Околу референдумот, доколку дојде до него, а се надевам дека нема да се случи.
Вака поставен референдум мора да се бојкотира.
Прво, затоа што редоследно не е како што треба. Логиката ми говори дека референдумот треба да му претходни на потпишувањето на договорот и понатаму исполнување на сите останати услови, а не како што е утврдено сега дека ние потпишуваме договор, ќе почнеме да исполнуваме услови од него, па на крај ќе одиме на референдум со ултра кампања како сме за иднина, со добар кеш фрлен на гласачка маса, притисок врз администрација и партиска војска, носење авиони од останатите етникуми, силен надворешен притисок...
Второ, лично немам доверба дека ќе биде изразена реалната волја на гласачите. Зачнав еден дел и во претходниот дел. Лично сметам дека мнозинство македонци на маса би гласале против овој предлог и овој договор. Но со претходно истакантите причини, плус надворешното влијание...со евентуален цензус мислам дека ќе има ризик од местење на референдумот.
Нема партии за ова прашање, мора да се размислува трезно како македонци. Знам дека членови од СДСМ се мотивирани и веќе го пропагираат овој договор, но не од што е добар, туку за задоволување на свои лични амбиции и интереси со подолго останување на власт.
Нема да стигне до референдум! Не може да се заобиколи претседателот никако. И сам порача народот да не се плаши, така да нека лаат напразно
Ова е најголемата логика по која би се движеле настаните. Затоа што почетно евентуален закон за референдум ќе мора да го потпиши Иванов, што е минимално веројатно да се случи. Исто така очекувам дека ќе има и голем отпор и од ВМРО-ДПМНЕ, но и пред се од неопределени гласачи кои не подржуваат ниту една партија. Отпор изразен и во Собрание и на улица.
За жал, ќе не фати цела деценија во политичка и државна криза која ќе не води кон се поголема стагнација и негативни економски влијанија.