Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Ништо од тоа, Апасиев ако не стана привезок на СДСМ, ќе стане привезок на ДПМНЕ.... Се знае кај нас, опозицијата игра со „независни“ играчи па после ги претопува... Ако пак остане тврдокорен, тогаш ќе стане повторно адут на некое „друго“ СДСМ...

На кратко, нас ни треба ресет на системот.... Политичката структура во Македонија е канцерогена..... а канцерот мора да се отстрани...
Апасиев во догледна иднина прилично сум сигурен дека нема да стане прврзок на СДСМ од икс причини, да не го плукам сега човекот, споредено со каква стока битисува на политичката сцена кај нас би било крјно некоректно, иако има подоста зошто особено во последно време. Се надевам дека ќе избегне и лично тој а и Левица во пакет во целост да ги постави во позиција на корисни идиоти, пред се поради неговата субјективност кон СДСМ и блискоста со Ванковска а сето тоа д биде ставено во функција на ДПМНЕ кое пак дефинитивно сеуште е под контрола на братучедите.

„Националистите“ што лапаа, можеа на пример да организираат некаква структура, полутајна...полулегална која можеби ќе им ги испереше гревовите, а не они не само што ги симнаа гаќите, туку не оставија сите голи и боси, да не води улав човек сите комплет во пропаст....

Крајот на оваа приказна, секако има потенцијал да биде меѓуетнички конфликт.... Во која дебелиот крај погоди кој ќе го крка ....
Ние сме имале еден куп шанси да направиме солидна држава, ама ете до кај сме стигнале. Колку и да има надворешни влијанија сепак на крајот се сведува на нас, а ние сме пластелин, џабе од шупливо во празно одиме со мубаетите.
Како шо ќутат сеа gragxanite за срањата на сегашната власт, така ќутеа патриотите за срањата на претходната власт. Едино останува да мериш чии срања се поголеми, тоа ти е надјобар показател за правецот во кој се движиме.

Штета сеа никој шо не пресметва во Тамари.

Под победа мислиш најмногу освоени гласови/пратенички места или...?
Конкретно сега под победа подразбирав поголем број на освоени гласови, инаку формирањето Влада и освоениот број на гласови не секогаш одат заедно, посебно кога разликата и не е толку значајна, има нешто шо се вика малцинска Влада.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.673
Поени од реакции
28.096
demek,aracinovci plakjaat smetki za struja?
Немoжеш тoa скрoз дa гo искoрениш aмa е згoлеменa нaплaтaтa.И немa веќе дoлг 200к пa зa 10к дa му се избрише.Не се крaде гoривo кaкo пoрaнo,не се штелувaaт сaaтите пoспoрo дa вртaт и нa сите кoли имa џпс.Имaм пријaтел шеф тaму пoрaнo цел ден у рaбoтнo време ме зaмaрaше зa нa кaфе пo цели денoви седеше пo кaфaни a сегa телефoн реткo кревa у рaбoтнo време. ;)
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375

да, тоа е така, не дека се странски експертите, туку дека странска фирмата.... Тоа е приватна Фирма, со изградена структура и нема мрдање...

Тука ти збориш за држава... Странските експерти ќе си ја тераат водата на својата воденица.... Само од тука луѓе, со чувство на своина кон татковината можат да изградат силна држава... Кај нас луѓето за жал немаат такво чувство да ја чувствуваат татковината како своја.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Апасиев во догледна иднина прилично сум сигурен дека нема да стане прврзок на СДСМ од икс причини, да не го плукам сега човекот, споредено со каква стока битисува на политичката сцена кај нас би било крјно некоректно, иако има подоста зошто особено во последно време. Се надевам дека ќе избегне и лично тој а и Левица во пакет во целост да ги постави во позиција на корисни идиоти, пред се поради неговата субјективност кон СДСМ и блискоста со Ванковска а сето тоа д биде ставено во функција на ДПМНЕ кое пак дефинитивно сеуште е под контрола на братучедите.
Не зборев конкретно за Апасиев, туку зборев за секоја трета опција што излезе и од лева и од десна провиненција, преку неговото име....

Кога се опозиција се надоврзуваат на „големата“ опозиција и они не ги чепкаат ги оставаат да лаат, кога власта ќе се смени, обично ги става во коалиција и им дава по некое функционерско место.... И тука почнува инфекцијата... ручече, виски, семинарчие, курвиче, па количе, станче, тендерче и така натаму... и веќе партиското основно ткиво е разјадено... Апасиев доколку не се инфицира, ќе отиде во опозиција лаејќи и обратувајќи тогаш за таа опозиција....

Мислам дека ваљда ти е јасно дека сега Апасиев, без да сака кутриот, одработува за ДПМНЕ ?
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Кaкo не бивa? Знaеш ти у ЕВН нa пример кaкo рaбoтaт сегaшните директoри пoд нaдзoр нa Австријците? Се е пoд кoнец.
Затоа што ЕВН лапна државна дистрибуција на струја, систем што народот има одвојувано пари да се изгради, а не некој австриски мрсул шо измислил семеен грб со лавови и орли и глуми од бога пратен.
Ова што го збориш, би го прифатил за обвинител, мвр и судии за да се спречи корупција, клиентелизам и да завладее право, меѓутоа го нема во пракса, затоа што дефакто тоа значи окупација. Жално е што како народ не можеме да се издигнеме над тие искушенија - не не бива и многу веројатно не заслужуваме држава.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Ние сме имале еден куп шанси да направиме солидна држава, ама ете до кај сме стигнале. Колку и да има надворешни влијанија сепак на крајот се сведува на нас, а ние сме пластелин, џабе од шупливо во празно одиме со мубаетите.
Како шо ќутат сеа gragxanite за срањата на сегашната власт, така ќутеа патриотите за срањата на претходната власт. Едино останува да мериш чии срања се поголеми, тоа ти е надјобар показател за правецот во кој се движиме.
Види сеа, шансите во фудбалот не се бројат, туку головите, во животот пак уште помалце се бројат шансите... Највеќе, ама највеќе е до нас.... Тоа што имаме тешки околности и незгодна средина не е изговор, пак е до нас... Имавме време од 1944 година и покрај сите заебанции во комунизмот, да изградиме механизам и структура, па ако треба и преку тој комунизам (слично како што направи Енвер Хоџа за Албанците). Меѓутоа не се најдоа прави луѓе тоа да го направат... Но пак ќе кажам, никогаш не е касно да се почне.... Кога Евреите(Теодор Херцл) почнале да ја градат својата современа структура која ги однела до силна држава каква што ја знаеме, веќе 1000 години немало ниеден Евреин на територијата на денешен Израел... А мислам дека Теодор Херцл не ни доживеал независен Израел [DOUBLEPOST=1528359757][/DOUBLEPOST]
Абе чудна работа. Jас пишам за Македонија, на макед. форум, а на Вас една Бугарија ви е на умот.
Како тоа пишеш за Македонија, а викаш дека бежанците не биле Македонци... Така и јас пишам дека тие што се нарекуваат Булгари, по печатната грешка која доаѓа од Вулгарос, се уствари Македонци... не пишам јас за Вулгарија или Булгарија, тоа не постои, тоа е источна Македонија..
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
https://civilmedia.mk/na-initsijativa-na-angushev-trasata-na-gasovodot-niz-park-shuma-vodno-ke-se-razgleduva-so-graganite/

Треба да му кажат на Кочо дека нема да може со Масератито да ја помине трасата.
Плус и никса фолирантот ќе се укључел у случајов....јеботе на што се сведе државава. :facepalm:
А вморонската копучаана што со учк има потпишано договор да ги снабдува љочките со гас ќутат ко пи**и за настанатава ситуација.[DOUBLEPOST=1528360394][/DOUBLEPOST]
Бугарскиот владетел Омуртаг со малиот Василиј, идниот Basil I, основал Македонската династија во Византија:

Василиј I бил многу красиво дете и Омуртаг му дал јаболко. Тоа според византијските хроники.

Детајл:

Вопрос кон Jамаjка: на каков јазик комуницирале архонтот Омуртаг и малиот Василиј? Take your pick:
- грцки;
- бугарски;
- словенски;
- чагатајско-монголски;
- кашкајско-српско-шајкашки?
Имате теми за историја со јамајка неписмениот, иди таму "надмудрувај се" со него. Тресете глупости, глава боли...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.359
Поени од реакции
21.878
Po Danska i Avstrija javno kaza deka planira da vovede tkn. "azil-centri" nadvor od EU no na Evropskiot kontinent: https://www.zeit.de/politik/ausland/2018-06/eu-asylpolitik-asylzentren-grenzen-daenemark-oesterreich

Vo tie kampovi bi se vratile tie lugje na koi im bese odbieno baranjeto na azil (citaj: problematicnite od Afganistan, Severna Afrika itn.). Ne se spomnuvaat iminja no ako vidite na karta ke vidime, deka posebno na Balkan ima drzavi koi ne se vo EU. Ne veruvam deka Svajcarija ili post-sovjetskite drzavi bi zele takvi lugje. Taka da, Makedonija e realna opcija.
 
S

silmarillion

Гостин
Каков фејл искочија протестиве кај грциве. Слабо Савидис.
 
B

Bafra

Гостин
Абе чудна работа. Jас пишам за Македонија, на макед. форум, а на Вас една Бугарија ви е на умот.
Абе како така сите ја сакате Македонија за себе, а не ја признавате :pos:
Ни срби ни бугари ни грци а најмалку па албанците :confused:

Ах тие германци кај ве создадоа со грците кај се запустија, сега ќе си ја платат казната :kuracc:
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.404
Поени од реакции
7.857
Не зборев конкретно за Апасиев, туку зборев за секоја трета опција што излезе и од лева и од десна провиненција, преку неговото име....

Кога се опозиција се надоврзуваат на „големата“ опозиција и они не ги чепкаат ги оставаат да лаат, кога власта ќе се смени, обично ги става во коалиција и им дава по некое функционерско место.... И тука почнува инфекцијата... ручече, виски, семинарчие, курвиче, па количе, станче, тендерче и така натаму... и веќе партиското основно ткиво е разјадено... Апасиев доколку не се инфицира, ќе отиде во опозиција лаејќи и обратувајќи тогаш за таа опозиција....

Мислам дека ваљда ти е јасно дека сега Апасиев, без да сака кутриот, одработува за ДПМНЕ ?
Во ред е ако си напишал за Апасиев како олицетворение на таа трета опција, во некоја преносна смисла...

Досега верувам дека имал непристојни понуди, а може и ниту една пошто не е профил кој им е потребен, во секој случај ќе покаже времето.

Шо се однесува до корупцијата, секаде ја има само прашање е во колкав степен, доколку се има усул има и за станче, швалерка, количе а и да се сработи работата онака како шо треба.
Кај нас проблемот е шо се нема усул а тоа во комбинација често оди со полуписмени ликови кои и немаат памет како да ги остварат паралелно обете цели, тука е разликата меѓу нас и Западната цивилизација а не тоа дека таму се сите чесни.

Левица со сите пропратни структури на НВО како Ленка, Солидарност итн имаа активно учество во т.н Шарена Револуција, со шо се етаблираа како анти режимски, шо е проблем сеа за овие на власт да кажат дека се жмроњи, од друга стрна ДПМНЕ е во нокдаун па им дава медиумски простор ама некако несигурно затоа шо стандардните игри на-ти-дај-ми-го не им се баш ефикасни во случајот, не е баш знае како треба кадровската политика случај. Према ова ги ставаат во небрано Левица, а факт е дека народот е приемчив за трета опција без акцент на идеолошка провиниенција, значи дајте нови деца е муабетот, се е веќе видено.

Терминот корисен идиот шо стана популарен поради некогашното КГБ, не може да го добие единствено некој кој е слеп следбеник на одредена структура, и тоа слеп во нашиот случај е релативно пошто е сведено на писмени изјави од партиските војници во кои тие точно изјавуваат шо бараат од партијата коа ќе дојде на власт (делумно и да се избегнат внатерпартиски кавги при поделба на колачот) , а за возврат доаѓа таа „слепа“ послушност. .

Е сеа, кога еден Џон Мекејн кој беше Републикански кандидат за Претседател на САД, еминентен политичар, со тоа шо не даде поддршка на иницијативата против Obama care се најде во позиција на корисен идиот, шо останува за Левица, Апасиев итн...се е прифатливо се додека не се испостави дека се работи за злонамерно одработување, тогаш е друга песна.

Види сеа, шансите во фудбалот не се бројат, туку головите, во животот пак уште помалце се бројат шансите... Највеќе, ама највеќе е до нас.... Тоа што имаме тешки околности и незгодна средина не е изговор, пак е до нас... Имавме време од 1944 година и покрај сите заебанции во комунизмот, да изградиме механизам и структура, па ако треба и преку тој комунизам (слично како што направи Енвер Хоџа за Албанците). Меѓутоа не се најдоа прави луѓе тоа да го направат... Но пак ќе кажам, никогаш не е касно да се почне.... Кога Евреите(Теодор Херцл) почнале да ја градат својата современа структура која ги однела до силна држава каква што ја знаеме, веќе 1000 години немало ниеден Евреин на територијата на денешен Израел... А мислам дека Теодор Херцл не ни доживеал независен Израел
Државата Израел е одличен пример за создавање државотворност, меѓутоа ние неаме таква подлога, врзно ткиво а во меѓувреме и цврсто се работи на тоа да не се создаде, традиционално од соседните разузнавачки служби и тоа потпомогнато до некои помоќни од нив во зависност од случајот. Има еден концепт на кој се базира сето тоа шо го прават а тоа е Tikkun Olam, секогаш преку конструктивност доаѓаат до целта без разлика на ситуацијата, прагма итн...

Ако веќе си читал за создавањето на Израел тогаш сигурно знаеш дека секој мораше да живее во Кибуц, остварува свои обврски према заедницата без приватна сопственост, платежни средства...секој, без исклучок.

Да не одиме надвор од темата, добар пример меѓутоа колку македончето може да го следи е друго прашање.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.973
Pa spored noviot dobrososedski dogovor nie nikogas ne sme bile okupirani, ne znam sho se bunite.
Главниот Циркус Медрано ќе бидит кога ќе бараме од Србија согласност за гЕУ, а они ќе бараат споменик на Темпо и слични, ехтраминатори на блгарските фашисти :confused:
 
MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
Не ја знаеш баш најдобро ситуацијата кај албанските партии затоа и си сонуваш така понесен од омразата.

ДУИ ја има подршката од Калето, а тоа значи дека мора да бидат во владата. Зошто Заев им помогна на локалните, мислиш дека од љубов?

ДПА е мртва веќе и на следните избори максимумот ќе им биде еден пратеник, БЕСА ја расцепкаа на два дела и сега таа на Касами дали ќе освои еден пратеник, а таа на Гаши два им е максимумот, но мислам дека блиску се да коалицираат со Тачи.
Села се заеба што излезе од владината коалиција и многу тешко ќе му биде да го држи тој електорат што го имаше.

ДУИ имаат структура, имаат ресурси и тешко е да паднат подоле од резултатот од 2016. Кај нив има 2-3 фракции кои се борат за превласт во самата партија, но кога доаѓа работата за избори ги копаат секирите бидејќи власта е слатка и може да им секне чешмата ако се глупираат.

Затоа и ВМРО-ДПМНЕ немаат некој жесток став кон ДУИ, бидејќи знаат дека мора пак со нив да седнат кога и да е. Но и ДУИ не плука по ДПМНЕ си чуваат коректни односи.

Албанската опозиција во Македонија е многу слаба и расцепкана, а први конкуренти им се СДСМ бидејќи тие кои бегаат од ДУИ попрво би отишле кај СДСМ отколку кај Тачи и Бесиве.
Добро сфативме дека си фан на ДУИ :icon_mrgr:
Според анкети што имаше деновиве, ДУИ има некаде поддршка колку сите други мак. албански партии.
Нека имаат и повеќе, останати малцинства ги има над 10%. Они се со секоја власт.

И оп АЉи, опозиција :icon_mrgr:

Зошто Заев помагал? Ради Куманово, на пример?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.811
Поени од реакции
26.375
Во ред е ако си напишал за Апасиев како олицетворение на таа трета опција, во некоја преносна смисла...

Досега верувам дека имал непристојни понуди, а може и ниту една пошто не е профил кој им е потребен, во секој случај ќе покаже времето.
Нема што да веруваш, не е непознат факт дека партијата се преполови во моментот кога едно крило цврсто застана да одат на избори со СДСМ... Тоа беше класичен пример на ова што го зборам.

Шо се однесува до корупцијата, секаде ја има само прашање е во колкав степен, доколку се има усул има и за станче, швалерка, количе а и да се сработи работата онака како шо треба.
Кај нас проблемот е шо се нема усул а тоа во комбинација често оди со полуписмени ликови кои и немаат памет како да ги остварат паралелно обете цели, тука е разликата меѓу нас и Западната цивилизација а не тоа дека таму се сите чесни.
Никој не е чесен по раѓање... Контролата го прави своето... Треба само да се постави, ќе се навратам доле за Евреите во врска со ова.

Левица со сите пропратни структури на НВО како Ленка, Солидарност итн имаа активно учество во т.н Шарена Револуција, со шо се етаблираа како анти режимски, шо е проблем сеа за овие на власт да кажат дека се жмроњи, од друга стрна ДПМНЕ е во нокдаун па им дава медиумски простор ама некако несигурно затоа шо стандардните игри на-ти-дај-ми-го не им се баш ефикасни во случајот, не е баш знае како треба кадровската политика случај. Према ова ги ставаат во небрано Левица, а факт е дека народот е приемчив за трета опција без акцент на идеолошка провиниенција, значи дајте нови деца е муабетот, се е веќе видено.
Не им дава медиумски простор заради што се во нокдаун... Туку заради тоа што одработуваат за нив. Ќе видиш дека во оној момент кога ќе се чувствува загрозена нивната позиција, ќе ја искористат сета своја партиска структура да си го вратат приматот. Како што стојат работите во моментов, СДСМ и ДПМНЕ со ова што го прават и самите си го штитат грбот... Ниту СДСМ, ниту ДПМНЕ не идентификуваа некоја друга сила во опозиција освен самите себеси, а со тоа и го насочија народот каде да го изрази гласа за своето незадоволство...

Терминот корисен идиот шо стана популарен поради некогашното КГБ, не може да го добие единствено некој кој е слеп следбеник на одредена структура, и тоа слеп во нашиот случај е релативно пошто е сведено на писмени изјави од партиските војници во кои тие точно изјавуваат шо бараат од партијата коа ќе дојде на власт (делумно и да се избегнат внатерпартиски кавги при поделба на колачот) , а за возврат доаѓа таа „слепа“ послушност. .

Е сеа, кога еден Џон Мекејн кој беше Републикански кандидат за Претседател на САД, еминентен политичар, со тоа шо не даде поддршка на иницијативата против Obama care се најде во позиција на корисен идиот, шо останува за Левица, Апасиев итн...се е прифатливо се додека не се испостави дека се работи за злонамерно одработување, тогаш е друга песна.
Корисни идиоти не ги гледај како неписмени и луѓе кои немаат јасна визија за тоа што се дешава.. Туку напротив, тоа се оние луѓе кои ја гледаат вистината, но кога ќе излезат во јавност, ќе почнат да им се лепат етикети, да им се прават конструкции и едноставно да се прави пародија од нив...

Е сега гледај го Апасиев во својата борба против ветерниците доколку не се приклони кон двоецот, како се претвора во неугледен професор, кој ќе мумла и кажува нелогичности....

Единствен човек кој успеа на балканот да ја избегне позицијата корисен идиот е Шешељ, меѓутоа имајќи го во предвид неговиот интелект и високата цена што ја плати, незнам дали тоа што го направи ќе има некоја трага во историјата, за да вреди тоа... Јас мислам дека ќе вреди..

Што се однесува до Меккејн, човекот е оперативец, а не политичар, он не се снаоѓа во политика и би бил потрапав од Трамп... така да .... дали тоа ќе го речеш корисен идиот или некако поинаку, него тоа му е улогата и свесно или несвесно ја извршува... А додуша истото важи кога ќе размислам и за Трамп...

Државата Израел е одличен пример за создавање државотворност, меѓутоа ние неаме таква подлога, врзно ткиво а во меѓувреме и цврсто се работи на тоа да не се создаде, традиционално од соседните разузнавачки служби и тоа потпомогнато до некои помоќни од нив во зависност од случајот. Има еден концепт на кој се базира сето тоа шо го прават а тоа е Tikkun Olam, секогаш преку конструктивност доаѓаат до целта без разлика на ситуацијата, прагма итн...

Ако веќе си читал за создавањето на Израел тогаш сигурно знаеш дека секој мораше да живее во Кибуц, остварува свои обврски према заедницата без приватна сопственост, платежни средства...секој, без исклучок.

Да не одиме надвор од темата, добар пример меѓутоа колку македончето може да го следи е друго прашање.
Евреите не оставаат ништо на случајот, а тоа се однесува и на човековата суета, алчност и и воопшто не се наслонуваат на факторот човек.... Едноставно личните интереси им се помешани со националните, не се откажуваат од ниеден свој човек, тоест за секого има место и улога, било да е милитарист или пацифист, либерален или конзервативен, левичар или националист... Па затоа кај нив можеме да ги видиме најконзервативните луѓе во светот, а истовремено и луѓе со либерални сваќања... Можеме да видиме буквално комуни (кибуци) кои функционираат по Маркс и од друга страна тешки капиталисти...

Немој да мислиш дека мајндсетот на луѓето е поинаков од нашиот.... Не!! Речиси се исти како нас.... и наравот и размислувањето, само има структура која ги води ко што треба... Тоа е тоа што нас ни фали....Али имај во предвид дека И нив им требало време тоа да се изгради, одкако се изградени Макавеите (1896 ми се чини) , па преку Теодор Херцл, па се до кревање на Израелската држава на лабави нозе поминале над 50 години...

Е сега ние имавме подобра појдовна позиција пред 70тина години, ама ете....[DOUBLEPOST=1528372665][/DOUBLEPOST]
https://civilmedia.mk/na-initsijativa-na-angushev-trasata-na-gasovodot-niz-park-shuma-vodno-ke-se-razgleduva-so-graganite/

Треба да му кажат на Кочо дека нема да може со Масератито да ја помине трасата.
Плус и никса фолирантот ќе се укључел у случајов....јеботе на што се сведе државава. :facepalm:
А вморонската копучаана што со учк има потпишано договор да ги снабдува љочките со гас ќутат ко пи**и за настанатава ситуација.[DOUBLEPOST=1528360394][/DOUBLEPOST]
Имате теми за историја со јамајка неписмениот, иди таму "надмудрувај се" со него. Тресете глупости, глава боли...
оооо Шизо, трета смена си бил вчера а.... немаше време сабајлево за интелектуални активности....
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom