И во Германија ќе ти најде преведувач, и во Швајцарија, и во Австрија, барем таму имам роднини, знам како е. Ќе ти најде албанец затоа што верувај или не секаде ги има, ама никогаш, никогаш како овде нема да ги избркат што не знаеле официален јазик на државата.
Како и да е, немам право да го барам тоа во Германија, затоа што сум отишол таму да работам, и ќе го прифаќам системот како што бил.
А овде, сакате независност, го подготвувате уставот, имате малцинство и викате кој ги ебе, нема да плаќаат данок овие, во ВСВ не убивале и таканатаму... Секако знаеме што била финтата, не им оставај економска можност за преживување, ќе си бегаат овие, и си бегаа, секое семејство, ама баш секое имаше понекој брат или татко надвор работејќи по 2-3 смени, мојот дедо е таков пример.
Таа стратегија за маргинализирање и дезинтегрирање на албанците ви се врати како бумеранг, необразовани, изманипулирани со религија (и за ова имаше стратегија, за друга прилика нека е) наталитетот останаа до 21 век како да е средновековие. Па имаше синови и за војни, и за гурбет, и за криминал, и за правење деца.
Требаше уште во 91, ајде порано не сте виновни вие, да ги интегрирате албанците, ама што да правиш, многу слатка транзицијава, нејќевте да се дели.
Вие сте ги креирале албанците како што се, вие дозволувавте исламот да процуте кај албанците, вие ги глоривикувавте погрешните албанци, Али Ахмети во енциклопедијава стоеше како најпознат албанец во историја на Македонија, две страници што беа напишани за албанците беа за него и УЧК.