш има пат Македонија без еу и нато ?
Не бе само те прашав, какви организации се и за што се залагаат чим ти го ускратуваат основното право на на секој народ .. самоопределувањето....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom