Јасно тоа, но реално да си правиме муабет тешко дека ќе успеат да се наметнат како сериозна опција која во догледна иднина би се позиционирала на власт. Влажни соништа се тоа, па ако сака и сите крила во партијата нека ги исечат.
Но, ако ништо друго, барем не се партија составена од рециклирани политичари и разни павлевци, титовци, кекеновци и слични испрдоци од СДСМ и ВМРО. Колку-толку внесуваат некоја свежина, иако се само политички декор на нашава трула политичка сцена.
И дај боже никогаш да не дојдат на власт.
Од некаде треба да се почне, само шо не се развиваат во посакувана насока работите. Некој се обидува да го направи Апасиев македонскиот Иван Пернар, сеа е очигледно. Проблем е шо тој настапува во име на Левица.
Ете сега со оваа кривичната против Заев се пика каде не го бери, ако веќе одиме по таа логика, бомбите се прифатени како материјални докази, па врз основа на истите може да поднесе пријави и врз други лица кои ги извршиле истите дејанија со кои го товари Заев, ако веќе тврди дека настапува принципелно и објективно тоа треба да му биде следен чекор.
Во спротивно на сево ова шо го прави слободно може да се стави во понаков контекст од оној во кој сака да се претстави Апасиев.
Никој не рече дека ќе формираат Влада, посебно во наши услови тоа е невозможно засега трета опција така силно да се наметне, поентата да се покаже на народот дека има потенцијал земјава само некој се труди да не исплива на површина.
Реално Апасиев и Савески во секој поглед се поарни од две третини од сите пратенички состави до сега вклучително сегашниот.
самиот поим Илинден е капитулација, организирана од блгарски и грчки шпиуни... впрочем уште од укинување на Охридската црква почнува капитулантството пред грчката и блгарската дипломатија... наместо да се збират пари за дрвени топчиња и пушки требало да се потплатат локалните османлиски субаши и да се протурка идеа за конфедерален статус на Македонија во склоп на Османлиската империја..
Па и Србија главните успеси ги постигна со цврста дипломатија ( Миош Обреновиќ), Караѓорге беше само неефикасен патриот
Ете на бугаристаниците после толку време пропагандата, пењавењето им се исплати. Османлиите во својот залез имаа интерес Румелија да добие некој повисок статус со шо ќе се продолжи нивното влијание, меѓутоа на комшиите не им одговараше затоа шо тоа значеше развој на нешто независен државен апарат, сепак како вазал би се развивале независно од тогашата а богами и сегашна пропагнда и тоа под закрила на турците.
Него за црквата, ете сеа планот БПЦ да стане мајка на МПЦ ОА директно го спречил некој руски великодостоеник, неодамна одликуван во Србија како нивни добар пријател. Ептен братски потег.