Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
25 март 2012
Мислења
8.314
Поени од реакции
4.713
Браќата на Ѓорѓија Кастриот се викале Станиша, Репош и Костандин, а неговите сестри Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка и Мамица. Типични словенски имиња.....
Денеска нема Албанец или Албанка да ги носи овие имиња.... Ниту пак Ѓорѓија има Албанец....
Православни биле бе лепрозен, што имиња сакаш да имаат, Решат ли? Селами ли?
Толку ли си очаен па ова ти личи на заебанција?
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Во овој момент членството во НАТО ќе значи финансиска загуба за Македонија.

Знаеме за правилото воените буџети на земјите членки на НАТО да биде 2% од вкупниот БДП. Овој услов не го исполнуваат сите членки, но во последните неколку години има тенденција на зголемување на воените буџети, просекот е сега негде околу 1,5%. Македонскиот воен буџет e 0,8% од БДП. Македонија ќе биде принудена да го зголеми двојно својот воен буџет по членството во НАТО. Од каде тие дополнителни 100 милиони евра годишно за воени цели? Од странски инвестиции што допрва треба да дојдат? Во Македонија годишно се слеваат 300-400 милиони евра странски инвестиции. Колкав процент од тоа се слева во буџетот? 10%? Ние ќе треба догодина да привлечеме дополнителни милијарда евра инвестиции за да излеземе на чисто само со воениот буџет. А тоа е зголемување од 300%. Сериозно некој очекува толкав раст преку ноќ? На крај пак ние ќе ја плаќаме чланарината, кога ќе дигнат некоја нова давачка.

Може мене нешто не ми е јасно, нека појасни некој поупатен, ама ако држи вода горната математика, тогаш Заев поарно нека уплати на некоја лотарија, поголема шанса ќе имаме.
Државите како нашата се топовско месо во НАТО сојузот. При евентуален глобален конфликт ние први ќе го кркаме стапот. Нас НАТО не гледа единствено како стратешка точка која мора да се затвори, народот е колатерална штета, нив ги интересира позицијата и инфраструктурата која што можат да ја искористат.

Црна Гора не влезе експресно во НАТО затоа што е воено моќна. Нашите армии се сведени на ниво на ловечки друштва. Нив ги интересираше нивната добра геостратешка позиција и целосно затворање на јадранскиот брег со нивни членки. На тој начин не и оставија простор на Русија за никаков маневар. Истото сега сакаат да го направат и со нас, затоа е тој цел притисок околу решение за името. Нив не ги интересира добар договор, доволен е само договор.

Балтичките земји се пример за ова што го зборувам. НАТО нив не може да ги заштити. Во рок од 24 часа Русија ќе ги прегази. Тие се таму како топовско месо, за да му купуваат време на Америка и нејзините вазали. Европа е тампон зона и источниот блок при евентуален таков судир прв ќе наебе. Тие можат да вложуваат и 50% од нивниот БДП во армијата, тоа нема да направи голема разлика. Истото важи и за нас.

НАТО за земјите како нас нуди илузија на сигурност. Но од друга страна пак, ние не можеме да си го дозволиме тој луксуз и да глумиме воена неутралност. Не сме ни свесни за нашата геостратешка важност и поволна географска позиција. Опкружени сме со држави кои што историски ни имаат фрлено пик и при прва прилика, во евентуална глобална мешаница, нема да се двоумат да ја искористат шансата да не апсорбираат во нивните граници.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
И во Германија ќе ти најде преведувач, и во Швајцарија, и во Австрија, барем таму имам роднини, знам како е. Ќе ти најде албанец затоа што верувај или не секаде ги има, ама никогаш, никогаш како овде нема да ги избркат што не знаеле официален јазик на државата.
Како и да е, немам право да го барам тоа во Германија, затоа што сум отишол таму да работам, и ќе го прифаќам системот како што бил.
А овде, сакате независност, го подготвувате уставот, имате малцинство и викате кој ги ебе, нема да плаќаат данок овие, во ВСВ не убивале и таканатаму... Секако знаеме што била финтата, не им оставај економска можност за преживување, ќе си бегаат овие, и си бегаа, секое семејство, ама баш секое имаше понекој брат или татко надвор работејќи по 2-3 смени, мојот дедо е таков пример.
Таа стратегија за маргинализирање и дезинтегрирање на албанците
ви се врати како бумеранг, необразовани, изманипулирани со религија (и за ова имаше стратегија, за друга прилика нека е) наталитетот останаа до 21 век како да е средновековие. Па имаше синови и за војни, и за гурбет, и за криминал, и за правење деца.
Требаше уште во 91, ајде порано не сте виновни вие, да ги интегрирате албанците, ама што да правиш, многу слатка транзицијава, нејќевте да се дели.

Вие сте ги креирале албанците како што се, вие дозволувавте исламот да процуте кај албанците, вие ги глоривикувавте погрешните албанци, Али Ахмети во енциклопедијава стоеше како најпознат албанец во историја на Македонија, две страници што беа напишани за албанците беа за него и УЧК.
dali si zapoznaen so Enver Maliki?
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.651
Поени од реакции
28.009
dali si zapoznaen so Enver Maliki?
Абе гoтoв е тoј рикнa.Гo земaa бизнисoт синoвите негoви неспoсoбни и тoлку.Дoлжни се кo Грчкa нa Америкa се изгубијa.Не декa стaриoт нештo спoсoбен aмa шверцaше цигaри и aлкoхoл сo Брaнкo нa времетo
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.623
Поени од реакции
26.136
Православни биле бе лепрозен, што имиња сакаш да имаат, Решат ли? Селами ли?
Толку ли си очаен па ова ти личи на заебанција?
Православни??
Нема Грци на пример кои ги имаат овие имиња или копти или Ерменци или Асирци.... Не се Типични Христијански имиња(освен Јон што е Македонска интерпретација од Јован и што е библиско име). Типични Православни имиња без словенски екстракт а што се користеле тука биле, Козмо, Дамјан, Филип, Тома, Матеј, Самоил, Арон, Давид, Илија, Аврам.....

Станиша, Репош и Костандин, Мара, Јелена, Анѓелина, Влајка и Мамица, Воисава и Ѓорѓи се типично словенски....

А и башка, во Албанија има Православни Албанци.... Пак ниеден не ги носи овие имиња....


Чисто ради пример:
Staniša (Serbian Cyrillic: Станиша) is a Serbian masculine given name, derived from Slavic root stan and suffix -iša. It was traditionally given as an apotropaic (protective) name, when children often died, or when many children were born. It has been used in Serbian society since the Middle Ages.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2016
Мислења
522
Поени од реакции
672
Словените не дошле отпосле, биле тука некаде 8 века под византиско владеење, па немате грчки зборови, дали тоа треба да значи дека после 15 век сте дошле?
Друг вид на владеење, други околности, не е јасно многу зошто нема повеќе грчки зборови во албанскиот, туку само неколку.
Сепак албанскиот има сличности со грчкиот јазик, дури линијата Јиречек се поклопува со линијата каде се поделуваат албанците тоски со геги, таа линија и во македонија ги дели албанците на тоски и геги, може да се најдат таму на југ и тоски албанци. На север се гегите кои останаа повеќето католици, значи под западно римско влијание, а на југ станаа православни под грчкото влијание, значи византиско, и може да се забележува дека кај тоските со време имаат повеќе грчки зборови, арванитите, надоле дури се веќе асимилирани. Таа верска поделба ги креираше диалектите (вреди да се спомне дека имаат разлика повеќе што има македонскиот со бугарскиот јазик), а знаеме кога се поделени царствата на запад и исток, некаде во 4 век.

Јазикот е главниот чинител за да се дефинира еден етникум, не зборуваме за нација, вероватно знаеш што е разлика.

ПС. Јиречек е линијата која го дели балканот на грчкото и латинското влијание.
Земи напиј се од лекарствата, не се заебавај озбилна ти е дијагнозата.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Па ова е објективно гледање на работите, напишаното е реалноста. Единствена промена која се случи изминатава година беше промената на власта, од тогаш работите немаат мрднато од мртва точка, акцент ставам на внатрешната политика. Заев промовираше некакви акциски планови 3-6-9 меѓутоа нивното спроведување беше само декларативно, суштински ништо не се чепна ни на економски план, ниту пак се направи некаков напор за да се спроведат препораките на Прибе.
Заев само почека да изминат тие 9 месеци, од кои што во најголем дел се занимаваше со популистички мерки, законот за јазици и преговорите за името. И кога изминаа тие девет месеци помпезно објави дека сите точки од планот 3-6-9 биле реализирани, а уствари ретко кој знаеше што во реалноста содржи тој план. Истото е и со планот наречен 18.

Извештајот од погоре е само доказ кон тврдењето дека оваа влада нема капацитет ниту кадар за да спроведе суштински промени. Дури и да отпочнеме преговори со ЕУ истите ќе бидат бавни и многу долги. Исто, ова е јасен сигнал дека унијата не е во кондиција и нема намера во скоро време да прима нови членки. Периодот до 2025 е наменет за Црна Гора и Србија, и тоа ако брзо ги затвораат поглавјата и двете најверојатно ќе влезат во пакет.

Оваа гарнитура нема потенцијал да води преговори со ЕУ и брзо да отвора и затвора поглавја. Сигурно до тогаш ќе влеземе во некоја нова политичка криза и нема шанси да го стигнеме рокот 2025, особено не ако добиеме датум в година. Тоа значи уште една година чекање за да почнеме преговори, веројатно 2020 што нема шанси да ги завршиме пред 2025. И да ги завршиме до тогаш, ќе следи уште една година додека добиеме официјален датум за членство.

Така да ќе треба да одиме во пакет со Албанија, што ги сведува шансите за влез на минимум. Тоа би значело во најдобар случај членство после 2030 година, или во буквален превод, никад!
Ако документот од погоре е реалност, тогаш повлекување од преговорите за името треба да биде императив за секој паметен политичар, а кај нас општо е познато оти нема такви. Така да по се изгледа ќе останеме со стапот в раце и со сменато име.
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
Али да немате гајле, сега конечно ќе ни тргне.... Алаѓозовски издејствува помош од небесните сили преку папата.... Готово, три аве марии и во ЕУ сме....

* Можам да замислам зајо каков бил на другите слики чим оваа ја одбрале..

Алаѓозовски: Папата рече дека ќе се моли за Македонија

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски по денешната посета на папата Франциск, на својот Фејсбук профил напиша: „Папата рече дека ќе се моли за Македонија и за иднината на целиот регион“.

Алаѓозовски беше дел од владината делегација што денеска оствари средба со Папата и со државниот секретар Пјетро Паролин, во Светата Столица во Рим.
+ едно евро за папата
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Абе гoтoв е тoј рикнa.Гo земaa бизнисoт синoвите негoви неспoсoбни и тoлку.Дoлжни се кo Грчкa нa Америкa се изгубијa.Не декa стaриoт нештo спoсoбен aмa шверцaше цигaри и aлкoхoл сo Брaнкo нa времетo
sakas da kazes deka imalo albanci sto kradele vo vremeto na tranzicijata?
NE E MOZNO
ete pogore puno ti objasni deka SITE albanci se ugneteni i represirani od kletata makedonska cizma.
kraj na diskusijata.
 

MSE

Член од
13 мај 2017
Мислења
261
Поени од реакции
332
На проценка за пазар од 2 милиона и 100 илјади, колку што официјално има жители Македонија. А реалната бројка е барем за 20% пониска. Вистинскиот потоп ќе се случи кога ќе се направи реален попис... А нема да се направи. Ни оваа влада нема да стави рака во оган и само ќе го префрли врелиот компир на идната што ќе дојде по неа. Ќе се попишат лица што 10 години наназад идат овде само за празници и покрај државјани се технички само туристи како жители за да се намали шокот што е можно повеќе.
Таквите повеќе трошат и повеќе придонесуваат во економијата отколку Трпе што зема минималец 200 евра;) ама е присутен во МК 365 дена.
Ќе дојде Шипо од Швицарска или Пеце од Австралија, ќе дигне куќа на 3 спрата да се знае кој е и што е во туѓина(градежни материјали, работници дневници) . Ќе направат свадби, крштевки, ќе се почаламат, ау = повеќе пари во економија од Трпе Минималец.[DOUBLEPOST=1527300323][/DOUBLEPOST]
Во МК никогаш неможе да се направии прецизен попис. Граѓаните имаат мотивација да се попишуваат бидејќи тоа е израз на нивното етничко потекло, права одредени од устав и класично мерење пениси. Така да има многу политика во попис и нереалности. Тешко е некогаш да се добие точен број на жители во МК.
Може да се направи попис само ако се спуштат рамковните права од 20 на 10% да можат да се уживаат.
Само така и Ромите ќе почнат да не дупат за некоја деценија:D НЕМА ПОПИС АКО НЕ СМЕ 10% :pos:
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
interesno e deka makfax, licniot portal na Zaev go objavi dokumentot.
izgleda prajmaat raja za oficijalnoto soopstenie deka resenie nema, ama sepak kje ispolnime nekoi raboti sto gi vetivme na grcite.
toa kje bide idealno.
em tepani,em ebani.[DOUBLEPOST=1527309613][/DOUBLEPOST]`Заев: Нема патриотизам на празен стомак`
vo prevod, povekje od pola mkd gragjani se siromasni i so prazen stomak zatoa ne se kvalifikuvaat da bidat patrioti.
samo onie so debeli vratovi i polni stomaci, gazdite.
ova e vodacot na socijaldemokratskata `levicarska` partija.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
И во Германија ќе ти најде преведувач, и во Швајцарија, и во Австрија, барем таму имам роднини, знам како е. Ќе ти најде албанец затоа што верувај или не секаде ги има, ама никогаш, никогаш како овде нема да ги избркат што не знаеле официален јазик на државата.
Како и да е, немам право да го барам тоа во Германија, затоа што сум отишол таму да работам, и ќе го прифаќам системот како што бил.
А овде, сакате независност, го подготвувате уставот, имате малцинство и викате кој ги ебе, нема да плаќаат данок овие, во ВСВ не убивале и таканатаму... Секако знаеме што била финтата, не им оставај економска можност за преживување, ќе си бегаат овие, и си бегаа, секое семејство, ама баш секое имаше понекој брат или татко надвор работејќи по 2-3 смени, мојот дедо е таков пример.
Таа стратегија за маргинализирање и дезинтегрирање на албанците ви се врати како бумеранг, необразовани, изманипулирани со религија (и за ова имаше стратегија, за друга прилика нека е) наталитетот останаа до 21 век како да е средновековие. Па имаше синови и за војни, и за гурбет, и за криминал, и за правење деца.
Требаше уште во 91, ајде порано не сте виновни вие, да ги интегрирате албанците, ама што да правиш, многу слатка транзицијава, нејќевте да се дели.

Вие сте ги креирале албанците како што се, вие дозволувавте исламот да процуте кај албанците, вие ги глоривикувавте погрешните албанци, Али Ахмети во енциклопедијава стоеше како најпознат албанец во историја на Македонија, две страници што беа напишани за албанците беа за него и УЧК.
Што сакаш да биде напишано за убиец на Македонци само затоа што се Македонци. Ај бил водач на воена формација, а убиваше и цивили и ги малтретираше (како работниците на Маврово). И имаше ли потреба од тоа, реално? Во тоа време имавте две политички партии и никој ништо не ви бранеше преку нив да си ги артикулирате барањата, туку моравте да убивате.
За стратегии за ваше маргинализирање може само локалните оџи да ви кажуваат прикаски за да ве мотивираат да не мразите. Стратегија? Оваа територија нема стратегија за да биде држава, а не па вас да ве угнетува или да ви праи нешто лошо. Тоа ви е само беден изговор за агресивно однесување од деца од основно школо, па нагоре.
И збори сега за „манипулирање со религија“.... не друг пат. Ние ли ви ја дадовме или си е ваш избор? Во онаква држава каква што беше СФРЈ со ред и поредок, вие не ги пуштавте женските деца да одат во школо. Како инаку ќе убедиш жена да роди 15 деца....е тоа е стратегија, дечко. А кога ќе ги родиш 15 - ти треба да мислиш од што ќе ги храниш, а не државата да ти биде крива шо не знаеш да свршиш надвор (или не сакаш....или мислиш на оџата додека ја работиш жена ти) - е тоа е вашиот ментален склоп. Ти пишав и претходно дека транзицијата беше хаос за сите. Вие не се соживувавте со нас, туку ни се ситевте. Зошто на вас стратегијата не ви беше „дај со жена ми да имаме 2-3 деца и да живееме меѓу овие луѓе, сигурно ќе не прифатат“. Во СФРЈ главно мото беше „Братство-единство“, па било каков облик на национализам или малтретирање би бил санкциониран. И за воља на вистината, има такви семејства во Скопје, ама се на прсти да ги броиш - све другото не мрзи нас Македонците од прв до последен.

За преведувачите сам си се помоча сега....„државата ти наоѓа преведувач“. Вие не го барате овде тоа. Вие барате целиот процес да се води на ш иптарски - тоа го нема нигде на планетава бе. Која Швајцарија, која Германија....и каде имаме ние стандард да ги оптеретуваме овие судски бескрајно долги процеси со вашите хирови. Си се прашал да не е подобро да си го знаете официјалниот јазик на државата прво, па после вакви „швајцарски финеси“ да додаваме у општествово. А и меѓу другото, ова ви е и изговор и привилегија што ќе ја користат маса криминалци што претежно доаѓаат од вашиот „мирољубив“ народ, познат и во светски рамки по трговија со све и свашта.
Ти реков и претходно - со вакво арогантно однесување одите на нерви и кај луѓе што презираат национализам и од македонска страна. Сериозно ми го загрозуваш и мирот и опстојувањето и економската состојба со ова аздисување.
 
S

silmarillion

Гостин
Na site im jasno deka ne e samo do imeto, rabotata e vo toa sto ako se smenil imeto togas ovie od EU ke zamizat I ke recat deka reformite bile sprovedeni I sve e vo red, isto kako sto zamizaa za bugarive, kako sto spomna I sam.
Извини, до пред 2-3 години муабетот општо прифатен меѓу народот беше дека уште името било пречка. Тоа го збореше Грујо тоа го потврдуваа неговите гласачи. Истите тие гласачи кои сега викаат “нормално, не е само името”. Така да, мааааалце хипокризијата на двојка ако може да се намали да не биде истече лончето претече млекото.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom