Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Со Северна Македонија си праите бајрам со паметот. Ѓупците никогаш не би го прифатиле затоа што имплицира постоење на јужна и други Македонии, а со тоа и можност за иридентизам на кој они алудираат, а наши ќосевци со него мафтаат и не тонат у говна...иако вода у очи немаат, ниту муда да влезат у собрание, не па да враќаат солуни п***е материне...
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Инфoрмaции немaм зaштo не членувaм у пaртијa,пa дa ме инфoрмирaaт.Вие зaштo не гo решите прoблемoт?
Не членувам и јас у никаква партија....имаше една песна од бора чорба...нечу да будем члан мафије, избришите ме са списка ево вам книжица мафиска....јас имав потреба некоја во болниц...па од лично искуство ти кажувам на колку различни места ме препратија со такви образложенија како што ти потенцирав погоре.

А и воедно дали мислиш дека и тие од палатата(читај вмро) и тие што милуваат да се нарекуваат социјал демократи кои за советници се безнисмени а не синдикалци и работници, се разликуваат меѓу себе? Единствена разлика што ја гледам е само нивниот назив....бизнисот им е ист!
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.675
Поени од реакции
28.116
Не членувам и јас у никаква партија....имаше една песна од бора чорба...нечу да будем члан мафије, избришите ме са списка ево вам книжица мафиска....јас имав потреба некоја во болниц...па од лично искуство ти кажувам на колку различни места ме препратија со такви образложенија како што ти потенцирав погоре.
Акo ги земaме предвид нaшите искуствa пo институциите, држaвaвa вooпштo не требa дa пoстoи.Пoгрешнo ги гледaш рaбoтите.
 
T

Terroir

Гостин
Не ми е јасно како некој нешто им одзема ако во склоп на градинката има деца со посебни потреби? Нема да бидат ниту единствени во Македонија, не е прв пат вакво нешто да се направи. Дури и мислам дека ако не ги стационираат таму, луѓево никогаш нема ни да дочекаат градинка.
Работава е што не можат да бидат двете заедно како што разбрав - оти нема толку место. Ама овие од министерството сакаат да им стават дом за деца со посебни потреби, а за отварање на градинка ќе барале место подоцна што нема нема никаква смисла се знае што им е приоритет на локалните таму

А и не знам што толку форсираат баш таму да го отворат тој дом, мала рурална средина секогаш ќе биде против а имаш градови како Валандово и Крушево кои и сами побараа кај нив да отворат

Со Северна Македонија си праите бајрам со паметот. Ѓупците никогаш не би го прифатиле затоа што имплицира постоење на јужна и други Македонии, а со тоа и можност за иридентизам на кој они алудираат, а наши ќосевци со него мафтаат и не тонат у говна...иако вода у очи немаат, ниту муда да влезат у собрание, не па да враќаат солуни п***е материне...
Ако гледаме што би прифатиле јужните тогаш никогаш и нема да дојдеме до решение или ќе биде име од типот Република Вардарска што е нон сенс

Јас мислам дека има шанси да нема референдум таму, ќе прифатат под притисок од надвор политичарите некакво име и тоа е тоа..
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
да, ама не се заеба ЕУ само со Блгарија и Романија, ете и со Хрватска, а ќе биде и со МНЕ исто... нема врска тоа корупција и правна држава, се е тоа вештачки и променлив параметар...
суштината е колку државата е потребна стратешки, не само геополитичка ориентација туку и економски, Пазар, производство...
Ами ако одиме по таа логика економски сме мизерија, мал пазар со ниска куповна моќ на населението, не произведуваме ништо интересно што би било конкурентно на европскиот пазар. Освен некои земјоделски производи на мали парцели, што би значело мали количини. Згора на тоа целото производство се остварува со застарена технологија и практики кои што во најголемиот дел не ги задоволуваат високите европски критериуми за квалитет.

Што значи ако тргнеме само по оваа логика ние не треба никогаш да влеземе во ЕУ.

Мое мислење е дека од геополитички аспект е во интерес на ЕУ да бидеме членки. Се виде последно со мигрантската криза колку се порозни и слаби границите на Унијата. Се наоѓаме на подрачје каде се прекршуваат интересите на многу глобални играчи. Ако сакаат европејците да излезат од сенката на САД и да се наметнат како сериозен глобален економски и политички играч, а со тоа и да го обезбедат нивниот опстанок, подрачјето на Западен Балкан е една од клучните стратешки точки за нив ако сакаат да ја остварат таа цел.
 

storm03m

А.К.А Комплексаш
Член од
9 јуни 2018
Мислења
316
Поени од реакции
337
Акo ги земaме предвид нaшите искуствa пo институциите, држaвaвa вooпштo не требa дa пoстoи.
Токму тие искуства треба да бидат тема на дискусија, бидејќи само на тој начин ќе се подигне јавната свест за тоа како треба да функционираат институциите на системот, кога сите масовно ќе се побунат...се друго е гола вода.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.960
Поени од реакции
11.607
Иначе Северна Македонија уште повеќе изразува иредентистички став, поготово кога Јужниот дел е дел од некоја друга држава, а не самостојна држава...

Така да тешко дека Грците ќе се сложат на ова.... Ова ти е само спин на власта, слично како Тимјаник со кој се замајава народот веќе скоро цела недела... Притоа бензините се поскапи 50% за една година, иако на светските берзи не помрднале.... Или пак растот од 0.01%..... Ама ако, така се кали челикот....
Ајде да спомнеше за акцизите па да ти држеше аргументот до негде вода...

На светските берзи не помрднале?!
Јуни 2017, average monthly Brent crude oil e 46.37$ за барел. Јуни 2018, Brent crude e 76.67$ за барел, моментална цена. Ќе видиме колку ќе биде просекот за јуни.

Не ми се јасни поимиве многу околу нафтата, ама и статистичката грешка да е 5%, пак имаш најмалку 71-72$ за барел.

Математичар не сум за да ти кажам ептен точно, али колку е тоа зголемување на светски берзи, околу 65% мислам?

Или еве споредба со просеци за април 2017 и 2018. 2017- 52.31$ за барел, април 2018 - 72.11$ за барел. Тоа е 40% повисока цена на светски берзи.

А тоа дека преголеми акцизи има, стои. Но, исто стои дека имаме најефтин бензин во регионот, ако не се лажам. И тоа било и претходно да не испадне дека викам дека СДСМ напраиле нешто во таа насока. :D
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.675
Поени од реакции
28.116
Токму тие искуства треба да бидат тема на дискусија, бидејќи само на тој начин ќе се подигне јавната свест за тоа како треба да функционираат институциите на системот, кога сите масовно ќе се побунат...се друго е гола вода.
Тие искуствa се темa нa дискусијa нaнaзaд веќе незнaм кoлку време.Се пoдигнa јaвнaтa свест и тoa у oблaци пa тoa резултирaше сo прoменa нa влaстa.И штo се пoдoбри сo пoдигaњетo нa јaвнaтa свест?Мoжеш сaмo дa прoдoлжиш дa верглaш штo требaлo и кaкo требaлo,a и иди нaјди јунaк тoa штo ке гo oствaри.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.848
Поени од реакции
26.442
Ајде да спомнеше за акцизите па да ти држеше аргументот до негде вода...

На светските берзи не помрднале?!
Јуни 2017, average monthly Brent crude oil e 46.37$ за барел. Јуни 2018, Brent crude e 76.67$ за барел, моментална цена. Ќе видиме колку ќе биде просекот за јуни.

Не ми се јасни поимиве многу околу нафтата, ама и статистичката грешка да е 5%, пак имаш најмалку 71-72$ за барел.

Математичар не сум за да ти кажам ептен точно, али колку е тоа зголемување на светски берзи, околу 65% мислам?

Или еве споредба со просеци за април 2017 и 2018. 2017- 52.31$ за барел, април 2018 - 72.11$ за барел. Тоа е 40% повисока цена на светски берзи.

А тоа дека преголеми акцизи има, стои. Но, исто стои дека имаме најефтин бензин во регионот, ако не се лажам. И тоа било и претходно да не испадне дека викам дека СДСМ напраиле нешто во таа насока. :D
Нема врска, не сум проверил за бензинот дека е така, ама и да е, сакам да кажам дека се спинува за да се тргне фокусот од економската катастрофа...
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.960
Поени од реакции
11.607
Нема врска, не сум проверил за бензинот дека е така, ама и да е, сакам да кажам дека се спинува за да се тргне фокусот од економската катастрофа...
ja ti replicirav za toa so surova nafta na svetski berzi.

A deka rast od 0.1% e losho, losho e.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.469
Поени од реакции
81.911
Преговорите за името се тема која треба да се решава откако ќе се решат примарните проблеми,здравството како најбитно и образованието....дали имаш информација каква е состојбата во здравството, без доволен персонал и дотраена опрема во болниците, поради не функционалност на опремата и немање стручен кадар за поправка и работа, голем број од пациентите се испраќаат скопје кадешто и таму нема доволно персонал.
E да бе, единаесет години бевме лидери и сега одеднаш се деси катастрофа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Еден кретен што се расправав денес кај оној Булеварон прво викаше дека се претерувало што студирале лекариве без пари па потоа сакале да вадат леб во Германија, демек земи и на државава и после не и се оддолжувај. Потоа по кратка дискусија утврдивме дека тоа без пари всушност да коштало 5,000 евра студии плус 15,000 евра специјализација. па да увиди ликот дека специјализантите не се платени иако рече дека имал некој баџо нешто кој земал плата и за на крај ликот да каже кој ве терал да студирате медицина кога знаете дека не е платено :toe:
Мал плот твист, не дека некој го интересира ама во случај да ја видел дискусијата на Фб - мала е државава, ликот завршил факултет тука ама работел во Германија. Типичен „јас се снајдов, вие не доаѓајте лошо е“ македонски менталитет. Ќе му дојде нешто како дополнување на Тимјаник гејтов ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom