Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.411
- Поени од реакции
- 7.871
Гледам и Геровски и Ордановски синхронизирано со хвалоспеви и честитки до непознатиот генијалец што го смислил ова име што поише личи на име на манифестација или кампања некаква. Вчера муабетов беше примен со смеење, денес веќе озбилно се размислува и дискутира и тука веќе ти е јасно дека толку и сме заслужиле и реално, може и петковденска македонија да не крстат и малце да ни биде.
Фората со имево била да се прецвика секаква наша врска со било кој период пред Илинден, а во исто време секој што е против, автоматски да е против Илинден... т.е да го обвинува дека е против Илинден некој што му се серело од патриотизам и национализам пред Заев вака умешно да ги матира Грците.
Иначе именцево го поздравиле и Каракачанов и Захариева, која нормално, како секој добронамерен блгарски партњор, нагласила дека -“ Тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја, ’’.
Мислев прво дека повраќаницава е нафрлена за во поблиска иднина Република Нова/Северна/Горна Македонија да ни изгледа се поприфатливо, меѓутоа изглеа овие си фураат со агендата. А и ова Илинденска не делува баш како одржливо решение туку како увертира за нешто, посебно откако ептен се зближивме со нашите си брашта и освободители. Згора другарот Ципрас вели:
Настрана тоа шо сега секој еден кој би се спротивставувал на кованицава ќе биде стигматизиран како некој кој е против Илинденско востание, АСНОМ, мултиетничноста итн.– Оттука, дискусијата за било какво име е празна содржина, ако прво не се исполнат двата основни предуслови, што ги има поставено владата, следејќи ја националната линија од почетокот на преговорите за името. Односно дека:
1.Ерга омнес со уставна ревизија е неопходен предуслов за да постои договор.
2. Спроведувањето на уставната ревизија е неопходен предуслов за интеграција во меѓународните организации (ЕУ-НАТО), соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.
Многу ми е криво шо некои ликови кои лично ги презирам, испадна дека се потполно во право за се она шо говореле.