Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Иначе за Тимјаник, побуната била бидејќи некој раширил вест во селото дека ќе се преместуваат лица од душевната болница во Демир Хисар, а не деца со психофизичка попреченост во развојот.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.741
Поени од реакции
5.015
Што се однесува до Уставот. Гарантирам, одличен Устав имаме, европски Устав, Уставот нема да дозволам никој да го смени, Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува. Нема менување на Уставот. Бидете спокојни, не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже, велеше Заев пред парламентарните избори во 2016-та година.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Еве како се праи спин.....
(намерно е без линк)

ВИЦЕ СТАНА КОМАНДАНТ НА ЕБР: СДСМ се реваншира и со ЕБР – новиот командант брка професионалци за да вработи партиски послушници
 
S

silmarillion

Гостин
Незнам зашто ги прашуваат уопште за вакви работи. Они прашуваат некого кога се населуваат у друг град?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.741
Поени од реакции
5.015
http://www.dw.com/mk/република-северна-македонија-со-македонски-јазик-и-македонски-идентитет/a-44173642?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss
Република Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет

Повеќе грчки медиуми претпладнево го објавија речиси комплетниот договор кој наводно го постигнале премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Во него во детаљи се дефинираат договорените измени и следните чекори


Република Северна Македонија (Republic of North Macedonia, на англиски) е името за севкупна употреба кое наводно го договориле премиерите на двете држави, пишуваат грчките медиуми претпладнево. Атинскиот весник Еифемерида и Радиото 24/7 објавуваат детаљи од договорот кој меѓудругото предвидува и измена на македонскиот Устав.

Двете клучни прашања за македонската страна во преговорите, употребата на придавките македонски пред државјанството и јазикот се задржува и гарантира. Од македонскиот Устав ќе треба да се избрише членот кој предвидува грижа за „македонското малцинство“ надвор од границите на државата.

Посебна комисија ќе го договора користењето на трговските заштитни марки од страна на двете држави.

- Се признава македонскиот јазик со фуснота дека се работи за словенски јазик.

- Во однос на државјанството ќе се користи терминот Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, со, според грчките медиуми, експлицитно наведување дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.

Следни чекори

Во грчкиот печат се наведуваат и следните чекори кои треба да уследат откако ќе се постигне начелниот договор меѓу Заев и Ципрас. Па така, најпрво договорот ќе треба да се ратификува во македонскиот парламент. Доколку претседателот Иванов одбие да го потпише, како што се очекува, веднаш треба да уследи и второто гласање.

- Грчката влада со писмо ќе ги информира ЕУ и НАТО дека охрабрува почеток на преговори со ЕУ и добивање покана за членство во Алијансата, откако ќе се извршат уставни промени.

- Советот на министри за надворешни работи на ЕУ и подоцна на Самитот на ЕУ Грција ќе бара да и биде даден позитивен сигнал на Македонија, и покрај противењето на Франција и Холандија, но со поддршка на Германија.

- На НАТО самитот на 11 јули во Брисел Република Северна Македонија ќе добие покана за членство во НАТО која ќе зависи од уставната ревизија.

- Македонскиот премиер Заев со писмо ќе ги информира 190 земји членки на ОН дека земјата во иднина ќе го користи името Република Северна Македонија во билатералните односи и во меѓународните форуми.


Ципрас вечерва треба да го информира претседателот Прокопулос за постигнатиот договор

Во периодот од јули до октомври македонската влада треба да организира референдум и доколку резултатот е позитивен, ќе се продолжи со уставна ревизија. Доколку резултатот е негативен, планот „Б“ е да се свикаат предвремени парламентарни избори кои во истовреме ќе бидат и своевиден референдум за името.

Откако Скопје ќе го комплетира целиот процес, договорот ќе треба да биде ратификуван од грчкиот парламент, а во истовреме ќе се изврши и ратификацијата за членството на земјата во НАТО.

Дополнително, според грчки извори, очекуваниот втор телефонски разговор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас веројатно ќе се случи подоцна попладнево, бидејќи се очекува во него да се вклучи и медијаторот Метју Нимиц. По разговорот со Заев и Нимиц, Ципрас ќе ги информира лидерите на политичките партии во земјата и претседателот Прокопис Павлопулос. Веднаш потоа, Ципрас ќе објави проглас за договорот кој ќе го потпишат со Заев во Преспа, најверојатно во текот на претстојниот викенд.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не е толку срамно името колку што е начинот и причината за менувањето, посебно начинот. Гомна од луѓе сме.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.810
Поени од реакции
26.374
Не е толку срамно името колку што е начинот и причината за менувањето, посебно начинот. Гомна од луѓе сме.
Вака кога имаш пишано на кратко, многу поизразени се глупостите што ги тропаш... пошто сакал неќел, чоек ќе те прочита...
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
20.834
Секаде во текстот го менуваш она Република Северна Македонија со Поранешна Југословенска Република Македонија и наместо Зоран Заев менуваш со Бранко Црвенковски и добиваш реална слика за она што се случува 27 години подоцна односно денес.
Доколку остане ова вака како договор претпоставувам дека кај и да е ќе почне да гори Грција а Ципрас ќе ја заврши политичката кариера ... и кога ќе дојде друга гарнитура на власт договорот ќе биде само едно обично парче тоалетна хартија, а Македонија ќе си чека некоја друга подобра иднина.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ако овие работи се точни, дебела капитуалциjа ќе потпишеме:
Според изворот на Алсат М, договорот, меѓу другото, ги содржи следниве главни точки:

– Референцата „да се заштитуваат македонските малцинства“, се отстранува од Уставот на соседната земја, а делот за истородноста се услогласува аналогно со грчкиот устав.

- зарем еднаш не направивме иста ваква измена на Уставот, која е потребата пак и што значи тоа „аналогно усогласување со грчкиот устав“

– Периодот на транзиција се определува со измени на внатрешните документи на соседната земја и тој сложен процес ќе се поврзе со отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

- у превод, мењање на секое едно место каде стои Р.Македонија (документ, име на институции и се друго) всушност тоа е ерга омнесот што го сакаат грците

– Ќе се формира комисија којашто ќе ја испитува употребата на трговските термини во двете земји.

- ова точка засега не значи ништо, комисија штом се спомува пак нешто ќе се мати дур не биде на наша штета, веројатно ограничување за употреба на Македонија во приватни и комерцијални цели

– Македонскиот јазик е признаен, со забелешка дека Северна Македонија признава во договорот дека тој јазик има словенско потекло (како што е наведено во рамката на ООН).

- зошто потреба од дополнително објаснување, ѕвездички и загради

– Во делот на националноста, терминот Македонец / граѓанин на Република Северна Македонија се применува со задолжителна напомена дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура.

- исто и овде, зошто потреба од објаснување, дај цела историска статија нека ни стои во таа графа, како да постои друг пример каде мора толку на широко да се објаснува националноста
 
Последно уредено:

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Бугарот што пишува тука го игнорирам
Алсат објавија и дополнение

Во продолжение на текстот од основата на договорот, што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава, до кој дојде Алсат од грчки и меѓународни медиумиски претставници во Атина, наведени се и следните етапи:

– Договорот да помине во Собранието на соседната земја (владата на Заев го има потрбното мнозинство)

– При непотпишување од страна на претседателот Иванов се враќа на повторно гласање во Собранието.

– Писмо од грчката влада до ЕУ и НАТО со кое се охрабрува почеток на пристапни преговори за Северна Македонија со ЕУ и приклучок во НАТО, под услов да е направена ревизија на Уставот.

– На Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ, (25-26 јуни) и на Самитот (28-29) би се побарало позитивен сигнал Северна Македонија да започне пристапни преговори и покрај противењето на Франција и на Холандија, но со поддршка од Германија.

– На самитот на НАТО (11 јули) би се упатила покана за членство, под услов да се направени уставните измени.

– Владата на Заев ќе испрати писмо до 190+ држави коишто ја признаваат „Република Македонија“ дека името Severna Makedonija ќе се употребува во билатерално и во меѓународна комуникација.

– Во периодот од јули до декември 2018, владата на Заев ќе мора да одржи референдум и ако резултатот е позитивен, ќе се случат уставните измени. Ако е негативен, има план – Б, за одржување парламентарни избори со референдумски карактер.

– По спроведувањето на договорот во Северна Македонија, во грчкиот парламент договорот ќе се ратификува истовремено со гласањето за влез на соседната земја во НАТО.

Значи договорот не гарантира ништо, тек после уставни измени може влез во НАТО и почеток на преговори, како тоа без ВМРО ќе се направи ич не знам.

Иако не знаеме дали ова е вистинскиот текст на документот и како е преведен, сепак паѓа во очи што не се користат називите Северна Македонија/Northern Macedonia туку баш Severna Makedonija, значи без превод ерга омнес.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
На крај според информацииве што ги добивме денес ние треба прво се да смениме во уставот и буквално во целата држава да го поставиме новото име, а потоа да чекаме
ратификација во грчкиот парламент која никогаш нема да се случи :LOL:

Како мало дете ќе не изиграат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom