Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Зар не е официјален став на БГ да ја блокира најкористената географска одредница во светов, Северна? Ако не е пречка, зошто се измислува топла вода, тогаш?
Не, не е став на БГ.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ако тоа ти е проблемот, можеме да им предложиме да додадат во договорот клаузула во која ќе стои дека граѓаните на Република Илинденска нема да објаснуваат на трети лица што значи Илинденска.
Илинденска бб[DOUBLEPOST=1526655530][/DOUBLEPOST]
Не само тоа, туку треба да регулираме и многу работи во внатрешноста на земјата.
Имаме околу 300-400 илјади паразити (административци/пензионери) , будали се ЕУ да одвојуваат толку пари за паразити.
Ама да напоменам, тоа е само мачја кашлица во споредба со другите услови што не ги исполнуваме.
Ај пензионерите ќе ги стреламе, ама со административците што ќе правиме?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Пак русите криви:pos: што сдсм и заев ке останат со празни раце
Кога се Русите во прашање, дозволено е да се криви.... Ама ако се збори за САД, ЕУ, НАТО, МАТО, Албанците.... Чувај боже, тогаш ние сме криви што сме неспособни....
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.930
Поени од реакции
40.978
Како сакаме да бидеме држава кога сите погубни политики и потези кои воделе кон уништување на оваа држава се направени од сдс. Од самата независност до ден денес најлошите политики ги води оваа партија. Приватизацијата, името, знамето, еден куп закони донесени во нивна корист од 94-98 без опозиција, територијална поделба, и сега ова денес што се случува влијаело да ние полека си ја губиме државата и контролата над неа. Кој ги измисли комунистите све да му ебам.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Да не се сфатиме погрешно, никој не заговара геноциди, етнички чистења и што ти јас знам. Примерот не ми беше во тој правец, туку ги земав евреите како пример за народ кој што си ги штити националните интереси. Во методите не навлагам, не ми се од интерес случувањата таму, впрочем не се ни тема на дискусија.

Јас немам толку проблем со албанците колку што тие имаат со мене. Зборам во прво лице како репрезент на македонската етничка заедница, која патем е мнозинство и е државотворен народ, факт! Тој еден единствен пример на меѓусебна соработка кој што ти го спомена, охридско-дебарското востание (кој што патем е дискутабилен) е занемарлив кога кон него ќе се придодадат злосторствата кон македонскиот народ извршени од страна на албанското малцинство. Балистите ти се типичен пример. За поновата историја сите сме запознаени.

Овде надолго и нашироко се разглобува македонско-албанското прашање со еден тон аргументи зошто соживотот со нив е невозможен. Еднаш му реплицирав на еден член по истово прашање, ќе се цитирам:


Е ова е главниот проблем за кој што зборувам. Дури и ти самиот ги изолира како пособен ентитет кога праша дали албанците ни се виновни за моменталните случувања. Што значи постои некаква поделба. Не зборуваме за граѓани албанци и македонци кои што заедно се засегнати од случувањата во државата, туку збориме за поделби по национална основа.



Тоа дека не не бидува и прашањето за македонскиот менталитет, зошто сме вакви и на ова дереџе, на форумов е разглобено илјадници пати. И тоа донекаде е добро, да си самокритичен. Но, јас до сега немам слушнато ниту еден албанец да зборува лошо за својот народ, менталитет, култура...
Ние можеби не сме сјајни како народ но според мене не е неосновано тврдењето дека Албанците со своите максималистички барања ја кочат државата во нејзиниот развој, ја чуваат во заложништво и го злоупотребуваат статусот на малцинство и правата кои што му произлегуваат од Охридскиот рамковен договор ги користат за уцени.

Како што реков погоре, тие се чувствуваат како граѓани на оваа држава по потреба, кога станува збор за нивниот личен интерес а не интересот и општото добро на сите граѓани, вклучително и нив. Тие не поддржуваат државнички одлуки.
Пример: Законот за јазици е банална тема која што го одвлекува вниманието од битните работи: економија, здравство, образование и.т.н. Ако се толку загрижени за соживотот и напредокот на државата нека се повлечат од ова барање. Повеќе од очигледно е дека законот ги продлабочува меѓуетничките тензии и уште повеќе го оневозможува соживотот помеѓу двете заедници.

Права имаат повеќе од доволно. Ако бараат еднаквост тогаш нека покажат државнички менталитет и нека го дадат својот придонес во сите сегменти на општественото живеење, а не само таму каде нив му одговара. Не можеме вечно да се занимаваме со нив. 2001 направивме договор за да нема вакви работи и државата да оди напред, а излезе спротивното.
Напишаново четиво е уште еден доказ дека 99% од човековото мислење се состои од стереотипи и предрасуди и тоа претежно наметнати од медиумите.
Иначе три солзи ми капнаа за маките и патењата на македонскиот народ. :place:
Кутрите ние, сите не мразат, а никој да ни помогне.
Поточно прав македонец би рекол џабе ни е државата што ја имаме која што не може детето да ми го вработи.

Гледам си добро запознат со албанците. Изгледа го бараташ нивниот јазик и живееш меѓу нив. Уствари ние за ВМРО или СДСМ секогаш ќе имаме расправии, ама за албанците под дифолт сите сме сложни дека не мразат, се племе и не плаќаат сметки. Ама па од друга страна не сме националисти, скраја да е, модерни сме, европјани.
Зар сеуште верувате во вакви глупости бе? Не се сомневам дека албанецот скроз истото би го напишал со сменети улоги за нас. Ама битно никој ни од нас ни од нив не им верува на мас медиумите. :rolleyes:
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.344
Поени од реакции
21.720
Ако има дестабилизација, сосема логично е дека Заев пробува да си го спаси газот и да ја дефокусира јавноста од бомб... од промена на името.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Напишаново четиво е уште еден доказ дека 99% од човековото мислење се состои од стереотипи и предрасуди и тоа претежно наметнати од медиумите.
Иначе три солзи ми капнаа за маките и патењата на македонскиот народ. :place:
Кутрите ние, сите не мразат, а никој да ни помогне.
Поточно прав македонец би рекол џабе ни е државата што ја имаме која што не може детето да ми го вработи.

Гледам си добро запознат со албанците. Изгледа го бараташ нивниот јазик и живееш меѓу нив. Уствари ние за ВМРО или СДСМ секогаш ќе имаме расправии, ама за албанците под дифолт сите сме сложни дека не мразат, се племе и не плаќаат сметки. Ама па од друга страна не сме националисти, скраја да е, модерни сме, европјани.
Зар сеуште верувате во вакви глупости бе? Не се сомневам дека албанецот скроз истото би го напишал со сменети улоги за нас. Ама битно никој ни од нас ни од нив не им верува на мас медиумите. :rolleyes:
А зошто тогаш Албанците вака се однесуваат кон државата.Не ми стоиш како оние што викаат како стварно ги немале сите права кој ги заслужуваат.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Не само тоа, туку треба да регулираме и многу работи во внатрешноста на земјата.
Имаме околу 300-400 илјади паразити (административци/пензионери) , будали се ЕУ да одвојуваат толку пари за паразити.
Ама да напоменам, тоа е само мачја кашлица во споредба со другите услови што не ги исполнуваме.
Пензионерите паразити???Ти осигуран си во ПИОМ или пензија нема да ти треба?
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
А зошто тогаш Албанците вака се однесуваат кон државата.Не ми стоиш како оние што викаат како стварно ги немале сите права кој ги заслужуваат.
Однесувањето им е по теркот на конститутивниот народ. Конститутивниот народ сам ја опљачка државата со својата неспособност за креирање на економска клима и вработувања на полноглавци во администрација, кои А не знаат да гукнат, не пак да водат постапки. Сега откако и по ново вториот конститутивен народ го прави тоа ние се правиме како тоа да е нешто ново.
Конститутивниот народ денес е антички, утре е словенски, а и на контото има 100.000+ бугарски пасоши. Види го ова надвор од призмата на просечен македонец и ќе ти стане јасно зашто никој не не шмиргла.
Го читам пак напишаново за однесувањето кон државата.
Зар оваа творба ти личи на држава?
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Однесувањето им е по теркот на конститутивниот народ. Конститутивниот народ сам ја опљачка државата со својата неспособност за креирање на клима и вработувања на полноглавци во администрација, кои А не знаат да гукнат, не пак да водат постапки. Сега откако и по ново вториот конститутивен народ го прави тоа ние се правиме како тоа да е нешто ново.
Конститутивниот народ денес е антички, утре е словенски, а и на контото има 100.000+ бугарски пасоши. Види го ова надвор од призмата на просечен македонец и ќе ти стане јасно зашто никој не не шмиргла.
Го читам пак напишаново за однесувањето кон државата.
Зар оваа творба ти личи на држава?
Се согласувам.Ова не е држава и ќе се распадне за три до четри години зошто со ваков народ тоа е неизбежно.
 
S

silmarillion

Гостин
Нека дркаат вмровци, големите патриоти, нивните шпиончиња се спасија со бугарски пасоши, албански имиња и амин од грчки суд.

Сега да видиме дома дали ќе одговараат оние кои ги пуштија да избегаат
Не постои вмровец што не би здиплил државен ќеш, се претстави како албанец, извади бугарски пасош и кидне за Грчка. НЕ ПОС ТО И!
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Барем милијарда да частат да на е џабе прекрстувањево. Да живнеме и ние малце на крштевкава од државичкава. Се шушка на Грција како добар кум 100 милијарди ќе и простеле.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.938
Поени од реакции
50.768
Гледам и Геровски и Ордановски синхронизирано со хвалоспеви и честитки до непознатиот генијалец што го смислил ова име што поише личи на име на манифестација или кампања некаква. Вчера муабетов беше примен со смеење, денес веќе озбилно се размислува и дискутира и тука веќе ти е јасно дека толку и сме заслужиле и реално, може и петковденска македонија да не крстат и малце да ни биде.

Фората со имево била да се прецвика секаква наша врска со било кој период пред Илинден, а во исто време секој што е против, автоматски да е против Илинден... т.е да го обвинува дека е против Илинден некој што му се серело од патриотизам и национализам пред Заев вака умешно да ги матира Грците.

Иначе именцево го поздравиле и Каракачанов и Захариева, која нормално, како секој добронамерен блгарски партњор, нагласила дека -“ Тие препознаваат оти имаме заедничка историја и заедничко минато, бидејќи ова е многу важен дел од бугарската историја и многу важен моментум за нивната историја, ’’.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom