Политичката партија Левица го осудува недостоинственото однесување на актуелниот премиер Зоран Заев и полтронскиот однос на владејачката коалиција предводена од СДСМ со прифаќање на името „Република Илинденска Македонија“ за севкупна употреба.
Левица се залага за итен и безусловен прекин на преговорите за името и отпочнување на меѓународно-правна процедура, преку Генералното собрание на Обединетите нации, за полноправно членство на Македонија под нејзиното уставно име.
Во нашата историја познати се многу дипломатски гафови: намигнување, признавање на држава која не постои, врачување на акредитиви на претседател што цел свет го бојкотира – но, неодамнешниот, со предлог-придавката „Илинденска“ е меѓу подобрите гафови што долго ќе се паметат и прераскажуваат.
Наместо решавање на критичните проблеми – сиромаштијата, здравството, образованието и судството – јавното мислење, преку аматерски и избрзани изјави на нашите самонаречени лидери, се штима да прифати губитнички позиции за името на Републиката.
Левица е за постигнување на сериозен билатерален inter partes договор со Грција, врз основа на почитување на правото на самоопределување!
Во случај на иден референдум на државно ниво, Левица ќе ја предводи кампањата против промена на името.
Президиум на ЛЕВИЦА
С к о п ј е
20.V.2018
Едини нормални во оваа наша напатена држава?
BTW:
Офтопик,
Додека работничката класа зема плата 50%-100% помала од администрација, до тогаш оваа наша држава нема да ја биде. Имаме ресурси буквално за да станиме најмоќна држава на балканов, со исклучок на нашиот јужен сосед (кој ја има најдобрата местоположба со излезот на Егејско море) но доколку се изигра паметна игра и тие играат на нашата свирка тогаш нема да има зима за нас. Но кај нас се игра партиски, затоа не можеме да влезиме во ЕУ, кога продукстивноста би се зголемила би се зголемило се не може административец на кој продуктивноста му е 5% за разлика на онај кој работи да зема 600 евра а овај другиов 200-300 евра... да се заменат улогите, каде администрацијата зема 300 евра плата а работникот 600 евра многу работи ќе се сменат, ама тоа е македончето...
Многу работи треба за во ЕУ и НАТО, ако тие сакаат никој не ги прашува ни јужниве ни никој...