Одамна со луѓе се расправам дека целиот тој економски бум што ни се случуваше во Грујово време не е ништо друго туку градежен балон кој нема иднина на долг рок, особено што во поголем дел од неговото владеење се градеа непродукивни капитални објекти како палати, згради за министерства, театри, судови, обвинителства и други јавни институции, тек на крај почнаа малце со патишта, плус неодржливото ниво на градење стамбени згради и дека сето тоа ќе произведе шпанско сценарио која што ги крахираше нив пред некоја година, ги срози економски и им ја дигна невработеноста на 20 и кусур проценти, повеќе и од нашата.
Па и не беше и некој економски бум, ако ги изземеме првите две три години од владеењето, во остатокот растот се движеше некаде околу 2 до 2,5% годишно, што му дошло некаде просек од 3% годишно. Тоа во суштина е и целиот просек на раст од осамостојувањето, 3% што е стабилен раст но премногу низок за економија во развој.
Ако Грујо водеше правилни и стабилни економски политики ние сега требаше да го задржиме тој раст, чиј минимум во најлош случај треба да бидат тие 3%. За тоа требаше да има раст во сите сектори, не само во градежништвото, тоа да биде главен носител на растот додека остатокот тапка во место.
Се водиме како земјоделска држава, еден куп субвенции во земјоделието се одделуваат а имаме негативни стапки на раст во тој сектор.
Самото тоа говори дека политиките кои што се водат овие 27 години биле погрешни, во најмала рака популистички. А популизам во економијата дава резултат на краток рок, и кога тој привиден "балон" на раст во економијата ќе пукне се случува ова што нас моментално ни се случува.
Разликата е што овие се тотално дезориентирани кога станува збор за економија. Заев се надева дека членството во НАТО и решението на името ќе донесе стабилност и нов раст. Тоа е глупаво размислување ако во меѓувреме ништо не се прави на економски план. Еве веќе година дена сведоци сме дека не се прави апсолутно ништо.
И ако не се дојде до решение за името, што е потег на очајници, во наредниот период ќе биде весело на економски план. Голема е веројатноста до крајот на годината да влеземе и во рецесија а не пак да оствариме раст од 2,5 (не ме држи за збор) како што беа првичните проекции за раст за оваа година.